10 совети за долга, густа и сјајна коса

Сите девојки и жени сакаат да имаат долга, мека и свиленкаста коса, но вистината е дека таа расте по само 1 сантиметар месечно. Сакате да го забрзате овој процес? Еве 10 совети кои ќе ви помогнат да го спречите пукањето на врвовите и да го забрзате растот.

1. Користете производи кои не содржат сулфати

Честото миење на косата може да ја исуши. Што помалку користите шампон, толку подолго косата ќе ви остане хидрирана и помалку ќе пука. Користете шампони кои не содржат сулфати бидејќи тие се помалку агресивни и одржуваат високо ниво на природна масленост на косата.

2. Стимулирајте ја кожата на главата

Кога ја масирате кожата на главата со шампон кој содржи масло од пеперминт или еукалиптус, ќе почувствувате благо пецкање. Со тоа ја подобрувате циркулацијата и протокот на крв во фоликулите на вашата коса, што резултира со побрз раст.

3. Користете балсам за коса

Кога вашата кожа е добро хидрирана, нема да дојде до сушење и пукање. Користете балсам во оние денови кога не користите шампон.

4. Правилно чешлање

Ако не сте внимателни, чешелот може да ви донесе повеќе штета отколку корист. Доколку грубо го провлекувате низ вашата заплеткана коса, краевите ќе испукаат. Користете крупен пластичен чешел.

5. Рамна коса

Ако сакате косата брзо да ви расте, намалете ѝ го волуменот во коренот. Косата треба да биде што поправа за да може да постигне побрз раст.

6. Екстензии

Ако користите екстензии за коса, ви препорачуваме да користите од оние со чешли. За да изгледате природно, изберете екстензии кои одговараат на текстурата на вашата коса.

7. Шишање

Наспроти широко распространетото мислење, шишањето не влијае на растот на косата. Третирајте ги краевите со тример ако сакате вистински резултати.

8. Третман со кератин

Одете на третман со кератин еднаш на 8 недели. Ќе си ја подобрите текстурата на косата и ќе ја намалите потребата за пеглање и употреба на фен. Покрај тоа, ќе имате заштитен слој кој ќе ви ја чува косата од можни оштетувања предизвикани од фарбањето.

9. Обрнете внимание на лековите кои ги користите

Дали сте знаеле дека контрацептивните пилули ја ретчат косата. Секоја хормонална промена влијае на губење коса.

10. Косата и стресот

Стресот ослободува кортизол и други хормони кои влијаат на изретчувањето на косата. Добра вест е дека можете да го свртите процесот во спротивната насока со примена на масажи за стимулација на кожата.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар