10 причини зошто не треба да се загрижувате за изливите на бес кај вашето малечко

Моментите на бес и незадоволство кај децата многу лесно може да прераснат во фрустрација и чувство на немоќ кај родителите. Изливите на бес претставуваат вистински предизвик во воспитувањето и родителите често се соочуваат со прашањата: Што правам погрешно? Дали му посветувам малку внимание? Или премногу? Дали е сѐ во ред со моето дете? Драги загрижени мајки и татковци, сѐ е во најдобар ред! Изливите на бес кај вашето малечко всушност се важен дел од неговото емоционално созревање и претставуваат здрави детски реакции, а еве и зошто.

1-10-prichini-zoshto-ne-treba-da-se-zagrizhuvate-za-izlivite-na-bas-kaj-vasheto-malechko-www.kafepauza.mk_

1. Детето ќе спие подобро

Ова е сосема логичен и едноставен заклучок. Кога ќе ја испуштиме негативната енергија од себе, дури и ако тоа е преку бесот, ние се ослободуваме од стресот. Ист е случајот и со малечките. Оставете го вашето дете да го исплаче своето до крај. После тоа ќе биде многу помирно, опуштено и ќе заспие без проблеми.

2. Детето запознава нови чувства и се навикнува на нив

Сите ние низ животот и созревањето ги запознаваме нашите чувства, па така и вашето дете. Бесот, фрустрацијата, тагата, па и непредвидливиот страв се дел од животот на секој од нас, но за малото дете и понатаму се нова работа. Дозволете му на вашето малечко да се избори со тие чувства, да се навикне на нив и да научи да ги контролира.

3. Вашето малечко не се плаши да ви ги покаже своите чувства

Доколку детето бурно реагира заради некоја ваша одлука, тоа значи дека доволно ви верува за да ги сподели со вас своите тага и бес. Покажете му дека ги разбирате неговите чувства и однесувајте се кон него со многу нежност и љубов. Но, не откажувајте се од вашите првобитни одлуки.

2-10-prichini-zoshto-ne-treba-da-se-zagrizhuvate-za-izlivite-na-bas-kaj-vasheto-malechko-www.kafepauza.mk_

4. Со правилен став, таквите моменти го градат вашиот авторитет

Доколку не се откажувате од вашите одлуки заради кои детето реагирало, ќе го научите вашето малечко дека цврсто стоите зад своите зборови и дека не може да манипулира со вас. Тоа кај вашето дете ќе изгради многу позитивна слика за вас, и ќе ве гледа како личност чии зборови имаат тежина.

5. Плачењето е понекогаш патот до лекцијата

Доколку детето се обидува да научи или да направи нешто и наиде на потешкотии, можно е да дојде до изливи на бес. Детето ќе плаче заради својата фрустрација и неможноста да постигне нешто. Најпосле, кога ќе се смири и ќе се ослободи од чувството на стрес, малечкото ќе биде опуштено и подобро ќе размислува, па големи се шансите дека после тоа ќе успее во својот прв обид.

6. Низ солзите се исфрла кортизол, хормонот на стрес

Плачењето нè ослободува од стресот и тоа сме го почувствувале на сопствена кожа. Не е воопшто лесно да гледате некого како плаче, но имајте на ум дека после секое невреме доаѓа сонце. Детето после плачењето ќе биде подобро расположено и многу полесно ќе прифати разговор.

7. Детето ќе биде помирно надвор од домот

Доколку вашето дете има изливи на бес во домот, шансите дека тоа ќе се случи во јавност се многу мали. Направете вашето малечко да се почувствува сигурно да ги покаже своите чувства дома, така што ќе биде мирно, послушно и опуштено во јавноста.

3-10-prichini-zoshto-ne-treba-da-se-zagrizhuvate-za-izlivite-na-bas-kaj-vasheto-malechko-www.kafepauza.mk_

8. Ваквите моменти градат самодоверба

Изливите на бес се показател дека вашето дете ја запознава својата личност и ги раздвојува своите желби и чувства од вашите.

9. Детето развива чувство за емпатија

После бурната детска реакција, вашиот одговор ќе биде од суштинска важност. Ако детето почувствува дека сочувствувате со него, и дека му искажувате нежност и љубов, иако ви се спротивставило, тоа ќе му помогне да препознае емпатија и со тек на време и самото ќе започне да ја покажува кон другите.

10. Вашето малечко ќе ве научи како да ги контролирате вашите сопствени реакции

Тешко е да се носите со ваквите ситуации, но ќе научите како понекогаш да ги оставите вашите чувства на страна и да размислувате со студена глава за она што ги држи работите под контрола.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар