10 прашања што ќе ви помогнат да си го подобрите квалитетот на животот

10 прашања што ќе ви помогнат да си го подобрите квалитетот на животот

Есента е период кога се чувствуваме најисцрпено. Деновите стануваат пократки, мотивацијата значително ни се намалува и сѐ што посакуваме е да го навиеме алармот за да нѐ разбуди кога ќе дојде пролет. Добрите вести се дека можете да си ја вратите енергијата и инспирацијата кои ќе ви помогнат да останете продуктивни, позитивни и успешни. За да го сторите тоа, поставете си ги следниве 10 прашања секогаш кога ќе почувствувате дека ве обзема есенската меланхолија…

10 прашања што ќе ви помогнат да си го подобрите квалитетот на животот

1. Кога последен пат се напивте вода?

Ако тоа се случило пред повеќе од еден час, напијте се чаша вода и дадете си оддишка за момент.

2. Кога последен пат јадевте?

Доколку последен пат сте јаделе пред повеќе од 2 или 3 часа, изедете нешто што содржи јаглехидрати. Ќе се изненадите од тоа колку проблеми ќе успеете да решите откако ќе ставите малку храна во желудникот. Нашите мозоци функционираат на чуден начин. Кога сме гладни, наместо да нѐ натераат да отидеме до најблиската продавница или фрижидер, нашите мозоци нѐ наведуваат да размислуваме за тешки и необјасниви прашања.

3. Кога последен пат сте вежбале?

Недостатокот на физичка активност е како магија што ги повикува демоните на депресијата и исцрпеноста. Можеби мислите дека доколку поминете некое време седејќи во мир и тишина ќе ја обновите енергијата, но тоа не е вистина. Еволуцијата ни наложува постојано да бидеме во движење и поради тоа не можете да ги наполните батериите од каде било. Најдобриот начин да си го подобрите расположението е да отидете на прошетка или на џогирање околу 40 минути. Доколку има сала за вежбање во близина на вашето место на живеење, посетете ја. Еден час физичка активност е доволен за да го обезбеди мозокот со хормони за среќа и веднаш ќе се чувствувате подобро.

4. Кога последен пат сте направиле нешто што ве исполнило?

Кога нашиот вложен труд нема да ни донесе резултати, се чувствуваме беспомошно. Но, постои начин да го смените тоа. Обидете се да извршувате различни задачи кои знаете дека ќе можете да ги завршите. Напишете писмо. Направете плејлиста за вежбање. Средете си ја собата. Направете нешто што ќе ви ја врати контролата врз вашиот живот и поради што ќе се чувствувате исполнето.

5. Кога последен пат сте јаделе овошје?

Ова нема веднаш да ви донесе резултати, но доколку барем еднаш изедете некое овошје, ќе го ослободите вашиот ум од негативните мисли и чувства.

10 прашања што ќе ви помогнат да си го подобрите квалитетот на животот

6. Кога последен пат сте се пофалиле самите себеси?

Честопати чекаме другите да нѐ пофалат, исто како што детето чека пофалба од неговите родители. Но, кога ќе станеме возрасни, мора самите себеси да си бидеме родители. Нормално е да посакуваме пофалби од луѓето околу нас, но добро е понекогаш и самите да си се пофалиме кога навистина заслужуваме. Во секој од нас постои нешто извонредно и најважно е да го најдеме тоа и да го негуваме.

7. Кога последен пат сте спиеле? Колку долго?

Веројатноста е дека сте спиеле минатата вечер, но доколку не сте спиеле повеќе од 6 часа, сите проблеми што треба да ги решите, ќе ги решите кога ќе отспиете 8 часа. Доколку морате да донесете одлука, побарајте помош од некој кој спиел 8 часа. Ако не ви се допаѓа неговото решение, постои голема веројатност дека тој е во право, но вам ви треба повеќе сон за да го сфатите тоа. Не постои дел од вашиот мозок и тело што нема да страда доколку не спиете доволно.

8. Кога последен пат сте кажале убав збор некому?

Нареден пат кога ќе сретнете некој познајник, размислете кои се неговите таленти и најдете вистинска причина за да го пофалите. Кажете по некој убав збор за неговите постигнати успеси и веднаш ќе откриете какво влијание ќе има оваа постапка на вашите чувства и мисли.

9. Дали сте прегрнале некого во последните два дена? Колку пати?

Прегратките се многу важен дел од животот на човекот. Децата кои не добиваат доволно прегратки, кога ќе пораснат стануваат анксиозни и нервозни. Возрасните, пак, почесто се разболуваат и побрзо се заморуваат. Доколку не сте прегрнале некого подолго време, не срамете се да побарате прегратка. Прегрнете го вашето домашно милениче! Пет минути љубов и топлина можат да направат чуда за вашето расположение и енергија.

10. Дали неодамна сте се исцрпиле физички или психички?

Имате еден куп обврски и истовремено се карате со вашите најблиски. Можеби тоа не ви претставува голем проблем во моментот, но кога сѐ ќе ви се собере, ќе почувствувате како губите енергија и волја со неверојатна брзина. Доколку сте завршиле со сите обврски, прилегнете си и одморете. Пет секунди полека земајте воздух, задржете го и потоа 8 секунди испуштајте го. Повторете го истото. Лежете така 10 минути и концертирајте се само на вашето дишење, а не на мислите кои ви го окупираат мозокот.

Најважно од сѐ: Не заборавајте да се грижите за себеси! Погрижете се најпрво за сопствените потреби, за да можете потоа да им помогнете и на другите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар