10 причини зошто секогаш да бидете убаво облечени

Автор: Боро Мирчески

Првиот впечаток кој може да го оставиме било да станува збор за средба со пријател, девојка или момче или пак со потенцијален работодавец е од особена важност. Пристојното облекување може да ви отвори многу врати, а со тоа да ве направи да се чувствувате посамоуверено, погордо и секако посреќно.

Кога говориме за убаво облекување, не говориме дека облеката на вас мора да чини неколку илјадници денари. Токму спротивното! Под убаво или пристојно облекување се подразбира да бидете облечени соодветно за пригодата на која присуствувате, во чиста и убаво испеглана облека и најважно од сè, во облека која вам најпригодно ви одговара.

Постојат низа причини зошто е препорачливо секогаш да сте убаво и пристојно облечени, а ние ви одвојуваме 10 проверени, кои и тоа како ви одат во прилог.

10 предности зошто секогаш да бидете убаво облечени

1. Убаво облечените луѓе може многу полесно да добијат зголемување на платата од 5 до 10 проценти. Според истражувањето „Убавината и пазарот на труд“ објавено од Националното биро за економски истражувања во САД, луѓето кои се привлечни и притоа соодветно облечени на работното место, уживаат премија на својата плата од најмногу 10 проценти, за разлика од нивните колеги кои се помалку убаво облечени за време на работата.

2. Ако сте тргнале на интервју за работа и притоа сте убаво облечени, бидете сигурни дека ќе бидете издвоени од „морето“ на пријавени кандидати за вашата омилена работна позиција. Личниот впечаток кој го оставате кај потенцијалниот работодавец е од особена важност за премин од првиот круг во вториот.

3. Ако се вработувате во некоја компанија и притоа сте убаво облечени, имате за 20% поголема шанса за повисока стартна плата од некој кој претендира за истото работно место, а се облекува несоодветно.

4. Доколку треба да држите говор или презентација, бидете убедени дека е задолжително да бидете убаво облечени. Тоа е доказ дека ќе ја зголемите вашата убедливост во тоа што го кажувате, а на слушателите ќе им биде подраго истовремено да ве слушаат, но и да ве гледаат.

5. Соодветната облека и тоа како може да ви го зголеми личниот кредибилитет без разлика дали станува збор за деловно или приватно поле.

10 предности зошто секогаш да бидете убаво облечени

6. Секако дека облеката не е никаков доказ дека подобро облечените луѓе имаат подобар деловен или личен перформанс. Сепак, и пристојната облека и атрактивноста носат и некои негативни последици. Некои американски истражувања покажуваат дека луѓето имаат поголеми очекувања за одредени работи од убаво облечените и атрактивни индивидуи, отколку од оние кои се помалку атрактивни и понесоодветно облечени.

7. Пристојното облекување е причина за зголемување на личната самодоверба.

8. Убавата облека која вам најугодно ви прилега може и да ве направи посреќни. Потсетете се колку пати сте се насмеале кога наутро сте се погледнале во огледало и сте си се допаднале како изгледате.

9. Убаво облечените луѓе оставаат многу подобар впечаток кај спротивниот пол.

10. Доколку изгледате пристојно, многу е поголема веројатноста да имате и поголем број познаници и пријатели.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. МБ Reply

    И за крај да се потсетиме дека сепак ОБЛЕКАТА НЕ ГО ПРАВИ ЧОВЕКОТ.

  2. Нина Reply

    Глупости. Еден куп научници доктори и сл кои се вредни за почит и светот ги препознава кај и да се појават, се облекуваат скоро како бездомници. Зашто е тоа така? Затоа што сватиле дека во животот облеката е битна само да е чиста, а не да е по најнова мода. Денес мода следи оној кој сака да следи, а ова погоре нема благе везе у реалноста.

  3. Нина Reply

    И да додадам. Не ми е потребно да имам еден КУП познаници, потребни ми се добро селектирани пријатели кои секогаш ке се тука за мене. Исто како што и не ми е потребно партнерот да ме сака поради кратко здолниште, туку по ОНА што сум ЈАС.

  4. Јасничка Reply

    е ај сега ќе се лажеме дека облеката не била битна, кога всушност е! и сами знаете дека ако си облечен добро така и се чуствуваш. и незнам каде пишува дека мора да е по најнова мода, ма да ако некој се чуствува добро носејќи ѕвонарки од 80-те негова работа! не туку се правете нешто што не сте, не одете во крајности и не сваќајте се буквално, ако не ви е битна облеката одете ко клошари по улица!

  5. Бојана Reply

    Кога говориме за убаво облекување, не говориме дека облеката на вас мора да чини неколку илјадници денари. Токму спротивното! Под убаво или пристојно облекување се подразбира да бидете облечени соодветно за пригодата на која присуствувате, во чиста и убаво испеглана облека и најважно од сè, во облека која вам најпригодно ви одговара.

    ШТО Е НЕЈАСНО ТУКА??? Шетајте ко клошари и уживајте во тоа… не сте ми јасне луѓе

  6. Нина Reply

    Многу поубаво е да има човек убав речник него ли убава облека, Две девојки рекоа КЛОШАРИ, колку е тоа само сиромашно…што ако би биле дотерани кога имаат мизерен речник . Жалосно.

    • Јасничка Reply

      Јас многу им се извинувам на вистинските дами кои се секогаш прибрани и никогаш ама баш никогаш не употребиле збор од кочијашки речник. алал да ви е:)

  7. Бојана Reply

    КЛОШАРИ… упс!!!

  8. Ели Reply

    Станува збор за – 10 причини зошто секогаш да бидете убаво облечени и предностите. Тоа секако дека не е покритие за некомплетна личност, недоволно образование…

  9. Violeta Reply

    cccccc,sto da komentiram,frustraciii,frustraciiii,abe i zabavata ja pretvaraat vo horor. Inaku fustanot e prekrasen, a najbitno od se e pozitivnosta,harizmata,nasmevkata,cesnosta,tolerancijata i dr doblesti na duhovnosta.Uzivajte vo zivotot.

  10. Blabla Reply

    Znachi prvo tekstot gi opishuva pozitivnite strani na ubavoto oblekuvanje, vtoro na prv pogled nemozeme da ja procenime chovekovata doblest, rechnik na izrazuvanje i ostanati raboti koi gi spomnavte tuku prvo zabelezuvate kako izgleda chovekot i ne mudruvajte mnogu oti mnogu dobro site znaete deka e taka, prvo chovek go procenuvate spored izgledot, toa e toj prv vpechatok. Tretto pod ubavo oblekuvanje ne se spomnuva oblekuvanje po najnova moda i najskapi parchinja i ne gi meshajte rabotite, pod ubavo oblekuvanje se podrazbira oblekata da prilega na chovekot shto ja nosi, da bide soodvetna za prigodata i da bide uredna , cista, ispeglana. I konechno aman lugje ednash probajte toa shto go chitate da go razberete pred da go krtikuvate ili samo gledate kade da najdete neshto da kritikuvate i da se pravite pametni so toa. Toa e mizerno a ne tekstot. :)

  11. Slovenska Reply

    Ruvo krasi ruvo gnasi .

Остави коментар