10 сјајни начини за употреба на балсамот за усни

Можеби не е најгламурозниот козметички производ, но е најупотребуваниот, особено во овие ветровити денови кога на усните им е потребна дополнителна заштита. Но балсамот можете да го користете и за многу други работи. Ви ги преставуваме овие 10 генијални идеи.

1-10-sjajni-nachini-za-upotreba-na-balsamot-za-usni-kafepauza.mk

1. Нанесете балсам на заноктиците, препорачливо е тоа да биде навечер пред спиење. Кожата околу ноктите ќе биде нежна и мека кога ќе се разбудите.

2. Ставете малку балсам на чепкалка за уши за да го исчистите остатокот од шминката. Не е препорачлив оној од мента!

3. Ја заборавивте кремата за раце? Нанесете балсам на сувите делови на кожата и протријте.

4. Излечете ги испуканите врвови на прстите во текот на зимата. Секојпат кога ќе нанесете балсам на усните ставете и подебел слој на испуканите делови на кожата.

2-10-sjajni-nachini-za-upotreba-na-balsamot-za-usni-kafepauza.mk

5. Освежете го тенот во текот на денот нанесувајќи балсам на челото и јаболчниците.

6. Натапкајте малку балсам околу очите за да ги ублажите ситните брчки и да ја хидрирате кожата одоколу.

7. Балсамот за усни можете да го користите како четка за веѓи, за и најмалите влакненца да останат на своето место.

8. Измешајте малку балсам со сенка за очи. Вашата шминка ќе изгледа погламурозно.

3-10-sjajni-nachini-za-upotreba-na-balsamot-za-usni-kafepauza.mk

9. Измазнете ги малите влакненца на косата со помош на балсамот.

10. Кога сте настинати, нанесете малку балсам на ноздрите секој пат кога ќе го издувате носот. Со ова ќе ја заштитете кожата и ќе ги избегнете инфекциите.


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар