10 работи што можат да го променат вашиот живот засекогаш

10 работи што можат да го променат вашиот живот засекогаш

Промените се случуваат, без разлика дали сте сакале или не, а колку повеќе им се спротивставувате толку вашиот живот ќе биде потежок. Но, секогаш можеме да ги земеме работите во свои раце. Можеме самостојно да донесеме одлука дали сакаме нешто да промениме или не. Без страв. Секогаш е подобра онаа промена за која свесно одлучуваме, отколку онаа која ни е наметната. Секако, животните кризи не влегуваат во оваа категорија, но и во таквите моменти можеме да одлучиме како ќе реагираме. Во последно време многу често можете да слушнете „Излезете од вашата удобна и сигурна зона“, бидејќи тогаш вашиот живот ќе се смени кон подобро. Кои прилики можете да ги создадете за да живеете посреќно и поисполнето, прочитајте во продолжение.

1-10-raboti-koi-mozhat-da-go-promenat-vashiot-zhivot-zasekogash-www.kafepauza.mk_

1. Пронајдете смисла

Размислете што ви е важно во животот и зошто. Што ве усреќува, имате ли некои соништа, што сакате да ги постигнете? Само така ќе имате цел и насока во која сакате да живеете. Престанете со бесцелното лутање.

2. Сонувајте

Присетете се на детството. Тогаш постојано замислувавме каков ќе ни биде животот кога ќе пораснеме и во нашите мисли сѐ беше возможно. Како возрасни понекогаш мислиме дека е забрането да сонуваме и дека ништо од замисленото не може да ни се оствари. За да ги претворите соништата во реалност, на лист хартија напишете ги сите ваши желби и соништа и поставете ја на некое видно место. Гледајќи ги секојдневно, ќе започнете да верувате дека некои работи и не се толку невозможни.

2-10-raboti-koi-mozhat-da-go-promenat-vashiot-zhivot-zasekogash-www.kafepauza.mk_

3. Одредете цели

Откако сте ја откриле смислата и сте ги „оживеале“ соништата, време е да одредите краткорочни и долгорочни цели, но немојте да бидете строги кон себе. Целите се менуваат во текот на животот и тоа е сосема нормално. Треба да бидете прилагодливи и да дојдете до целта со „мали чекори“.

4. Научете да ги пуштате работите

Во животот нема место за жалење. Луѓето кои постојано размислуваат за „она што можело да биде“ живеат во минатото, попречени се и никогаш нема да можат да остварат полн потенцијал. За да се решите од „духовното минато“, испробајте едноставна вежба со балони. Надувајте неколку балони, а на секој од нив напишете по една работа за која жалите, а потоа пуштете го. Како што балонот исчезнува кон небото, така и вие се опростувате со она што е напишано на него.

5. Никогаш немојте да престанете да учите

Секојпат кога ќе научите нешто ново вие го проширувате вашето знаење, а единствено на тој начин ќе стекнете вистинска самодоверба. Учењето нè прави флексибилни, односно, полесно се прилагодуваме на новите ситуации. Со учењето стануваме покреативни и поиновативни и не бегаме од непознатото. Никогаш немојте да престанете да читате, да се запишете на дополнителна едукација, да вложувате време во совладувањето некои нови вештини, да уживате во странските јазици… Тоа е вистински рецепт за богатство.

6. Одлучете да направите нешто „страшно“ и потоа навистина направете го

Излезете од вашата удобна и сигурна зона. Сите ние имаме нешто во животот од кое се плашиме, без разлика дали тоа е висина, скокање со падобран, јавно настапување или нешто друго. Кога во животот ќе направите нешто со страшен предзнак, чувството на постигнување е неспоредливо со останатите, секојдневни успеси. А, кога ќе го притиснете копчето, ќе сакате само уште повеќе.

7. Живејте во баланс

Како што созреваме, важно е соодветно да го храниме нашето тело, како и умот. Нека вашата одлука биде здрав живот, урамнотежена исхрана, вежбање и сигурно ќе живеете посреќно и поисполнето, со многу повеќе енергија за сите предизвици кои ќе се најдат пред вас.

8. Соочете се со стравовите

Стравот може да се игнорира, но од тоа нема да имате голема корист. А, со тек на време ќе стане уште поголем и несовладлив во вашата глава. Никогаш немојте да заборавите дека тоа се само мисли кои немаат преголема врска со реалноста. Стравовите нè спречуваат да го живееме животот и лесно можеме да препознаеме кога се плашиме, бидејќи тоа чувство е поврзано со чувството на незадоволство и неисполнетост. Погледнете го стравот во очи и преземете контрола над вашиот живот.

4-10-raboti-koi-mozhat-da-go-promenat-vashiot-zhivot-zasekogash-www.kafepauza.mk_

9. Прифатете се себеси

Единствената личност која може да направи промена кај вас сте вие. А, за да биде тоа возможно, морате да го сакате тоа што сте. Немојте ниту да помислувате дека не сте доволно добри, бидејќи така никогаш нема да се помрднете од место. Сакајте се себеси, бидете храбри и одвреме-навреме направете нешто лудо. И немојте да се грижите што мислат другите. Ако чувството е правилно, тоа е единствено нешто што е важно.

10. Живејте во моментот

Честопати сме толку многу зафатени со потрагата по некоја идна среќа, што забораваме да живееме во моментот. Тоа е идно, а не сегашно време. Бидете благодарни на она што моментално го имате, тоа е умеење за живеење во моментот. И помогнете им на оние на кои им е потребно.

Не заборавајте дека секоја работа во животот е важна лекција, па погледнете кои тешки животни лекции нѐ прават посилни личности.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар