10 психолошки причини зошто мажите изневеруваат

10 психолошки причини зошто мажите изневеруваат

Постојат многу психолошки причини зошто мажите се вклучуваат во сексуални и романтични врски надвор од својата „моногамна“ врска. Некои од мажите се едноставно незрели, додека пак кај некои други можеби се кријат подлабоки психолошки проблеми. Погледнете дел од причините поради кои тие можат да се препуштат на ова однесување…

10 психолошки причини зошто мажите изневеруваат

1. Тој е лажливец. Тој никогаш не планирал да биде дел од моногамна врска, дури и покрај ветувањето. Тој не разбира дека заветот за верност е жртва која треба да биде направена за неговата девојка/сопруга во која наводно е заљубен. За овие видови мажи моногамијата е нешто што треба да се избегне, наместо да се прифати.

2. Тој е несигурен. Длабоко во себе тој се чувствува премногу младо, премногу старо, премногу дебело, премногу слабо, премногу сиромашно, премногу глупаво или низа други работи. Тој со помош на флертувањето, порното и сексот надвор од врската/бракот се обидува да се почувствува добро во својата кожа и да се убеди дека и покрај сè, тој сепак е посакуван и доволно добар.

3. Тој е незрел. Тој верува дека сè додека неговата партнерка не дознае, тој воопшто не ја повредува и не разбира дека таа длабоко во себе ќе чувствува дека нешто не во ред. Тој не сфаќа дека неговата девојка/сопруга со тек на време сигурно ќе дознае за неговото неверство и дека кога тоа ќе се случи, работите нема да бидат многу пријатни.

4. Тој е повреден. Можеби причината поради која тој се однесува на овој начин е траумата која ја доживеал во раното детство, како физичка злоупотреба, запоставеност или сексуална злоупотреба. Неговите рани влијаеле тој да не може да се обврзе на ниту една личност, па токму затоа бара сексуално задоволство надвор од врската како еден начин на бегство од емоционалната и/или физичката болка.

5. Тој има неразумни очекувања. Тој верува дека неговата девојка/сопруга би требало да ги исполнува сите негови сексуални и емоционални потреби, 24/7, без никаков коментар. Тој има нарцисоидна личност и постојано е насочен кон себе, не сфаќајќи дека неговата партнерка покрај него има многу други обврски во својот живот (деца, работа, дом, финансии…). Кога тој ќе се почувствува дека таа не ги исполнува сите негови потреби и желби, почнува да бара внимание на друго место.

6. Тој премногу работи, здодевно му е или едноставно смета дека заслужува нешто посебно кое ќе биде само за него. Па, тука доаѓаат во игра проститутките, порното, аферите… Или пак, тој едноставно сака повеќе внимание од неговата девојка/сопруга и смета дека неговото оддалечување од неа ќе предизвика таа во иднина повеќе да го задоволува.

7. Тој е збунет за љубовта. Тој љубовта ја меша со првичната физичка привлечност и возбудата која доаѓа со новата романса, па затоа не сфаќа што точно значи да се љуби. Откако овие интензивни и нови чувства ќе се заменат со поблаги чувства на долготрајна поврзаност, искреност и емоционална интимност, тој почнува да ја бара првичната возбуда и страст на друго место.

8. Тој е зависен. Можеби има проблем со алкохол или дрога кој влијае врз начинот на кој донесува одлуки, па токму тоа го води кон ризично однесување. Тој исто така може да има проблем и со сексуална компулсивност, односно да ја користи сексуалната активност како еден начин на бегање од неудобните емоции и да се оддалечи од болката која ја создаваат одредени психолошки состојби.

9. Тој сака да си оди. Тој бара начин да стави крај на врската и решава да го стори тоа преку сексуални и романтични активности со цел да ѝ даде до знаење на неговата девојка/сопруга дека сака крај, без притоа да мора да го каже тоа со зборови. Или пак, станува збор за маж кој не сака да биде подолго време сам, па токму затоа прво бара нова и „подобра“ личност, а потоа ја напушта врската која не му одговара.

10. Тој има недостаток од машки пријатели. Доколку неговата потреба за одржување цврсти пријателства полни со поддршка од истиот пол не е исполнета, тогаш кога неговата партнерка ќе биде премногу зафатена, тој ќе се обиде да бара утеха и внимание од друга личност од која ќе очекува да ги задоволи сите негови емоционални и физички потреби.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар