10 нешта што успешните жени ги прават за време на паузите за ручек

Паузата за ручек е одлична шанса да ги наполните батериите. Ако ја искористите паметно, тоа може позитивно да се одрази на остатокот од вашиот работен ден, а со време и на кариерата.

10 нешта што успешните жени ги прават за време на паузите за ручек

„Успешните луѓе паузата за ручек ја третираат како полувреме на фудбалски натпревар – шанса да се групираат и да размислат како ќе го одиграат останатото полувреме“, вели меѓународниот говорник за успех во кариерата, Мајкл Кер, и ги наведува следниве 10 клучни нешта по кои се разликуваат успешните и неуспешните жени во однос на нивните паузи за ручек.

1. Го планираат ручекот токму на половина од нивното работно време. На тој начин си овозможуваат простор да откријат како им одела работата досега и што треба да направат за да се подобрат во останатиот дел.

2. Одбираат храна што е здрава за телото и си дозволуваат доволно време за да го одморат умот. Тие не ја носат работата со себе додека јадат, бидејќи тие моменти се резервирани само за нив и за задржување на „нормалноста“.

3. Излегуваат од канцеларија и шетаат на отворено. Нема подобар начин да ја вратат концентрацијата од прошетка на чист воздух. Тие додека шетаат не размислуваат за ништо, туку само го одмораат мозокот.

4. Разговараат со други луѓе. Ако решат да останат во канцеларија, тие се обидуваат да ја искористат шансата за да останат во тек со настаните од професионалниот, но и од приватниот живот на своите колеги.

5. Ако имале многу зафатен ден, тие ја искористуваат паузата за да направат планови за остатокот од денот. Започнуваат со обврските на работното место и завршуваат со сите оние нешта што ги чекаат откако ќе се вратат дома.

6. Вежбаат, ако имаат простор. Оние со сопствени канцеларии или парк во близина, ја искористуваат паузата за ручек за физичко раздвижување. Тие најчесто прават вежби за растегнување за да ја подобрат циркулацијата на крвта во телото.

7. Се навраќаат на сите оние нешта што ги завршиле тој ден. На тој начин се обидуваат да ги најдат најдобрите стратегии за идните проекти, што ќе им помогнат следен пат подобро и побрзо да ја завршат својата работа.

8. Читаат или сурфаат на Интернет. Понекогаш, единственото нешто што може да ве опушти од работата е читањето статии или гледањето забавни видеа со животни и деца. По оваа кратка активност, вашиот ум ќе биде подготвен за нова тура работа.

9. Прават нешто во што уживаат. Иако ретко се случува да имаат можност да следат свои интереси за време на паузата за ручек, многу успешни жени нашле начин како да ги прават нештата во коишто уживаат, иако времето им е ограничено.

10. Размислуваат за својата кариера. Најважниот дел од паузата за ручек. Успешните жени одвојуваат барем 5 минути од секоја пауза за да ја анализираат својата кариера и да откријат во која насока се движи таа.

Учете од нив: 3 реченици што сите успешни жени ги кажуваат без страв!


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар