10 подароци кои вашиот сопруг тајно ги посакува

И мажите сакаат изненадувања и подароци, иако не секогаш го признаваат тоа. Доколку вашиот сопруг не ви кажал што сака, погледнете ја оваа листа и изненадете го со нешто. За малите изненадувања не ви е ни потребен повод, можете да му го разубавите кој било ден.

1. Правете ги работите што тој ги сака

(1)10-podaroci-koi-vashiot-soprug-tajno-gi-pozakuva-kafepauza.mk

Тој нема да ве натера да правите нешто што не сакате. Но, ќе се чувствува навистина убаво и сакано ако направите нешто што тој го сака, на пример, да гледате фудбал со него.

2. Традиција

mountainbike couple outdoors

Дајте му подарок кој ќе трае постојано, и кој ќе стане ваша традиција со која ќе создавате прекрасни нови спомени. Можеби ќе се одлучите секоја сабота да возите велосипеди, или пак, еднаш неделно да готвите заедно.

3. Интерна шега

(3)10-podaroci-koi-vashiot-soprug-tajno-gi-pozakuva-kafepauza.mk

Најдобрите подароци секогаш се наједноставни, но со големо значење. Дајте му подарок кој ќе го потсетува на некоја шега која ја разбирате само вие двајцата.

4. Авантура

(4)10-podaroci-koi-vashiot-soprug-tajno-gi-pozakuva-kafepauza.mk

Направете мал лов на богатство, или одете на прошетка во некоја шума. А за вечера пак, можете да пробате и некоја чудна храна.

5. Нека научи нешто ново

(5)10-podaroci-koi-vashiot-soprug-tajno-gi-pozakuva-kafepauza.mk

Кога ќе го запишете на часови по гитара или пак ќе му набавите материјал за да го научи јазикот кој го сака, не само што ќе му помогнете да ја оствари својата цел, туку на овој начин ќе му покажете дека верувате во него и во неговите способности.

6. Состанок

(6)10-podaroci-koi-vashiot-soprug-tajno-gi-pozakuva-kafepauza.mk

Тој нема да ви рече да го викнете на состанок. Но верувајте дека навистина ќе се израдува кога ќе го поканите на вечера. Бидете креативни, или пак одете во кино или во некој ресторан.

7. Време за гушкање

(7)10-podaroci-koi-vashiot-soprug-tajno-gi-pozakuva-kafepauza.mk

И машките сакаат да се гушкаат. Поминете ја целата вечер во прегратките на партнерот.

8. Направете да се чувствува секси

(8)10-podaroci-koi-vashiot-soprug-tajno-gi-pozakuva-kafepauza.mk

Тој нема да ви бара комплименти, но навистина ќе му значи кога ќе му кажете колку убаво изгледа.

9. Технологија

Денес имаме огромен избор на вакви играчки. Изненадете го со полнач за телефон на соларна енергија или пак мал принтер кој го претвора телефонот во инстант фотоапарат.

10. Љубовно писмо

(10)10-podaroci-koi-vashiot-soprug-tajno-gi-pozakuva-kafepauza.mk

Не мора да пишувате многу. Доволно е скришно да ставите мала слатка порака во неговиот џеб која ќе му го разубави денот кога ќе ја пронајде.

Погледнете уште неколку совети кои ќе ви помогнат да го одберете совршениот подарок за него.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар