10 причини зошто треба да бидете луди за да успеете во животот, бизнисот и љубовта

Лудоста е синоним за успех. Размислете, што е тоа што ги издвојува најголемите умови низ историјата од сите оние останати кои се заборавени со времето? Точно, сите тие биле нарекувани луди за она во што верувале. Токму затоа погледнете зошто и вие треба да бидете луди доколку сакате да успеете во секое поле од вашиот живот!

10 причини зошто треба да бидете луди за да успеете во животот, бизнисот и љубовта

1. Лудите луѓе воопшто не се грижат за она што другите го мислат

Лудите луѓе се добро запознаени со најголемата тајна која животот ја нуди: Откако ќе престанете да се грижите за она што другите го мислат, вие сте слободни да правите сè што ќе посакате. Кога не сте ограничени од она што е „социјално прифатливо“ вие едноставно продолжувате понатаму во животот без никакви препреки кон вашите соништа.

2. Лудите луѓе размислуваат надвор од границите

Многу луѓе ги чуваат своите мисли во минијатурна кутија која е заградена со 4 линии. Но, лудите луѓе немаат никаков проблем во надминување на овие граници и наоѓање нови перспективи.

3. Лудите луѓе не се грижат за правилата

Според нив, „правилата“ се создадени за оние луѓе кои немаат имагинација да можат да ги контролираат брилијантните и креативни умови. Како би можеле да напредувате и да живеете автентичен живот доколку постојано ги следите правилата и никогаш не работите на свој начин?

4. Кога некој ќе им каже „Не“ тие сè што слушаат е „Те предизвикувам“

Доколку им кажете „Не“ тие ќе направат сè што е во нивна моќ за да ви докажат дека не сте во право. Зарем бескрајната немилосрдност, одбивањето да бидете турнати, неспособноста да се смирите и силната самодоверба веднаш откако ќе бидете одбиени не се сите оние нешта кои се потребни за да бидете успешни на било кое поле од животот?

5. Лудите луѓе се доволно луди да веруваат во себе

Живееме во свет во кој сите постојано се натпреваруваат. Кога ќе сфатиме колку е голем овој свет и колку многу луѓе се борат за истата работа или истата личност, тоа може да предизвика да се откажете уште на самиот почеток. Но, сепак постојат и малкумина кои сепак успеваат да се изборат за своите соништа. И тие не секогаш го постигнуваат тоа бидејќи се талентирани или брилијантни, туку затоа што се доволно луди да веруваат дека имаат моќ да успеат!

6. Лудите луѓе не се плашат од неуспех

Постојаниот страв од неуспех е она кое на многумина не им дозволува да преземат ризик.  Но, лудите луѓе никогаш не се плашат да паднат. Тие не се плашат да удрат на цимент. Бидејќи не се перфекционисти, тие не се кријат во нивната удобна зона, штитејќи се од лошото, туку постојано се во потрага по она што знаат дека ќе ги усреќи.

7. Лудите луѓе не бараат дозвола

Тие никогаш и за ништо нема да побараат дозвола, бидејќи живеат според мотото „Подобро ќе молам за опростување, отколку да барам дозвола.“ Тие кога ќе намислат нешто едноставно го прават тоа. И којзнае, можеби токму тоа и ќе им донесе Оскар еден ден.

8. Лудите луѓе изобилуваат со див интегритет

Секој лидер на секоја социјална револуција досега бил нарекуван „луд“. Лудите луѓе не се способни да ја игнорираат вистината и да бидат замолчувани пред лицето на разновидноста.

9. Лудите луѓе се водени од страст, не од пари

Кога главната цел се парите, личноста не може многу далеку да стигне. Доколку постигнете финансиски успех, вие по некое време ќе спласнете бидејќи парите не се доволни за да ве одржуваат. Кога сте страсни, ништо не може да го изгасне вашиот оган и со тек на време, токму оваа страст ќе ве одведе до уште поголем и помоќен успех.

10. Лудите луѓе се доволно луди да веруваат во својот внатрешен глас

Тие се синхронизирани со нивното шесто сетило, внатрешен глас, срце, интуиција, инстинкт… Сите луѓе ја поседуваат оваа способност, но малкумина ѝ веруваат. Токму затоа и поголемиот дел од луѓето прават големи грешки, игнорирајќи го овој внатрешен глас кој се обидува да ги води кон вистинскиот пат. Лудите луѓе се доволно храбри да се слушаат самите и да ѝ веруваат на својата интуиција без притоа да се обидуваат да ја интелектуализираат.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар