10 совети за ниските чевли да изгледаат елегантно како и високите

За многу жени, животот е постојана борба со желбата нивните нозе да изгледаат добро без да се справуваат со болката од високите потпетици. За среќа, оној којшто рекол „убавината е болка“ не знаел како да ги комбинира рамните чевли. Постојат безброј комбинации со кои вашите рамни чевли ќе изгледаат елегантно колку и високите потпетици.

1. Комбинирајте ги со фустан до глуждови

(1)10-soveti-za-niskite-chevli-da-izgledaat-elegantno-kako-visokite-potpetici-kafepauza.mk

Во 2015 година Попи Делевињ покажа дека изгледот за црвениот тепих не мора да вклучува болни чевли. Делевињ го комбинирала нејзиниот елегантен розов фустан со балетанки со шпиц.

2. Одберете светкави чевли

(2)10-soveti-za-niskite-chevli-da-izgledaat-elegantno-kako-visokite-potpetici-kafepauza.mk

Ако мислите дека рамните чевли се премногу „обични“ за секојдневна употреба, пронајдете пар со светки. Оваа опција е одлична замена за чевлите со високи потпетици бидејќи се исто воочливи, женствени и класични.

3. Додајте боја

(3)10-soveti-za-niskite-chevli-da-izgledaat-elegantno-kako-visokite-potpetici-kafepauza.mk

Не мора секогаш да носите чевли со високи потпетици за да изгледате професионално. Одберете чевли во боја кои можат да изгледаат исто толку елегантно.

4. Носете затворени чевли со палто

(4)10-soveti-za-niskite-chevli-da-izgledaat-elegantno-kako-visokite-potpetici-kafepauza.mk

Овој „хибрид“ ги комбинира најдобрите елементи од сите чевли. Имаат шпиц како вашите омилени високи потпетици, удобни се како влечки и лесни се за облекување. Сите овие удобни елементи создаваат чевли кои се навистина елегантни.

5. Носете металик чевли со шпиц

(5)10-soveti-za-niskite-chevli-da-izgledaat-elegantno-kako-visokite-potpetici-kafepauza.mk

Не мора да бидете високи за да носите рамни чевли. Искористете ја идејата на Карли Клос: таа се осигурила нејзиниот фустан да биде долг до земјата и нејзините чевли да бидат не толку секојдневни одбирајќи сребрен пар со шпиц.

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар