10 прекрасни нешта што ќе ви се случат кога ќе си поставите свои граници

10 прекрасни нешта што ќе ви се случат кога ќе си поставите свои граници

Не можете да правите сѐ за сите луѓе. Доколку не умеете да кажете „не“ и секогаш ги ставате туѓите чувства и потреби пред своите, тогаш голема е веројатноста честопати да бидете исцрпени и без енергија. Затоа, поставувањето свои граници може да направи да се чувствувате подобро. Всушност, ова е начин да ги задржите луѓето надвор, што ќе резултира со подобар живот за вас и за вашите сакани. Погледнете кои придобивки ќе ги добиете кога ќе научите кога и каде да ги поставите своите граници.

10 прекрасни нешта кои ќе ви се случат кога ќе си поставите свои лимити

1. Ќе бидете повеќе свесни за себе

Свесноста за себе е вештина што ви помага да ги познаете своите потреби и чувства, а не да бидете врзани за некое друго лице од околината. Креирањето свои ограничувања е чин којшто може да ви биде од голема корист.

2. Можете да станете подобар пријател и партнер

Границите ви овозможуваат да се наполните со енергија. Кога не сте целосно насочени кон другите, ќе имате повеќе енергија да се посветите на она што го сакате. Доколку не поставите свои ограничувања, другите ќе го направат тоа за вас. Истражувањата покажале дека луѓето со помалку ефикасни граници имаат поголема веројатност да ги прекршат границите на другите.

3. Подобро ќе се грижите за себе

Границите ви помагаат да ѝ дадете приоритет на вашата благосостојба. Запомнете дека не е себично да се грижите за себе и за своите потреби, а на второ место да ги ставите потребите на другите. Поставете си свои граници и бидете поефикасни во она што го правите.

4. Помалку ќе бидете изложени на стрес

Ако постојано дозволувате другите да го диктираат вашето однесување, тоа ќе биде исцрпувачко за вас. Без граници и лимити ќе ги чувствувате туѓите проблеми како свои и ќе бидете изложени на дополнителен стрес.

5. Ќе можете подобро да комуницирате

Со цел да поставите вистински граници, потребно е да си разграничите што можете, а што не можете да толерирате. Изразувањето на своите потреби исто така ќе ви овозможи да бидете пореални при поставувањето лимити.

10 прекрасни нешта кои ќе ви се случат кога ќе си поставите свои лимити

6. Повеќе ќе им верувате на другите

Некои луѓе мислат дека со поставувањето граници тие ќе ги повредат или ќе им наштетат на другите и дека на овој начин нема да бидат сакани и прифатени. Но, вистината е дека со покажувањето на своите граници вие им давате до знаење на другите дека им верувате, при што им ги покажувате вашите емоции. Поголемата доверба значи градење подобри односи.

7. Ќе бидете помалку лути

Кога не поставувате граници, вие им давате власт на другите над вашиот живот, а тоа може да доведе до лутина. Бидете самоуверени и разумни, па поставете си ги потребните лимити за да бидете среќни.

8. Научете да кажете „не“

„Не“ можеби делува како мал збор, но во некои случаи може да биде навистина моќен. Дозволете овој збор да влезе во вашиот речник, употребувајте го секогаш кога мислите дека имате потреба, и брзо ќе забележите промени кон подобро!

9. Ќе ги правите работите што навистина сакате да ги правите

Поставувањето граници ви дава поголема можност да ги завршите работите и активностите што навистина сакате да ги правите. Тие ви отвораат поголеми можности при што можете поефикасно да ги искористите вашето време и енергија.

10. Ќе имате повеќе разбирање за другите

Кога сте внимателни кон себе и знаете кои се вашите граници, тогаш ќе имате можност да бидете потолерантни кон другите, бидејќи ќе можете да ги сфатите и нивните граници и потреби.

Поисполнет живот, подобра личност и подобри односи со другите. Па, не звучи како лоша идеја!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар