10 работи што мора да ги знаете за љубовните врски

10 работи што мора да ги знаете за љубовните врски

Животот понекогаш самиот ни ги одговара прашањата што не сме ги ни поставиле. Сигурно досега сте имале неколку љубовни врски, некој ви го скршил срцето, вие сте го скршиле срцето некому, сте имале преголеми очекувања, сте се сомневале во себе, сте доживеале неизмерна љубов… Сите овие искуства ви помогнале да созреете и да разберете до некаде како функционираат врските. Ова се 10-те работи што сите искусни луѓе ги знаат за љубовните врски…

10 работи што мора да ги знаете за љубовните врски

1. Здравите љубовни врски доаѓаат однатре

Доколку сакате да започнете врска, тоа не значи дека сте подготвени за тој чекор. Ако не се чувствувате пријатно во своја кожа или имате нерешени работи од минатото, тогаш не сте подготвени за врска. Немојте да повредите некого само затоа што не сте способни да се соочите со вистината за вашиот живот.

2. Скршеното срце може да го означи крајот на врската, но не го означува крајот на љубовта

Животот е премногу краток за да не си дозволувате да љубите повторно. Можеби се плашите да не се претворите во „безнадежни романтичари“. Но, треба да знаете дека можете да бидете романтични без да бидете безнадежни. Постојат добри луѓе во светов и барем еден од нив е совршениот човек за вас. Не дозволувајте болката, стравот и болните искуства да ве натераат да прифатите нешто помалку од она што го заслужувате.

3. Бидете искрени уште на самиот почеток

Сите сме паднале во искушение да излажеме или да ја ублажиме вистината, но тоа никогаш не помага. Подобро е да бидете искрени уште на самиот почеток. Нормално е да се разочарате ако дознаете дека не си одговарате, но тоа е многу подобро отколку да дознаете дека и двајцата сте се лажеле меѓусебно.

4. Негувајте го искреното пријателство доколку сакате да доживеете голема љубов

Бескрајната љубов постои поради бескрајното пријателство. Ако сакате да ја имате најдобрата љубовна врска, тогаш мора да го имате и најдоброто пријателство. Негувајте го и не дозволувајте пријателството да изумре. Недостатокот на љубов не е тоа што најчесто ги уништува врските, туку недостатокот на пријателство.

5. Опуштете се, но не премногу

Понекогаш удобност во врската доведува до монотонија. Вашето гледање прераснало во толкаво секојдневие што повеќе не си придавате никакво значење. Полека почнувате да се оддалечувате. Не дозволувајте да ви се случи ова. Одржувајте ја искрата во живот, флертувајте, однесувајте се најдобро што можете, бидете заинтересирани еден за друг, одете на љубовни состаноци, искажувајте ја вашата љубов и бидете добри пријатели. Врската и пријателството можат да опстојат само доколку почитта е обострана и возвратена.

10 работи што мора да ги знаете за љубовните врски

6. Закопајте ги поранешните врски во минатото

Замислете си само колку слободно би се чувствувале кога би ги закопале сите поранешни врски и драматични сеќавања. Тоа не значи дека треба да го заборавите минатото. Размислете за него и научете нешто од искуствата, без разлика дали се добри или лоши. Научете ја лекцијата и продолжете понатаму. Разберете какво влијание имале поранешните врски врз вашиот живот и прифатете го фактот дека завршиле.

7. Не обидувајте се да го контролирате туѓото однесување

Многу ќе се преоптоварите доколку постојано се врзувате за нештата што не можете да ги контролирате. Можете да го контролирате само своето однесување. Ослободете се од бесмислените предизвикувачи на стрес. Наместо да пробувате да го контролирате туѓото однесување, поставете стандарди во вашиот живот. Не им дозволувајте на другите да се однесуваат лошо со вас. Поставете граници. На тој начин, нема да се обидувате да ги контролирате другите.

8. Живееме во мултидимензионален свет. Немојте да негувате еднодимензионална љубов!

Ако сакате некого, чувствувајте го тоа, кажувајте го, покажувајте го. Покажете му почит и посветеност на партнерот. Дајте му до знаење колку се приврзани за него и колку сте страсни. Покажете му дека ви значи. Ако не чувствувате доволно инспирација за да ја покажете вашата љубов на мултидимензионален начин, тогаш бидете љубезни и ослободете го за да може да најде некој кој ќе му даде таква љубов.

9. Бидете внимателни! Не дозволувајте нечии зборови да ве заслепат

Понекогаш луѓето ги кажуваат работите што сакате да ги чуете, но немојте да бидете наивни. Само постапките можат да откријат нечии вистински намери, желби и приоритети. Делата говорат погласно од зборовите, па затоа слушајте ги внимателно. Обрнете внимание на нечие однесување и тоа ќе ви открие многу работи за карактерот на личноста.

10. Не го поминувајте животот во чекање

Престанете да седите и да го чекате „вистинскиот“. Љубовта на вашиот живот е таму некаде, но нема да ви падне од небо. Не дозволувајте да ви помине животот во чекање. Уживајте во животот, напишете ја вашата приказна и живејте во вашата бајка. Токму на тоа патување ќе ви се вкрстат патиштата со љубовта која заслужува да биде дел од вашата приказна.

Во продолжение, дознајте кои се 6-те вистини за љубовта кои никој не сака да ги признае.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар