10 продукти за убавина кои секогаш треба да ги имате во својата чанта

Без разлика како го поминувате вашиот ден, постојат одредени продукти кои е добро секогаш да ги носите во вашата чанта. Овие продукти се одлични за грижата за вашата кожа и ќе ви се најдат доколку треба да ја поправите шминката. Погледнете за што станува збор.

1. Балсам за усни

(1)10-produkti-za-ubavina-koi-sekogash-treba-da-gi-imate-vo-vashata-chanta-kafepauza.mk

Балсамот за усни е задолжителен продукт за убавина кој го има секоја жена. Усните се осетливи и се склони кон сушење, пукање и лупење. Поради ова, важно е секогаш со вас да го носите омилениот балсам.

2. Крема за раце

(2)10-produkti-za-ubavina-koi-sekogash-treba-da-gi-imate-vo-vashata-chanta-kafepauza.mk

Изгледот на вашите раце најбрзо ги открива вашите години. За да ја избегнете нивната сувост навикнете се да ставате крема секојдневно. Многу креми се и како парфеми, па можете да ги нанесувате до вашите зглобови.

3. Камена пудра

(3)10-produkti-za-ubavina-koi-sekogash-treba-da-gi-imate-vo-vashata-chanta-kafepauza.mk

За разлика од течната, камената пудра е најлесен начин да ја поправите вашата шминка. Користејќи многу малку можете да направите огромна разлика во изедначувањето на вашиот тен, покривањето на несовршеностите и впивањето на маснотиите на лицето.

4. Коректор

(4)10-produkti-za-ubavina-koi-sekogash-treba-da-gi-imate-vo-vashata-chanta-kafepauza.mk

Коректорот гледајте го како вистински Инстаграм филтер. Нанесувајќи го на темните кругови под очите, акните и црвенилото, коректорот ви го дава изгледот кој сте го посакувале. Покрај тоа, неговото пакување е мало, па нема да ви зафаќа премногу простор.

5. Црвен кармин

(5)10-produkti-za-ubavina-koi-sekogash-treba-da-gi-imate-vo-vashata-chanta-kafepauza.mk

Никогаш не знаете кога ќе треба да го подобрите вашиот изглед. Можеби неочекувано треба да одржите некоја презентација или да имате состанок веднаш после работата. Црвениот кармин има вистинска моќ на трансформирање, па затоа секогаш носете го со себе.

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар