10 работи што луѓето кои имаат хронични болки би сакале да ги знаете

Луѓето кои имаат хронични болки се соочуваат со нешто што најверојатно не би можеле да го разберете, освен ако и самите не поминувате низ истото. Овие луѓе живеат во големи болки и постојано се истоштуваат од обидите нормално да ги извршуваат секојдневните обврски.

10 работи што луѓето кои имаат хронични болки би сакале да ги знаете

Поединците кои се справуваат со хронична болка и успеваат нормално да функционираат се неверојатно силни. Ако познавате човек што минува низ ова, сигурно дека не му е лесно. Без разлика за каква хронична болка станува збор, никогаш не треба да ги осудуваме луѓето поради тоа што се обидуваат да се справат со неа најдобро што можат. Ова се 10-те работи што луѓето кои имаат хронични болки би сакале да ги знаете…

1. Не се мрзеливи

Кога имаат многу силни болки и не можат да станат од кревет, не си помислувајте веднаш дека се мрзеливи. Нив навистина ги боли. Мрзеливите луѓе не сакаат да бидат активни, но тие сакаат. Не постои ниту еден човек со хронични болки што сака да биде врзан за креветот.

2. Не ги злоупотребуваат лековите

Само затоа што земаат повеќе лекови за да си ја ублажат болката не значи дека се зависници. Тие не сакаат да зависат од лековите за да се чувствуваат подобро, но ако треба да земаат по 6 апчиња 2 пати дневно за да не плачат секогаш кога ќе се помрднат, ќе го сторат тоа.

3. Ако постојано се жалат од болката, тоа значи дека навистина многу ги боли

Тие знаат како да ја скријат болката и да се преправаат дека сѐ е во ред. Но, ако проговорат за неа гласно, тоа значи дека болката е многу посилна одошто можете да си замислите. Хроничната болка може да биде навистина ужасна.

4. Не сакаат да откажуваат планови, но понекогаш мораат

Како и сите луѓе, и тие имаат добри и лоши денови, но понекогаш лошите денови не им дозволуваат да излезат. Тука не можат да си помогнат.

5. Не си ги замислуваат работите

Само затоа што не можете да ги разберете нивните проблеми, не значи дека не се вистински. Некои болести се невидливи за оние коишто не ги доживеале. Немојте да бидете полни со стереотипи и предрасуди. Тоа што им велите дека болката ќе им помине доколку се опуштат, воопшто не им помага.

10 работи што луѓето кои имаат хронични болки би сакале да ги знаете

6. Не можете да ги поправите

Луѓето со хронични болки не сакаат да барате магични ритуали за исцелување на Интернет. Знаат дека сакате да им помогнете, но не постои волшебен лек. Тие ги пребарале сите можни веб-сајтови и минуваат низ преголема болка за да се сетат дека треба да нанесуваат џем од грозје на левото стапало 5 пати дневно и да го мијат со оцет. Само бидете тука за нив, без да се обидувате да им ја излечите болката.

7. Можеби изгледаат нормално, но тоа не значи дека немаат болки

Само затоа што некој изгледа нормално, не значи дека се чувствува добро. Сите хронични болки не завршуваат на болнички кревет. Како што веќе споменавме, луѓето со хронични болки имаат добри и лоши денови, но постои голема веројатност дека вие не можете да направите разлика. Тие знаат како да се справат со болката.

8. Не сакаат да ги сожалувате

Сожалувањето нема да им помогне. Луѓето со хронични болки само сакаат да бидат прифатени. Ако ги сожалувате или им дадете до знаење дека се премногу драматични, нема воопшто да им помогнете. Хроничната болка не е изговор, туку вистински проблем.

9. Позитивните мисли нема магично да им ја намалат болката

Ако сакате да изнервирате луѓето со хронични болки, кажете им да размислуваат позитивно. Знаеме дека имате добри намери, но одбегнувајте ги овие зборови. Кога позитивните мисли навистина би помагале, сите луѓе кои страдаат од хронични болки би биле излечени.

10. Тие навистина ве ценат

Тие се благодарни што ве имаат и што сакате да им помогнете. Не поминува ниту еден ден без да помислат колку би им било лошо кога не би биле тука за нив. Не го заборавајте ова!

Во продолжение, прочитајте за следниве 12 типови болка кои се директно поврзани со емоционалните состојби.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар