10 причини зошто сме постојано гладни

Од рекламите за брза храна кои секојдневно ги гледаме, до рецептите за десерти на интернет, ние постојано се соочуваме со знаци кои укажуваат на вкусна храна. Освен тоа, најновите научни истражувања покажуваат дека честото пиење алкохол, недоволното спиење и гледањето телевизија со часови се причина за внесувањето на повеќе калории отколку што му се потребни на нашето тело. Пред да каснете уште нешто само затоа што сте под стрес, прочитајте ги најчестите причини кои предизвикуваат постојано чувство на глад.

10 причини зошто сме постојано гладни

Зачестено пиење алкохол

Според едно американско истражување, алкохолот е поголем фактор кој доведува до прејадување, за разлика од долгото гледање телевизија. Научниците велат дека пиењето алкохол го зголемува нивото на грелин, хормон кој прави да се чувствувате гладни. Дури и една чаша алкохол со оброкот може да направи да чувствувате глад откако ќе завршите со јадењето. При едно истражување, испитаниците биле поделени во две групи. Првата група јадела високо калорична храна и пиела алкохол, а втората група јадела ниско калорична храна и не пиела алкохол. Се покажало дека испитаниците кои пиеле алкохол чувствувале глад, иако јаделе високо калорична храна.

Повеќечасовно гледање телевизија

Луѓето кои гледаат телевизија повеќе од два часа имаат поголема склоност кон дебелеење. Околу 60% од Американците го имаат овој проблем. Повеќечасовното гледање телевизија се поврзува со консумацијата на високо калорична храна како пица и засладени безалкохолни пијалаци.

10 причини зошто сме постојано гладни

Недоволно спиење

Ако не можете да заспиете до доцна во ноќта, наредниот ден нема да се чувствувате само изморени, туку и гладни. Луѓето кои спијат само 5 часа внесуваат 221 калорија повеќе од оние кои спијат 8 часа. Прескокнувањето на сонот го намалува количеството на хормонот лептин, а го зголемува нивото на хормонот грелин (хормон на гладот).

Бомбардирање со реклами за храна

Ако сте потрошиле барем пет минути читајќи рецепти за храна на интернет, тоа значи дека вашиот мозок е во потрага по храна. Гледањето слики на кои има вкусна храна ги активира мозочните центри да реагираат на сликите, така што ќе дојде до прејадување. Рекламите за храна може да поттикнат глад дури и ако редовно сте ги консумирале сите оброци. Ако се обидувате да ослабнете, тогаш шансите да бидете заведени од овие реклами се уште поголеми.

10 причини зошто сме постојано гладни

Јадење заедно со пријателите

Одлучувате да јадете во ресторан и, додека пријателот до вас нарачува стек, вие се обидувате да го задоволите апетитот само со салата. Дали ова ви звучи познато? Луѓето имаат тенденција меѓусебно да ги имитираат навиките за јадење, почнувајќи од видот на храната па сè до интервалите на внесување залаци во устата. Научно е докажано дека пољубезните лица оние кои сакаат да бидат учтиви кон своите пријатели, никогаш не ја одбиваат храната која некој друг ќе им ја понуди.

Прескокнување на појадокот

Според една студија објавена во американското списание за епидемиологија, луѓето кои го прескокнуваат појадокот имаат 5 пати поголеми шанси да се здебелат. Што се случува кога ќе го пропуштите појадокот? Вашиот метаболизам станува побавен, гладот се зголемува, мастите се складираат во телото и се зголемуваат шансите за прејадување со следниот оброк. Појадокот не треба да се состои од тешка и мрсна храна. Млекото и житариците кои содржат 500 калории го задоволуваат потребите за храна во текот на утрото.

10 причини зошто сме постојано гладни

Пребрзо јадење

Сè почесто се случува да брзаме некаде и заради тоа да немаме време за јадење. Каснувањето неколку залчиња набрзина е лоша идеја. Брзото јадење не му дозволува на стомакот да ги ослободи хормоните кои ќе му кажат на мозокот дека повеќе не чувствувате глад и треба да престанете да јадете. Тоа значи дека колку подолго јадете, толку повеќе време ќе се чувствувате сити.

Купување мали слатки задоволства

Едно помало чоколадо може да биде многу опасно за вашата линија. Високо калоричните ужинки доаѓаат во мали пакувања и затоа луѓето имаат тенденција да изедат повеќе од нив, за разлика од храната во големи пакувања. Истражувачите велат дека малите пакувања се секогаш прв избор на оние кои се постојано гладни. Освен тоа, едно мало пакување обично не е доволно, туку потребни се неколку мали слатки задоволства за ублажување на гладот.

10 причини зошто сме постојано гладни

Незадоволство од работното место

Еден арогантен шеф или тешка работна задача можат многу да влијаат на вашите навики за јадење. Од 230 испитанички кои учествувале во едно истражување, оние кои биле незадоволни од работата имале поголема склоност кон емоционално, односно неконтролирано прејадување, во споредба со оние кои биле задоволни од своето работно место.

Зависност од газирани сокови

Вистина е дека газираните сокови со назнака „лајт“ не содржат шеќер, но содржат супстанци кои се замена за шеќер и поради кои мозокот не може да ја контролира потребата за јадење. Мозокот веќе ја научил врската меѓу засладените храна или пијалаци и калориите кои тие ги обезбедуваат во регулирањето на внесувањето храна. Постојаното пиење газирани сокови испраќа сигнали до мозокот како да сме консумирале нешто слатко, но телото не ги добива очекуваните калории. Тоа го збунува мозокот кој ја прекинува врската помеѓу шеќерот и калориите и така нашата контрола за засладена храна станува послаба.

10 причини зошто сме постојано гладни

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

  1. Наташа Reply

    Многу добра тема и секогаш актуелна. Добро опфатена. Ми се допаѓа. Продолжете!

Остави коментар