10 парчиња кои ѝ се потребни на секоја девојка ова лето

10 парчиња кои ѝ се потребни на секоја девојка ова лето

Лето. Време е за летна облека, коктели и безбројни забави на отворено небо. Како што температурите одат сѐ погоре и погоре, така доаѓа време да ги извадиме летните фустанчиња, удобните сандали и сите нешта кои врискаат лето. Ова се есенцијалните нешта кои ви се потребни оваа сезона.

1. Лелеав фустан

Совршен, лесен и успева да се претопи во секоја комбинација – ова парче дефинитивно е едно од оние што нема да ги слечете цело лето.

Sukilynn Photography

2. Ресести сандали

Не секогаш треба да носите високи потпетици за да оставите добар впечаток. Оваа сезона, дизајнерите и модните ентузијасти многу повеќе се фокусирани на комфорот. Затоа, одберете го совршениот пар сандали и додадете бохо шик во вашиот изглед.

2-10-parcinja-koi-i-se-potrebni-na-sekoja-devojka-ova-leto-kafepauza.mk

3. Шорцеви со фалти

Освен нивната практичност и елегантност, овие шорцеви се апсолутно совршени за топлите работни денови. Да, да, дозволено е да носите шорцеви на работа само под услов да се со соодветна должина, а овие се токму такви.

3-10-parcinja-koi-i-se-potrebni-na-sekoja-devojka-ova-leto-kafepauza.mk

4. Кроп топ со голи раменици

Ваквите кроп топови почнаа да се појавуваат насекаде и искрено ние не можеме да се заситиме од нив. Женствени и заводливи и згора на сѐ – ладат во горештините. Што би можеле повеќе да побараме!? Ако се прашувате како да ги носите тогаш најдобра идеја е со фармерки со висок струк, шорцеви или со здолниште за да бидете сигурни дека проблематичните делови се добро скриени. Ако ова не ве убеди да ги облечете, тогаш што велите на фактот дека ви ги прават нозете неверојатно долги? Вреди да се размисли нели?

4-10-parcinja-koi-i-se-potrebni-na-sekoja-devojka-ova-leto-kafepauza.mk

5. Долгнавести обетки

Веќе ги видовме насекаде – од матурантките за нивната голема вечер, до модните блогери, а дури и на модните писти. Каде и да се свртите, на сечии уши ќе видите вакви обетки. Изгледаат прекрасно и даваат нота на ненадминлива елеганција. Ако се одлучите за ваков пар и се решите да им дадете поддршка на македонските дизајнери, тогаш топла препорака ни се Sim’s World со нивните прекрасни модели.

5-10-parcinja-koi-i-se-potrebni-na-sekoja-devojka-ova-leto-kafepauza.mk-2

6. Бела тантелна блуза

Совршена за ноќните излегувања и летните фестивали кои следат, па дури и за на плажа. Носете ги врз кошула, топ или за да го прекриете костимот за капење. Практична елеганција е дефинитивно описот кој треба да се најде на вашата летна листа.

6-10-parcinja-koi-i-se-potrebni-na-sekoja-devojka-ova-leto-kafepauza.mk

7. Бел блејзер од лен

Оние кои добро ги познаваат летните материјали, знаат дека ленот е еден од најпријатните и најубавите. Има безброј начини како да го носите, од формалните комбинации до оние посекојдневните. Ако целите кон софистициран, но сепак едноставен летен изглед, тогаш летниот бел блејзер е одличен избор, а ленот ќе ве одржи свежи за време на летните жеги.

7-10-parcinja-koi-i-se-potrebni-na-sekoja-devojka-ova-leto-kafepauza.mk

8. Нежни златни алки

Иако да ги накитите рацете со накит е сѐ уште тренди, има некоја неопислива елеганција и софистицираност во едноставните златни алки. Со нив никогаш не можете да згрешите.

8-10-parcinja-koi-i-se-potrebni-na-sekoja-devojka-ova-leto-kafepauza.mk

9. Плетена чанта

Едно од најважните нешта кои ви се потребни за на плажа е убавата плетена торба. Обична или со детали, можностите се неограничени.

9-10-parcinja-koi-i-se-potrebni-na-sekoja-devojka-ova-leto-kafepauza.mk

10. Кожни сандали со мотиви од кафез

Горе спомнавме дека ова лето се фокусираме на комфорот. Затоа уште еден пар сандали кои дефинитивно морате да ги имате се кожните сандали инспирирани од кафезите. Нивната интересна структура ќе ја разбие монотонијата на облеката и ќе ви даде поризичен изглед. Сепак, летото е најпогоден период за промени.

10-10-parcinja-koi-i-se-potrebni-na-sekoja-devojka-ova-leto-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар