10 работи кои ќе се случат кога ќе почнете да се прифаќате себеси

10 работи кои ќе се случат кога ќе почнете да се прифаќате себеси

Сите ние сме различно скроени, и сите одвреме-навреме се соочуваме со многу несигурности и сомнежи кога станува збор за нас самите. Факт е дека сме такви какви што сме. Некому ќе му се допаѓаме, некому не. Најважно е да се прифатите самите себе без да чувствувате потреба да промените нешто кај себе, ниту пак да се преоптоварувате со тоа што другите мислат. Ова се 10 прекрасни работи кои ќе ви се случат кога ќе почнете да се прифаќате себеси такви какви што сте.

10 работи кои ќе се случат кога ќе почнете да се прифаќате себеси

1. Ќе ви се отворат нови можности

Кога ќе се прифатите себеси ќе станете свесни за своите можности и способности. Ќе знаете во што сте добри и што може да му понудите на светот околу вас. Со самодоверба ќе го правите она во што сте добри, а тоа ќе ви отвори многу нови врати и можности. Само заборавете го поставениот модел – што би требало да бидете и како би требало да размислувате, и едноставно бидете свои. Дајте му ја на светот таа ваша уникатност.

2. Ќе станете свесни за нештата околу вас

Може нешто цел живот да ви стоело пред нос, но да не сте го забележале бидејќи сте биле премногу зафатени потиснувајќи се себеси. Кога ќе се прифатите себе, ќе почнете светот околу вас да го гледате со поинакви очи, да проникнете во мислите на луѓето, во начинот на кој се однесуваат и размислуваат. Со еден збор ќе имате целосна слика за светот околу вас.

3. Нема да мислите дека сте неуспешни

Вистината е дека секој некогаш во животот се почувствувал како цар на неуспехот. Дури и кога ќе земете за пример некоја успешна личност ќе сфатите дека има доживеано неуспех. Прифатете ги и негативните нешта кои ви се случуваат и продолжете со крената глава. Не сè во животот ќе излезе по планираното, едноставно опуштете се и прифатете ја ситуацијата како нешто што секому може да му се случи.

4. Ќе ја прифатите животната фаза во која се наоѓате

Да бидеме искрени, премногу често размислуваме за тоа какви сме биле некогаш и какви треба да бидеме во иднина. Она што забораваме е да се осврнеме кон периодот во кој се наоѓаме моментално. Заборавете на тоа што сте биле или што сакате да бидете, прифатете се себеси онакви какви што сте сега и сфатете дека што и да ви се случува во моментов, е само уште една фаза, нова лекција и животно искуство.

5. Ќе запознавате повеќе луѓе слични на вас

Кога ќе се прифатите себеси ќе почнете да минувате време во кругови на луѓе со кои ќе делите слични интереси, ставови и цели. Тоа ќе направи да се чувствувате исполнето, ќе ви помогне да го проширите кругот на пријатели и контакти, да споделите знаење и вештини и да си отворите нови можности за успех.

6. Ќе ги привлекувате вистинските личности

Ако се преправате дека сте нешто што не сте, ќе привлекувате сосем погрешни личности во чие друштво ќе се чувствувате потиштено и непријатно во сопствената кожа. Пробајте да бидете свои и ќе видите како за брзо оние кои ви значат исто така ќе ве прифатат какви што сте. Само покажете се себеси во вистинското светло.

7. Ќе престанете да се споредувате себеси со другите

Ако постојано се преокупирате споредувајќи се себеси со другите, ќе заборавите да го живеете својот живот. Често знаеме да се споредиме себеси со некој друг, да се запрашаме дали тој/таа живее подобар живот од нас, но вистината е дека никогаш не можеме да знаеме како навистина луѓето се чувствуваат и низ што требало да минат за да стигнат до таму. Затоа бесцелно е да се споредувате себе со другите и да губите скапоцено време. Дајте сè од себе да бидете најдобрата верзија од себеси според условите кои ги имате.

8. Ќе бидете благодарни

За почеток ќе престанете да се жалите поради она што го немате и ќе почнете да бидете благодарни за она што го имате.

9. Ќе почнете да живеете богат и исполнет живот

Бидејќи ќе престанете да се фокусирате на неважните работи, туку ќе почнете да се фокусирате на она што навистина е важно и ќе почнете да го вреднувате она што е ваше, па добрите чувства само ќе се множат. Така ќе живеете исполнет и богат живот во кој ќе уживате правејќи го она што навистина го сакате и инспирирајќи ги другите да го прават истото.

10. Ќе почнете да се сакате себеси

Ова можеби е најтешката лекција која ќе треба да ја научите – негувањето љубов кон самите себе. Кога ќе почнете да се прифаќате, ќе почнете и да се сакате себеси. Нема да го гледате светот како место кое треба да се промени и поправи туку ќе почнете од самите себе. Што вие може да промените и поправите со вашата уникатна способност и знаење?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. andreja Reply

    Aktuelno sekogas (evergreen), koncizno, korisno i ednostavno… prodolzi vaka 😉

Напиши одговор на andreja Откажи одговор