10 неверојатни модни совети од древниот свет

10 неверојатни модни совети од древниот свет

Некои луѓе едноставно изгледаат убаво, па другите почнуваат да го копираат нивниот изглед. А кога изгледот ќе го копираат многу луѓе, се раѓа некој нов моден тренд. Кога ќе погледнеме кон минатото ќе сфатиме дека модата не е составена од минливи трендови, туку оние стилови кои го оформиле светот. Погледнете некои модни совети од древниот свет што и ден денес можат да се применуваат.

1. Накит

(1)10-modni-soveti-od-drevniot-svet-kafepauza.mk

Златото и среброто се едни од најлесните метали за обработка. Се топат на ниска температура, лесно се оформуваат и лесни се наоѓање. Но, поради нивната мекост тие ретко наоѓаат практична примена. Сепак, нивната убавина ги направила совршени за накит. Најстариот златен артефакт во светот датира од 4500 година пред нашата ера и е мал медалјон кој може да се закачи на жица. Накитот постоел многу пред да почне употребата на металите. Пронајдени се канџи од орел кои се стари околу 140.000 години и кои очигледно се преработени како накит. Во Кенија, луѓето носеле накит направен од јајца од ној, и тоа пред 40.000 години. Во источен Тимор пронајдени се школки кои се користеле како накит и кои датираат од истиот период. Во Јужна Африка се пронајдени школки кои најверојатно биле користени како ѓердан и се стари околу 75.000 години.

2. Шапки

(2)10-modni-soveti-od-drevniot-svet-kafepauza.mk

Ткаењето се појавило пред околу 27.000 години. Најстарите докази за ова не се парчиња облека, туку „каталози“ пронајдени во глинени вазни. Овие каталози прикажувале разни стилови на ткаење. Ова откритие многу ги променило сфаќањата за некои древни статуетки. Фигурите Венера кои датираат од доцниот палеолит прикажуваат дебели женски тела, а она што го привлекло вниманието се нивните шапки. Пред ова откритие се сметало дека детаљот на главата всушност претставува некаква фризура.

3. Чорапи и сандали

(3)10-modni-soveti-od-drevniot-svet-kafepauza.mk

Римјаните биле познати по своите чорапи и сандали, а за ова се пронајдени многу артефакти во Велика Британија. Можеби ќе помислите дека овој тренд бил поради студеното време во Англија. Но сепак, сандалите постоеле и во Египет. Во музејот Викторија и Алберт има необичен пар црвени чорапи кои датираат од 300-тата година од нашата ера. Палецот на чорапите е одделен со цел носењето на сандалите да биде поудобно.

4. Тетоважи

(4)10-modni-soveti-od-drevniot-svet-kafepauza.mk

Денес е многу тешко да пронајдете човек кој нема тетоважа. Иако нам ни изгледа како нешто што се прослави неодамна, и нашите предци сакале да ја покажуваат уметноста на своето тело. Во Чиле биле пронајдени стотици мумифицирани тела од народот Чинчоро. Едно овие тела било на млад маж кој имал исетовирано неколку точки над неговата усна. Младиот маж умрел пред 4.000 години. Најстарите тетоважи потекнуваат од Оци, замрзнато тело пронајдено на Алпите. Кога Оци замрзнал пред 5.300 години, мразот ги зачувал неговите 60 тетоважи. Поголемиот дел од тетоважите се хоризонтални линии и се смета дека биле ритуални, но би можело да станува збор и за статусен симбол.

5. Парфем

(5)10-modni-soveti-od-drevniot-svet-kafepauza.mk

Човечкото тело не е нешто што мириса најубаво. Штом луѓето ги откриле растенијата кои мирисаат убаво, почнале да ги нанесуваат на себе. На Кипар е откриена фабрика за парфеми која е стара 4.000 години. Остатокот од парфемите во вазните им овозможил на професионалците да ги рекреираат овие древни ароми. Древните Египќани биле зависни од парфем. Тие сметале дека парфемите се потта на богот на сонцето Ра. Тие имале и бог на парфемот, Нефертум, кој ги лекувал со миризливи цветови. Египќаните ги мешале аромите со масло, а не со алкохол како што правиме денес. Ставале парче парфимиран восок на нивните глави, и со топењето на восокот се испуштала аромата.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар