10 совети како подобро да си го организирате животот

Нема ништо лошо доколку имате малку хаос во вашето секојдневие.

10 совети како подобро да си го организирате животот

Како што Алберт Ајнштајн еднаш рекол:

„Има три правила за секоја работа: Во нередот пронајдете едноставност, во раздорот пронајдете хармонија, на средината на секоја тешкотија лежи можност.“

Неочекуваните предизвици се тие кои не прават посилни, па затоа не треба да ги избегнуваме.

Секогаш имајте ги на ум следниве совети, кои ќе ви помогнат или ќе ве вратат на вистинскиот пат.

1. Психички припремете се за промени, замислувајќи се себеси како изгледате идеално

На кого најмногу му се восхитувате? Каква ви е замислата за себеси во иднина? Какви сакате да бидете? Визуелизирајте се и целете кон таа замисла.

2. Сфатете дека неочекуваните работи во животот можат да бидат убаво нешто

Далај Лама еднаш рекол:

„Запаметете дека, недобивањето на нешто што го посакувате понекогаш е прекрасен удар на среќа.“

3. Намалете со алкохолот, цигарите и другите пороци

Во здраво тело, здрав дух. Ќе се чувствувате подобро и поудобно во своето тело, а зачуваните пари ќе можете да ги инвестирате во нешто што одамна го посакувате.

2-10-soveti-kako-da-si-go-organizirate-zhivotot-kafepauza

4. Оттргнете ги сите негативности од вашиот живот

Доколку имате пријатели кои навистина знаат како да ви го расипат расположението или пак работите работа која навистина не ве исполнува и ве прави нервозни, тогаш навистина е време за промена.

5. Пазарењето правете го наеднаш, во денот од неделата кој сметате дека е најпогоден

Направете листа, одредете го буџетот и изберете го денот. Сето ова преточете го во навика, која редовно ќе ја спроведувате.

10 совети како да си го организирате животот

6. Започнувајте го денот со шолја утринско кафе и правете листа на обврски за текот на денот

Планирањето на денот, навистина може да ви ја олесни контролата над времето.

7. Секој ден одвојувајте време кое ќе го посветите на самите себе

Поминувајќи дел од денот во тишина, ќе му даде можност на вашиот ум да се одмори и да воспостави ред на нештата.

3-10-soveti-kako-da-si-go-organizirate-zhivotot-kafepauza

8. Учете од грешките во минатото

Секој во животот прави грешки. Сепак, од нив треба да го извлечеме најдоброто, бидејќи од нив можат да излезат многу добри и поучни работи.

9. Не ги избегнувајте тешките разговори

Справувајте се со проблемите директно и не дозволувајте да пројде подолг период. Ваквиот метод со сигурност ќе ги намали напнатоста и грижата на сите инволвирани.

10. Договарајте средби со професионален советник околу проблемите на кои наидувате

Многу луѓе се борат со проблемите кои ги потиснуваат и секаде со себе носат непотребен багаж полн со негативни емоции. Професионалниот советник ќе ви помогне правилно и јасно да ги надминете проблемите и ќе ве упати кон правиот пат.

10 совети како подобро да си го организирате животот #1

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар