10 работи кои никогаш не треба да ги жртвувате поради вашата врска

Да, поубаво е кога сте заедно, во врска, но има одредени работи кои не смееме и не треба да ги жртвуваме поради успешноста на самата врска. Погледнете ги најважните 10 од нив.

10 работи кои никогаш не треба да ги жртвувате поради вашата врска

1. Вашата среќа

Вашиот партнер треба да ви донесе среќа и радост во вашиот живот, а не тага и грижи. Секако постојат мигови кога партнерот ќе ве растажи, но ако овие моменти се почести од моментите на среќа, тогаш убаво размислете…

2. Вашата забава

Дали се смеете и заедно откривате нови нешта? Иако е нормално одвреме-навреме да дојде до несогласувања, вашиот однос воглавно треба да е забавен и среќен.

3. Вашата слобода

Во здрава врска би требало да можете да излезете сами и да уживате, а вашиот партнер да не биде вознемирен и загрижен поради тоа. Посесивноста е обично показател на несигурност, а тоа е личен проблем на партнерот кој не можете вие да го поправите.

4. Вашиот внатрешен мир

За да бидете среќни важно е да го сочувате внатрешниот мир. Ако вашиот партнер ве прави анксиозни, нервозни или вознемирени тогаш ќе се чувствувате депресивно и ќе сакате да се изолирате од останатиот свет.

5. Вашите искуства

Животот е возбудлив и во текот на животот ќе доживеете многубројни брилијантни нешта кои ќе ве направат позрели, помудри, посреќни и ќе ви помогнат да го пронајдете внатрешниот мир. Доколку поради партнерот не можете да пробате нови нешта и искуства, време е да се запрашате дали вреди.

6. Вашиот карактер

Вашиот карактер е она што вие навистина сте, а вистинската личност тоа ќе го цени и сака и покрај сѐ. Во здрава врска ниеден од партнерите не треба да настојува да го промени карактерот на другиот, бидејќи треба да се сакаат онакви какви што навистина се.

7. Вашите врски со други луѓе

На почетокот на врската, поголем број од паровите поминуваат низ фаза на меден месец, време на возбуда, заљубеност и постојано гледање и поминување време заедно. Меѓутоа ако сте заедно неколку месеци и ако не сте ги виделе пријателите и семејството, тоа може да укажува на посесивно однесување. Важно е да имате што повеќе здрави врски во животот, а преголемата зависност од партнерот дефинитивно не е здрава.

8. Вашите чувства

Најважно за една здрава врска е меѓусебното почитување и искрените обиди да се разберат чувствата и мислењата на партнерот, без предрасуди.

9. Вашите соништа

Добрата врска претставува партнерство – партнерите се поддржуваат на секој чекор. Сосема е нормално ако имате различни соништа, но и покрај тоа треба меѓусебно да се поддржувате.

10. Вашите верувања

Вашите верувања се исклучително важни и никој освен вас не смее да се обидува да ги промени. Иако вашиот партнер не мора да верува во она што верувате вие, важно е да ги почитува вашите вредности. И вие неговите. Секогаш барајте ги сличностите, а не разликите.

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар