10 ситуации кои ја зголемуваат привлечноста на момците за 100%

Високата самодоверба може да предизвика секој маж да изгледа поатрактивно, без разлика на физичкиот изглед. Тоа е нешто што се гради постепено и со години. Но, врз привлечноста на мажите понекогаш делуваат и некои сосема „необјасниви“ нешта кои имаат моќ за една секунда да претворат симпатичен дечко во најпожелен фраер на планетата. Кој може да им одолее на овие непланирани движења?

10 ситуации кои ја зголемуваат привлечноста на момците за 100%

1. Кога тој ќе ги подвитка ракавите на кошулата до лакти. Постојат многу научни истражувања кои покажале дека на жените им се исклучително привлечни голите лакти на мажите.

2. Кога ќе ја опушти краватата по напорниот ден на работа. Токму тоа е и еден вид невербален знак кој жените го гледаат на ист начин и како целосното соблекување на мажот.

3. Кога ќе облече одело. Особено ако поголемиот дел од времето го поминува во фармерки и/или тренерки. Тој во одело одеднаш добива сосема нова слика во очите на девојките.

4. Кога е галантен без посебна причина. Има нешто неверојатно привлечно кај момците кои самоиницијативно го отстапуваат своето место на трудница или мајка со деца во јавниот превоз или пак, без размислување ја држат вратата отворена за девојка која не ја ни познаваат.

5. Кога не се плаши да ги покаже своите емоции. Па, можеби дури и да пушти некоја солза. Чувствителните момци кои во целост ги доживуваат своите емоции се едни од најпосакуваните мажи во очите на жените.

6. Кога во своите раце нежно ќе подигне мало кутре, маче или било кое друго животно во минијатурна форма. Девојките во оваа ситуација веднаш почнуваат да го замислуваат со бебе во неговите раце и на тој начин тој автоматски добива попривлечен статус во нивните очи.

7. Кога со само еден потег ќе ја соблече маицата. И ќе го покаже своето добро дефинирано тело!

8. Кога целосно ќе се соблече. Зарем треба да се каже нешто повеќе?

9. Кога косата му е мокра. И неколку прамени му паѓаат врз лицето, создавајќи бушав изглед кој ги полудува сите жени.

10. Кога користи лосион по бричење кој одлично мириса. Во оваа ситуација миризбата едноставно ги привлекува жените да се доближат поблизу до него и да го бакнат во врат.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар