10 совети кои ќе ви помогнат да се смирите со партнерот по големата караница

Несогласувањата честопати водат кон конфликти помеѓу паровите. Постои ли некој начин за да не постојат расправии во врските? Најверојатно не. Сите парови понекогаш се расправат, но затоа ние ви даваме 10 совети како полесно да се смирите по големите караници…

1-10-soveti-koi-kje-vi-pomognat-da-se-prostite-posle-karanicata-so-partnerot-www.kafepauza.mk_

1. Избројте до 10

Сериозно, ова помага! Кога ќе слушните нешто што не ви се допаѓа или не се сложувате со тоа, длабоко издишете и избројте до 10. Сигурно не сакате да го повредите партнерот во моментот на слабост и непромисленост.

2. Договорете се за „стоп“ сигнал

Кога несогласувањето со партнерот се приближува кон врвот, многу е важно да ја сопрете караницата со помош на таен сигнал за кој сте се договориле. На пример, тоа може да биде гест или смешен збор. Замислете дека со тој збор ќе ја сопрете караницата, односно, му праќате на вашиот партнер порака дека сте доста близу до преминување на прагот за трпение.

3. Немојте да се обидувате да победите

Тоа не е она што навистина го сакате, зарем не? Не мора секогаш да бидете во право. Во караницата со саканата личност не постои право и грешно, бидејќи и двајцата имате свои аргументи. Дури и да се чувствувате силно за нешто во текот на караницата, подобро е да бидете во мир отколку во право. Испробајте, ќе ја забележите разликата.

4. Некои работи едноставно не се вредни за расправање

Сосема е нормално луѓето да имаат различни мислења, особено кога мораме да се навикнеме на туѓ начин на живот. Но, постојат проблеми околу кои не вреди да се расправате, а долгорочно ќе предизвикате само стрес и незадоволство. Мудро изберете кои предизвици се вредни за вашето време, а кои не се.

2-10-soveti-koi-kje-vi-pomognat-da-se-prostite-posle-karanicata-so-partnerot-www.kafepauza.mk_

5. Подарете прегратка

Кога постои недоразбирање или несогласување, последната работа што ќе сакате да ја направите е да имате физички контакт со личноста која стои пред вас. Меѓутоа, телесниот контакт ве потсетува колку вие ја сакате таа личност и дека сакате да бидете заедно. Не плашете се да побарате прегратка, но бидете и великодушни и поклонете прегратка. Тоа може да ви помогне и на двајцата да ја избегнете поголемата караница. Во љубовта е спасот!

6. Направете нешто што е невозможно

Да бидеме реални, сите ние имаме тенденција да го интерпретираме сето она што нашите партнери го направиле или рекле во однос на нивното минато и да бидеме искрени, честопати со негативна конотација. Ако тој не ги измие садовите, тоа е затоа што тој никогаш не ви помогнал во кујната. Ако таа заборави некоја посебна пригода, тоа е затоа што не ѝ е грижа за вашиот однос. Но, можете да ја направите „невозможната“ работа – обидете се да разберете зошто тој/таа се чувствува така и обидете се да ја превртите работата. Тоа ќе ја промени целата природа на вашата интеракција.

7. Во ред е да отидете во кревет лути

И покрај тоа што мислиме, експертите тврдат дека не е потребно да се обидете да се смирите баш тој ден кога сте имале караница. Искористете време за себе. Обидете се добро да се одморите, медитирајте, читајте книги и обидете се да се разбудите рано наредниот ден. Не грижете се, ништо лошо нема да му се случи на вашиот однос во текот на ноќта.

3-10-soveti-koi-kje-vi-pomognat-da-se-prostite-posle-karanicata-so-partnerot-www.kafepauza.mk_

8. Внесете малку хумор

Измислете некоја шега, кажете нешто смешно за да се насмеете и двајцата. Тоа е одличен начин за да се скрши напнатоста. Не обидувајте се да бидете иронични или безмилосни со партнерот – само еден невин гест или смешен збор и тоа како може да помогнат.

9. Станете свесни за неговата положба

Секогаш се потребни две личности и барем едно различно мислење за да дојде до караница. Во моментот кога броите од 1 до 10, обидете се да размислите што точно ви смета или лути, а предизвикува непријатност. Не плашете се да преземете одговорност!

10. Обезбедете доза на уживање

Самата околина околу вас и вашиот партнер, има свое влијание и на вашиот однос. Негативната атмосфера може лесно да се претвори во несогласување и доаѓање до караница. Доколку сте гладни, а местото на кое се наоѓате е преполно со бучни луѓе, нема да можете мирно да разговарате и тоа може да ја зголеми напнатоста. Обидете се да се сетите на дозата на уживање која може да ви користи на двајцата, на пример вкусен пијалак. Така и двајцата ќе сфатите дека не е време за караница, туку за вечера и опуштање.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар