10 совети кои ќе ви помогнат да бидете посреќни на вашето работно место

10 совети кои ќе ви помогнат да бидете посреќни на вашето работно место

Постигнувањето професионално задоволство е точка која, од чудни причини, тешко ја достигнуваме. Честопати гледаме во ѕидот и секојдневно размислуваме за истите работи, како на пример, „Само кога би имал/а подобра позиција/плата/шеф, повеќе би уживал/а во оваа работа…“

Но, спремите се за револуционерно откритие: кога станува збор за работата – вие сте шефот!

„Постојат толку многу работи со чија помош луѓето можат да создадат пријатни моменти во својот ден“ , вели Керолин Веб, поранешна консултантка во McKinsey & Company. „Иако е невозможно исклучително непријатната работа да ја претворите во прекрасна, сепак можете да научите да функционирате во внатрешно дадените рамки за да го направите вашето работно место подобро.“

2-10-soveti-koi-kje-vi-pomognat-da-bidete-posrekjni-na-vasheto-rabotno-mesto-www.kafepauza.mk_

1. Бидете среќни пред работата

Одредете ги вашите цели:

Размислете за денот кој е пред вас и запрашајте се: Која е мојата цел? Кој е мојот став? „Ако си признаете на себе дека сте нерасположени и уморни, тогаш ќе знаете како тоа може да влијае на вас и ќе се потсетите на работите кои се навистина важни.“ , вели Веб.

Епилог:

Работата честопати е напорна, но обидете се да го цените она што таа го претставува. Останете позитивни и обидете се да ги запишувате вашите цели на ливчиња. И одржете ги ветувањата кои сте ги дале на свежата, одморена верзија од себе, во текот на појадокот, па дури и кога ќе се најдете очи в очи со нервозниот клиент или доколку се случи колегата покрај вас да крене паника без најава.

Одредете го својот врв на денот:

Откријте што е тоа за кое најмногу се радувате во текот на денот кој е пред вас, па дури и да се работи за некоја ситница. „Малите работи стануваат поголеми кога размислувате за нив“, анализира Веб.

Епилог:

Вашиот повод за радост е пијалак со пријателите, одење на концерт или некое вкусно јадење за ручек? Луѓето ги мотивира работниот ден во кој ја исчекуваат светлата точка. Започнувањето на вакви мали пракси ќе го направат вашиот ден подобар, а вас попозитивни.

1-10-soveti-koi-kje-vi-pomognat-da-bidete-posrekjni-na-vasheto-rabotno-mesto-www.kafepauza.mk_

2. Бидете среќни на почетокот на денот

Замислете ја најдобрата верзија од себе:

Визуализирајте ја вашата најважна задача за тој ден – состанок, проект на кој му истекува рокот – и замислете се како триумфирате во таа работа. Обрнете внимание на работите кои ги зборувате и правите, со чија помош стигнувате до успехот.

Епилог:

Кога ќе бидете нервозни, замислувањето на позитивен исход и доброто расположение секогаш ќе ви помогнат да ја постигнете посакуваната цел, без обѕир на тремата и тешките обврски.

Обезбедете си време за размислување:

Студиите откриваат дека дури и најмалата вознемиреност ја отежнува позитивната концентрација. Издвојте време во кое никој нема да ви смета додека работите на вашата најсложена задача. Групирајте ги сличните активности – еден час за телефонски повици, еден час за пресметување на трошоците – и важно е да ја завршите секоја точка до крај пред да започнете со наредната.

Епилог:

Честопати ја немаме потребната контрола над нашиот распоред, што ја отежнува оваа задача. Доколку имате малку маневарски простор, фокусирајте се на намалување на вознемирувањето. Симнете ја екстензијата „StayFocused“ за Гугл Хром, која ќе ви помогне да го ограничите времето кое го минувате на сајтовите како што е Фејсбук, потоа исклучете го мобилниот телефон или пак навијте го алармот за 15 минути. Максимален фокус додека не истече времето.

3-10-soveti-koi-kje-vi-pomognat-da-bidete-posrekjni-na-vasheto-rabotno-mesto-www.kafepauza.mk_

3. Бидете среќни во текот на денот

Покажете благодарност:

Дајте ѝ некој комплимент на вашата колешка или заблагодарете се некому и кажете ѝ на таа личност зошто ви се допаѓа тоа што го пофалувате, за да го памти долго. Обрнете внимание на ефектот кој го има таа интеракција врз вас и на неа или него. „Доколку ви се укаже прилика за да му го разубавите денот на некого, тоа ќе ве потсети дека имате моќ да промените нешто“, потсетува Веб. Тоа го поттикнува вашето лично чувство на благосостојба.

Епилог:

За некои жени незадолжителното давање на комплименти е малку чудно. Доколку пофалбите не се вообичаена на вашето работна место, Веб предлага дека наместо тоа да се обидете да ги направите помалите меѓучовечки интеракции пријатни. Отстапете го вашето место некому, или пак дозволете му на работникот во следната лента да се престрои. „Кога ќе купувате кафе кажете ‘Вие секогаш сте толку многу љубезни’“, предложува таа. „Дури и за нијанса поголема љубезност од онаа која се подразбира ќе има позитивно влијание.“

Избегнувајте ги караниците на работното место:

Ништо не може да ви го расипе денот како непријатната интеракција на работното место. Доколку ви се случи да се најдете во некоја непријатна ситуација со некого, помислите: „Добра личност, лоша околност“. Доколку некој се однесува непримерно, можеби му се случило нешто што го исфрлило од рамнотежа. Обидете се да покажете дека сте свесни за фрустрацијата на таа личност, за да ѝ помогнете да се ослободи од дефанзивниот став и понудете ѝ помош.

Епилог:

Ова беше тешко, зарем не? Се потсетувате себеси дека треба да дишете длабоко и со насмевка да им одговарате на клиентите, дури и кога вашите нерви се прилично затегнати. Но, најверојатно сте дошле до заклучокот: „Фантастично! Што сè сум постигнал/а на овој начин!“

5-10-soveti-koi-kje-vi-pomognat-da-bidete-posrekjni-na-vasheto-rabotno-mesto-www.kafepauza.mk_

Одглумите добро расположение:

Насмевката е новата моќна поза: Истражувањата покажуваат дека со забавеното дишење и насмевнувајќи се можеме да го излажеме нашиот мозок, кој покрај ова станува многу подобро расположен… Колку глупаво и да звучи.

Епилог:

Очигледно делува, за возврат добивате среќа. Сега помалку ќе доаѓате дома вознемирени или уморни. Ќе се чувствувате подобро.

Именувајте ги своите фрустрации:

Едноставното запишување на проблемите може да ви помогне во нивното надминување. Кога ќе се почувствувате изнервирано или вознемирено, запишете ги фактите на лист хартија (но не како, „Таа ме игнорира“, туку „Вчера ѝ пратив имејл, а таа сè уште не ми одговорила“) и како се чувствувате во врска со тоа. Во тој момент, или подоцна, ќе прочитате што сте запишале и ќе донесете одлука како „Најдобрата верзија од вас“ би реагирала во таа ситуација.

Епилог:

Запишувањето на фрустрациите во почетокот ќе ви делува смешно, но се потврдило како изненадувачки ефикасно. Вашите грижи повеќе не делуваат така непромислено, а на оние кои им се чинело дека се премногу ниско на скалата за да се пожалат на своите колеги, овој вид на олеснување им обезбедил безбеден вентил.

4-10-soveti-koi-kje-vi-pomognat-da-bidete-posrekjni-na-vasheto-rabotno-mesto-www.kafepauza.mk_

4. Бидете среќни на крајот од денот

Изразете благодарност:

Означете три работи кои ви се случиле во текот на денот (вбројувајќи ги и ситниците) за кои сте благодарни. Запишете ги, кажете му ги на вашиот партнер или размислувајте за нив додека лежите во креветот.

Епилог:

Овој вид „благодарност“ може да ви претставува голем предизвик. Затоа на вас, дополнително ви предлагаме една игра, за ситуациите кога негативните мисли ќе се обидат да ви се прикрадат: пронајдете три работи на патот кон домот кои ви измамиле насмевка на лицето.

Во текот на ноќта наполнете ги батериите:

Работата после четири или пет часа сон е исто како да сте дошле на работно место пијани, откриваат истражувањата. Избегнете го гледањето во екран пред спиење, бидејќи тоа го отежнува обидот да потонете во сон. Доколку користите телефон како аларм, ставете го кај вратот, со лицето свртено кон доле.

Епилог:

Ова борба е сериозна. Под слоганот „Не бев во состојба“, кој се однесува на одвојувањето од телефонот/аларм, сте лежеле будни, бидејќи не сте успеале да заспиете без вашето читање. А потоа, препуштете се на некоја релаксирачка активност 15 минути пред одењето на спиење. Навистина ќе се разбудите посмирени и фокусирани… Токму на време за да ја изберете идеалната дневна комбинација за денот кој е пред вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар