10 работи што ги знаат само немажените жени на средовечна возраст

Сингл жените кои се во нивните средовечни години секојдневно се среќаваат со здодевни предрасуди и некултурни прашања. Штом ја поминат 30-ката без да се омажат, нивниот живот станува „јавна сопственост“ на сите нивни пријатели. Сите се обидуваат да им најдат партнер со брзина на светлината и не знаат да прифатат „Не“ како одговор! Ова се 10-те работи со кои се соочуваат средовечните жени кои сѐ уште не стапиле во брак…

10 работи што ги знаат само немажените жени на средовечна возраст

1. Треба да излезете со сите мажи кои не се хомосексуалци, оженети или мртви

Мора да излезете со кој било човек кој не спаѓа во горните категории, инаку пријателите веднаш ќе ве прогласат за пребирливи и напорни. Но, што ако се работи за криминалец или алкохоличар? „Тоа се само ситници, луѓето се менуваат“, самоуверено ќе ви одговорат вашите пријатели.

2. Мажените жени ве ставаат во две категории: Очајни или опасни

Оваа способност ја немаат женетите мажи, туку само нивните сопруги. Ако сте во друштво со мажени жени, тие веднаш ќе се обидат да проценат дали сте опасни или очајни, па затоа сѐ уште не сте се венчале. Освен тоа, нема да заборават да ви го постават вечното прашање: „Зошто досега не си се омажила?“.

3. Ако трчате по мажи, тоа секогаш значи дека тие бегаат од вас

Се сеќавате на онаа изрека „Никогаш не се трча по мажи и автобуси“? Станува збор за жива вистина! Ако мажот со кого сте излегле на љубовен состанок ви се нема јавено, почекајте уште малку. Доколку не ви се јави по извесно време, никому ништо. Одиме понатаму! Не ви треба таков маж и крај на приказната.

4. Сексот без обврски подразбира големи обврски

Ако веќе дошло до секс без обврски, тоа се случило затоа што сте биле осамени, под дејство на алкохол или нешто трето што е подеднакво лошо како и другите можности. Поради тоа, не можете достоинствено да имате секс без обврски. Тоа најверојатно ќе ве направи уште поосамени и поповредени. Дами, внимателно слушајте го вашето срце!

10 работи што ги знаат само немажените жени на средовечна возраст

5. Кога луѓето ќе ви кажат дека сте храбри, не го сфаќајте тоа како комплимент

Ве нарекуваат храбри затоа што најчесто се плашат од вас. На пример, најверојатно неколку пати досега сте слушнале како некој ви вели „Ти мора да си ужасно храбра штом живееш сама“. Со други зборови, луѓето се плашат од осаменоста и од жените кои можат да ја поднесат. Тие веќе ве замислуваат како стара мома со 10 мачки.

6. Воодушевени сте од вашата способност да не им завидувате на луѓето кои се во врска

Тоа е така затоа што досега сте научиле дека никогаш не можете да знаете што се случува во врската на двајца луѓе. Однадвор тие можеби изгледаат совршено, но она што се случува помеѓу нив и во нивните глави го знаат само тие.

7. На мажите не им е гајле за вашиот целулит

Не им е грижа ни за вашите брчки. Верувајте ни! Ако сепак сте со човек кој ви вели дека сте се здебелиле, дека имате брчки или целулит, тоа значи дека тој ве смета за негов трофеј – згодна жена со која се фали наоколу. Доколку станува збор за таква ситуација, јасно е дека тој не е човекот за вас.

8. Љубовните состаноци се вистински кошмар

Љубовните состаноци се навистина страшни за средовечните луѓе. Да речеме дека сте почнеле да излегувате со мажи во 90-тите години и сега повторно се наоѓате во ситуација да одите на љубовен состанок со некого. Треба да знаете дека многу работи се имаат променето оттогаш. Некогаш реченицата „Ајде да одиме на пијалак“ го имаше своето буквално значење, но денес многу работи се кријат зад овие зборови.

10 работи што ги знаат само немажените жени на средовечна возраст

9. Вниманието, добрината и љубезноста се заборавени вредности

Нема да ви се верува колку многу работи во денешно време се сведуваат само на секс! Луѓето бараат некого само за да ги задоволат своите сексуални потреби. Одеднаш сфаќате дека и вие сте едни од нив, па почнува да ви станува непријатно. Речиси секој ден ги слушате вашите омажени пријателки како ви велат дека и тие со задоволство би го правеле истото кога не би биле во брак и ве убедуваат дека и вие треба да побарате некого, иако вас воопшто не ви е дојдено до тоа.

10. Опкружени сте со прашања и пресметки

„Ако го запознаам на 42 години, а тој има 43, ќе бидеме во врска една година што значи дека ќе се венчаме кога јас ќе имам 43 години… Дали ќе успеам да родам дете на 44 години? Што ако тој не сака деца? Што ако тој воопшто не може да ’издржи’ во креветот, бидејќи сепак ѝ се приближува на 50-ката? Што ако има деца од првиот брак? Дали сум станала очајна или паметна? А што ако тој никогаш не се појави? Дали сите ќе мислат дека сум лезбејка ако никогаш не се омажам?“. На прашањата од ваков тип им нема крај!

БОНУС: 6 паметни одговори на љубопитните прашања поврзани со вашиот сексуален живот

1. „Приватен е, благодарам. Каков е твојот љубовен живот?“

2. „Моментално имам секс со сите. Многу е забавно!“

3. Гледате на саат: „Таман имам време за еден секс набрзина кога веќе прашуваш.“

4. „Феноменален. Каков е твојот сексуален живот по раѓањето на детето? Сакам да ги чујам сите детали!“

5. „Јас сум фригидна. Отсекогаш сум била и тоа ми одговара.“

6. „Чекај, да не си разговарал/а со мајка ми?“

По ваквите одговори никој никогаш повеќе нема да се осмели да ви поставува интимни прашања!

Се согласувате со овој текст? Тогаш прочитајте и зошто 40-тите се години во кои вистинскиот живот започнува.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар