10 реченици кои треба да престанете да им ги кажувате на жените кои не сакаат да се омажат

10 реченици кои треба да престанете да им ги кажувате на жените кои не сакаат да се омажат

Без разлика колку и да сакаат нивните другарки, семејството, пријателите и роднините, на жените ќе им смета ако премногу се мешате во односот со нивниот партнер. Можеби тие се сосема задоволни со ситуацијата онаква каква што е, а бракот не им значи многу, туку го сметаат само како еден неважен лист хартија. За да ги сочувате добрите односи помеѓу вас, треба да ги заборавите следниве 10 реченици.

10 реченици кои треба да престанете да им ги кажувате на жените кои не сакаат да се омажат

1. А би била толку убава невеста… Сфатете дека не ѝ е важно на секоја жена да облече бел фустан за да се чувствува среќна. Можеби е задоволна со тоа што го има мажот од соништата покрај неа, па венчавката и сите придружни церемонии не ѝ се толку важни.

2. Направи го тоа поради своите родители. Зошто би требало девојката да прави нешто што е против нејзина волја? Можеби родителите би биле среќни да ја видат како невеста, но сигурно повеќе се среќни кога ја гледаат задоволна и исполнета со ситуацијата онаква каква што е.

3. Зар сакаш детето да ти биде вонбрачно? На некои луѓе не им е пресудно тоа дали детето ќе се роди во вонбрачна заедница или не. Запаметете дека формалниот лист хартија не одлучува дали родителите ќе бидат спремни да ја дадат сета љубов, поддршка и внимание!

4. Можеш да имаш нетрадиционална венчавка. Во ред е, можеби вашите сфаќања се такви, но доколку жената не сака да се омажи, нејзе не ѝ е важно дали е традиционална или нетрадиционална венчавка. Едноставно, венчавката не ѝ претставува приоритет.

5. Денот на мојата венчавка беше најубав ден во мојот живот. Зарем не сакаш и тебе да ти се случи истото? Добро е што сте среќни и задоволни со тој чекор што сте го направиле, но треба да имате предвид дека не ги исполнуваат сите жени исти работи. Ако за вас тој бил најсреќен ден, тогаш за вашата пријателка можеби денот кога го запознала човекот од нејзините соништа е посебен во нејзиниот живот. Прифатете дека секој го исполнуваат различни работи.

10 реченици кои треба да престанете да им ги кажувате на жените кои не сакаат да се омажат

6. Нема подобар начин од бракот за да бидеш сигурна во животот. Сигурноста е различна за секого. За некои жени тоа е мажот, додека пак за други тоа е нивната независност и слобода.

7. Сите други се омажени, ќе ти биде жал што не си и ти. Зошто сите да мораат да одат по исти чекори? Секој го живее својот живот, според свои правила и приоритети. Не мора да значи дека ако другите се омажени, треба и вие да побрзате да се впуштите во тие води.

8. Зар не сакаш да ја овековечиш твојата љубов? Љубовта не се раѓа во моментот кога ќе се потпишете на хартијата или пак во моментот кога ќе го изговорите судбоносното „да“. Љубовта се негува секојдневно!

9. Ако финансиите ти се проблем, јас можам да ти помогнам. Не нудете ѝ помош без потреба на вашата пријателка, само затоа што сметате дека треба да се омажи по секоја цена. Доколку финансиските средства ѝ се навистина пречка, тогаш верувајте дека таа самата ќе го направи првиот чекор и ќе побара помош од вас.

10. Зар не сакаш понекогаш да го наречеш „мој сопруг“? За некои жени бракот не е важен, туку важно е до нив да биде мажот што го сакаат и кој ги сака. Вистинскиот маж не се раѓа од потписот на хартијата. Вистинскиот маж се раѓа од љубезноста, почитта и сакањето!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар