10 работи што луѓето не сфаќаат дека ги правите поради вашиот доминантен карактер

10 работи што луѓето не сфаќаат дека ги правите поради вашиот доминантен карактер

Алфа луѓето истовремено се силни, амбициозни, неверојатни и страшни. Тие имаат високи очекувања и постојано се стремат кон успех. Ако и вие се сметате за доминантни личности, тогаш сигурно ќе се согласите дека поважна е реалноста од лажните комплименти. Доколку не сте сигурни дали ги поседувате потребните карактерни особини за да се наречете алфа жени или мажи, ова се 10-те работи што ќе ви ги потврдат сите сомнежи…

10 работи што луѓето не сфаќаат дека ги правите поради вашиот доминантен карактер

1. Зборувате искрено и директно

Ако сте дел од алфа луѓето, тогаш најчесто знаете што сакате од останатите и не ги бирате зборовите. Наместо тоа, веднаш ја пренесувате важната информација, одбегнувате заобиколувања и не оставате простор за различна интерпретација. Кога не сте сигурни во врска со нешто, сакате да дискутирате и да го чуете туѓото мислење пред да донесете конечна одлука. Лажењето не е дел од вашиот начин на комуникација. Не гледате причина за лажење, бидејќи тоа не се совпаѓа со вашите морални вредности.

2. Претпочитате дела наместо зборови

Зборовите се безначајни во споредба со делата. Многу добро го знаете ова и свесни сте колку можат да бидат лажни зборовите, па затоа никогаш не ги земате здраво за готово. Токму затоа, не ги анализирате туѓите пораки, зборови и ветувања. Наместо тоа, вие го набљудувате нивното однесување, гестови и реакции. Вие немате високи очекувања од ветувањата на луѓето и нивните добро обмислени вербални изрази.

3. Не се плашите дека ќе пропуштите нешто

Се водите според тоа што ви значи, а тука не спаѓаат туѓите драми, озборувања или потребата да бидете дел од толпата. Нема да се загрижите доколку пропуштите некоја забава или нотификација. Кога нешто навистина ве интересира, вие први ќе знаете сѐ за тоа, бидејќи обрнувате внимание само на работите што ви значат.

4. Зборувате и чекорите самоуверено

Зборовите секогаш си ги потврдувате со дела и вашето однесување е постојано. Тоа е така затоа што не гледате причина да се претставувате лажно и да си ги менувате мислењата во зависност од околностите. Кога не се согласувате со некого, доволно сте храбри за да го кажете тоа гласно. Секогаш постојат добри причини за вашите дела и не толерирате кога некој ви создава притисок. Благодарение на тоа, вие сте секогаш искрени кон себеси и другите без оглед на нивното мислење.

5. Пријателите не се само бројка за вас

Иако поседувате одлични комуникациски вештини и имате многу познајници, многу добро знаете дека малку се луѓето на кои можете да им верувате. Можете да направите јасна разлика помеѓу пријателите и познајниците, па затоа вашиот круг на вистински пријатели го сочинуваат само двајца или тројца. Ова ви дава сила да се ослободите од токсичните врски, лажните пријателства и лажното ласкање. Знаете дека сите имаат свои слабости и нема да размислат два пати пред да ви застанат на патот и да се обидат да ве искористат. Секогаш се обидувате да се држите на сигурно растојание и притоа успевате да останете дружељубиви и добро расположени.

10 работи што луѓето не сфаќаат дека ги правите поради вашиот доминантен карактер

6. Уживате да поминувате време сами

Вашата независност ви овозможува сами да се справувате со проблемите и не ви пречи да бидете сами. Одлично се снаоѓате и без туѓата помош. Се здружувате со некого за да постигнете заедничка цел, само ако личноста ги дели вашите вредности и идеи. Тоа вклучува одење на места и правење работи што другите обично не би ги направиле сами. Тоа не ви претставува никаков проблем, бидејќи не ви пречи да правите работи со или без други луѓе.

7. Не се експонирате во јавност

Социјалните мрежи не се место каде што споделувате сѐ што ќе видите само за да добиете лајкови. Наместо тоа, објавувате само работи што се посебни и што ви значат. Ја почитувате својата приватност и сакате да повлечете линија помеѓу вашиот приватен живот и животот на другите.

8. Секогаш сте зафатени со работите што ги сакате

Не сакате бесмислени активности и секогаш го правите она што го сакате. Времето го поминувате во остварување на вашите цели и соништа. Вашата продуктивност не е инспирирана од потребата за комплименти и пофалби туку од љубовта кон работите што ги правите. Вашата исполнетост се појавува пред позитивните реакции.

9. Не се грижите за туѓото мислење

Ги следите вашите сопствени стандарди и го развивате вашиот поглед кон светот со помош на вашите лични искуства. Токму затоа, не го засновате вашиот живот на општествените стандарди и на туѓите мислења, туку ги земате предвид само зборовите на луѓето кои ги сакате и почитувате. Свесни сте дека не можете на сите да им угодите, па затоа го правите она што сметате дека е правилно и нема да ви наштети. Тоа не значи дека се безобѕирни кон туѓите чувства, бидејќи секогаш се однесувате со другите онака како што сакате и тие да се однесуваат со вас.

10. Попрво би останале сингл отколку да бидете со човек кој не ве разбира

Не сакате да бидете во врска по секоја цена. Наместо тоа, вие ја чекате личноста која ги дели вашите соништа и вредности. Најмногу ве привлекуваат луѓето кои имаат исто толку големи соништа колку и вашите, кои ќе ви претставуваат предизвик и кои ќе ве научат на нови нешта. Сакате да бидете рамноправни со партнерот, а не да се натпреварувате меѓусебно. За вас важи следново едноставно правило: Не ви треба никој, но кога сакате некого, тогаш ви треба хемија за да започнете нешто.

Прочитајте ги и следниве 10 знаци дека сте алфа жена.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар