10 оригинални и креативни идеи за украсување на велигденските јајца

Не само што е најголем христијански празник, Велигден е ден кога може да ја покажете вашата креативност во најголема мера. Играјте со бои, креирајте форми и направете ги вашите велигденски јајца уникатни и интересни како никогаш досега. Ние само ќе ви дадеме некои идеи за да ја поттикнеме вашата креативност, останатото е во ваши раце, забавувајте се!

1. Акварел јајца

Земете темперни или водени бои и обојте ги јајцата по ваша желба. Потоа со фломастери нацртајте најразлични весели фигури и дизајни. Доколку имате малечки дечиња, дајте им ја нив оваа задача. Не само што ќе ги израдувате, туку и ќе ви бидат од помош.

10 оригинални и креативни идеи за украсување на велигденските јајца

2. Омбре јајца

Омбре стилот стана многу популарен, во облеката, фризурите, ноктите, па зошто да не и на велигденската трпеза? Целата постапка е многу едноставна. Додека ги вапсувате јајцата, чувајте ги различен период во бојата за вапсување. Колку подолго стојат толку поинтензивна ќе биде бојата. Потоа во вашата кошничка наредете ги велигденските јајца по нијанси.

10 оригинални и креативни идеи за украсување на велигденските јајца

3. Г-дин Јајце

Сте го запознале господинот Јајце? Тој ќе ја разигра вашата велигденска трпеза и ќе ги расположи членовите на вашето семејство, особено најмладите. На јајцата нацртајте им лице, секако не смеете да ги заборавите мустаќите. Сместете го господинот Јајце во чашка за јајце која претходно ќе ја украсите со самолеплива хартија. Направете му и капа од листови во боја, „дотерајте“ го по ваша желба.

10 оригинални и креативни идеи за украсување на велигденските јајца

4. Велигденска радост

Откако ќе ги бојадисате јајцата оставете ги добро да се исушат. Потоа со помош на четка за сликање, на повеќе места на јајцето направете неколку точки во облик на цвет. Употребете различни бои за да биде вашата декорација уште поинтересна, а по можност користете темпера. Потоа залепете монистра во центарот на секое цветче. Не запирајте само на овој дизајн, останатите јајца украсете ги поинаку. Од бела самолеплива хартија, исечете различни форми и залепете ги на јајцата. Потоа залепете монистра во средина на двете страни. Уште подобро доколку имате монистра во различни бои.

10 оригинални и креативни идеи за украсување на велигденските јајца

5. Светки и шаренила

Нанесете лепило по површината на јајцето, потоа извалкајте го во шарени светки. Толку лесна постапка, а толку уникатен изглед на вашите велигденски јајца.

10 оригинални и креативни идеи за украсување на велигденските јајца 10 оригинални и креативни идеи за украсување на велигденските јајца

6. Шаренковци

Купете конци во најразлични бои и замотајте ги јајцата во нив. Бидете слободни да играте со боите и дезените по ваша желба.

10 оригинални и креативни идеи за украсување на велигденските јајца

7. Ботанички дизајн

Залепете суви листови и малечки цветови на јајцата. Потоа замотајте ги во парчиња тенок текстил, па во лушпи од кромид и оставете ги да се варат.

10 оригинални и креативни идеи за украсување на велигденските јајца 10 оригинални и креативни идеи за украсување на велигденските јајца

Самите лушпи ќе им дадат боја на јајцата, па така тие ќе добијат боја на ќерамида. Потоа отстранете ги листовите и цветовите и уживајте во декорациите кои ги добивте како резултат на вашата работа. За поинтензивна боја, препорачливо е лушпите од кромидот да ги оставите во ладна вода неколку минути пред да почнете со постапката.

10 оригинални и креативни идеи за украсување на велигденските јајца 10 оригинални и креативни идеи за украсување на велигденските јајца

Исто така, лушпите од кромидот може да ги искористите додека ги вапсувате јајцата со црвена боја, бидејќи со нивна помош ќе добиете уште поинтензивна црвена боја.

8. Декорација со семе од растенија

На јајцата залепете семе од растенија, како леќа, ориз, пченица… Може да залепите и малечки тестенини. Дозволено е сè што е ситно и што ќе направи јајцата за овој Велигден да изгледаат што пооригинално.

10 оригинални и креативни идеи за украсување на велигденските јајца 10 оригинални и креативни идеи за украсување на велигденските јајца

9. Јајца со дизајн на вратоврски

Исечете ги материјалите, замотајте ги јајцата во нив и цврсто врзете ги на краевите. Оставете ги да се варат во вода каде претходно ќе додадете оцет. Дезените на вратовтските ќе се ископираат на јајцата правејќи ги навистина уникатни. Не заборавајте, доколку ја одберете оваа декорација, ви требаат стари вратоврски и дозвола од вашиот сопруг или татко. Не сакаме кавги пред Велигден.

10 оригинални и креативни идеи за украсување на велигденските јајца 10 оригинални и креативни идеи за украсување на велигденските јајца

10. „Облечени“ јајца

Кога сме веќе кај искористување на старите материјали низ дома, за оваа постапка може да ви послужи секој материјал со отвори, како на пример чипката или везените материјали. Облечете ги јајцата и зашијте ги на краевите. Додадете им панделки или нешто друго по ваш избор.

10 оригинални и креативни идеи за украсување на велигденските јајца

Овие идеи не ви беа доволни? Погледнете уште интересни идеи за украсување велигденски јајца. Не заборавајте да ни се пофалите колку добри излегле вашите велигденски декорации.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. sefadija Reply

    mora li vrtovrskite da se stari neli moze i novi ili pak na primer od nesto drugo kosula ?

    • Ели Радеска Reply

      Па би било подобро ако се стари бидејќи после вапсувањето веќе нема да можат да се користат. :) Инаку, секако дека може да искористите и друг материјал, постапката е иста.

  2. marija Reply

    a dali treba vo boja da gi stavime jajcata

    • Ели Радеска Reply

      Зависи како ќе ги декорирате. Доколку прашувате за постапката со вратоврските, не треба. Боја за јајца ви е потребна само за втората и четвртата постапка, а по ваш избор и за третата.

  3. јелена Reply

    Баба ми, за обоените јајца да бидат поубави, после боењето ги трие со малку масло за јадење ставено на крпче/памук. Убав сјај добиваат, само да не се претерува со триење, така бојата им се вади.

  4. sefadija Reply

    a kakvo e toa lepilo sto se stava na jajcata sto pisuva vo tenok sloj moze li ufo lepak ili lak za kosa ?

    • Ели Радеска Reply

      Ако се ситни светки, може да употребите лак за коса. Испрскајте го јајцето и наросете од светките, ќе се залепат. За други, како оние на сликата, уфо би требало да заврши работа. :)

      • sefadija Reply

        a da vi kazam nesto 😀 probav za vo vrtovrska i nisto nemase nikakva boja na jajceto ne ja smeni bojata staviv ocet i gi varev 20 min moze i poveke neznam so treba da se napravi drugo ama bas bi sakala da imam takvi jajca za VELIGDEN pozz ve molam pomognete da naprava ? !

        • Ели Радеска Reply

          Вратоврската треба да биде свилена. Отстранете го внатрешниот дел од вратоврската, така што ќе ви остане само тенкиот свилен материјал.
          Секое парче заврзете го цврсто околу јајцето, така што јајцата ќе ги обвиткате со надворешниот дел од вратоврската. За подобар ефект, земете парчиња лесна ткаенина, чаршаф на пример, и исто така цврсто врзете ги околу јајцето над материјалот од вратоврските.
          Ставете ги во вода, додадете оцет, и оставете ги да вријат.
          Потоа почекајте добро да се оладат, па тргнете ги материјалите.
          Се надевам овој пат ќе биде успешно. :)

  5. nedla Reply

    neka im bide na site sreken praznik

Остави коментар