10 совети кои ќе го направат вашиот моден стил подобар и поурбан!

Автор: Сара Турановиќ

Сакате да имате подобар и поурбан стилски живот? Имаме неколку предлози за вас! Следниот пат кога нема да имате што да правите, наместо да шпионирате некого на Фејсбук или пак да гледате слики на Инстаграм, направете нешто што ќе биде многу попродуктивно за вас.

10-soveti-koi-kje-go-napravat-vashiot-zhivoten-stil-podobar-i-pourban-kafepauza.mk copy

Разгледајте ги овие 10 совети кои ќе го направат вашиот животен стил поинтересен и поквалитетен.

1. Пратете ѝ порака на вашата другарка која обожава облека и закажете ѝ шопинг. По можност, посетете некои винтиџ бутици.

2. Соберете ја сета облека која треба да ја однесете на кројач. Спакувајте ја во ултрамодерна торба и закачете ја во ходникот. Ќе добиете модерен украс во вашиот дом, но и потсетник дека треба да посетите кројач во најкраток можен рок.

3. Освежете ги вашите патики со чипка во дречлива боја. Ќе добиете атрактивен модел со кој сите погледи ќе бидат свртени кон вас.

4. Направете листа со работи кои би сакале да ги купите. Водете сметка тие да го следат вашиот стил.

5. Шетајте низ дома со штикли. Со ова ќе го направите вашиот од посекси и посамоуверен.

6. Запишувајте колку пари трошите секој месец на облека. Ќе добиете добар увид во вашиот буџет кој ви е потребен.

7. Следете ги интернационалните изданија на модните магазини. Бидете во чекор со трендовите!

8. Чистете го својот накит. Редовно.

9. Планирајте ги своите комбинации однапред. Ова ќе ви го подобри утрешниот старт на денот и ќе ви ја намали нервозата.

10. Луди сте за мода? Пробајте да нацртате некој модел. Никогаш не знаете. Можеби сте талентирани за дизајн. Можно е!

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар