10 нешта кои посакуваме секоја жена да ги знае за своето здравје

10 нешта кои посакуваме секоја жена да ги знае за своето здравје

Понекогаш жените знаат да се стават себеси и своето здравје на последно место и да се грижат повеќе за оние околу нив, за својот дом и/или за својата работа. Тие дозволуваат да бидат одвлечени од брзиот начин на живот, не внимаваат на својата исхрана и токму на овој начин го зголемуваат ризикот од голем број сериозни заболувања. Погледнете ги наредниве 10 нешта за здравјето кои посакуваме секоја жена да ги знае…

10 нешта кои посакуваме секоја жена да ги знае за своето здравје

1. Времето поминато во грижа за себе не е себично

Грижата за себе вклучува одмор од секојдневието и насочување кон себе. Ова време можете да го поминете во вежбање, медитирање, проверка на вашето здравје или пак, едноставно во спиење. Жените се оние кои се грижат за сите околу нив и токму затоа најчесто ги запоставуваат своите потреби. Но, доколку сакате да бидете навистина среќни и исполнети, мора да најдете време и за себе.

2. Апчињата за контрацепција не се единствениот метод на заштита од несакана бременост

Промената на вашиот хормонален баланс со апчиња е нешто што би требало да го употребувате како последна можност. Пред да започнете со овој голем чекор, истражете ги сите методи кои можат да ви помогнат и обидете се да го изберете оној кој е најдобар за вашето здравје. Многу често овој метод може да маскира други симптоми и да скрие поголем проблем, но исто така со себе носи и голем број ризици. Оваа тема е премногу важна за да не бидете информирани за неа.

3. Вашето тело никогаш повторно нема да биде исто по пубертетот, бременоста и менопаузата, но тоа е во ред

Вашето тело постојано се менува физички, но по овие големи настани се случуваат и промени во хемијата. Многу од овие промени за жените се застрашувачки и покрај тоа што се нормални, но сепак би требало да внимавате на нив и редовно да го посетувате вашиот доктор доколку нешто ви изгледа дека не е во ред.

4. Здравјето никогаш не е бројка

Живееме во општество кое премногу се потпира на бројките, особено на оние за телесната тежина. Жените во глобала се опседнати со губењето тежина и сакаат да изгледаат слабо, па токму затоа се препуштаат на различни диети кои не се воопшто добри за здравјето. Емоционалното и физичкото страдање кое произлегува од гладувањето едноставно никогаш не вреди.

5. Сите оние нешта кои мислите дека ве разубавуваат можат и да му наштетат на вашето тело

Жените трошат околу 426 милијарди долари годишно за продукти за убавина и тие целосно им веруваат на произведувачите. Но, она што мора да го знаете е дека голем дел од овие продукти најчесто содржат токсини и неидентификувани состојки кои можат да му наштетат на вашето здравје.

6. Најголемиот убиец на жените е срцевиот удар

Срцевите удари убиваат повеќе жени од сите видови на рак кои постојат заедно. Во Америка, од срцев удар починуваат околу 300.000 жени годишно. Ние често го гледаме срцевиот удар како „машки“ проблем, бидејќи е почест кај мажите, но она што е застрашувачки е дека тие имаат поголеми шанси да го преживеат во однос на жените. Внимавајте на симптомите како болка во вилицата и недостаток на воздух, но ако чувствувате болки во градите сепак најдобро е задолжително да го посетите вашиот доктор.

7. Жените се посклони на депресија, анксиозност и несоница

Жените имаат два пати поголеми шанси да страдаат од депресија, во однос на мажите. Тие се многу посклони на ова психолошко нарушување како и на други нарушувања во расположението за време на хормоналните транзиции. И покрај тоа што фамилијарната историја и други видови на генетски фактори имаат одредена улога во овие болести, сепак наоѓањето на целта во вашиот живот, подобрувањето на вашиот изглед како и медитацијата се витални стратегии за превентива.

8. Научете ги наједноставните начини за спречување рак

И покрај тоа што најочигледната причина е да не пушите цигари, намалувањето на консумацијата на алкохол исто така може да ви помогне. Ризикот од различни видови на рак, вклучувајќи ги и оние кои ги напаѓаат градите и црниот дроб, може да се зголеми со количеството на алкохол кое го внесувате во вашето тело, како и со должината на времето додека го консумирате редовно. Но, најважно од сè е да правите редовни проверки. Голем број од раковите кои биле откриени во почетната фаза завршуваат со целосно оздравување. И за крај, штитете ја вашата кожа најдобро што можете и целосно исфрлете го солариумот од вашиот живот.

9. Денес жените живеат подолго од мажите, па токму затоа искористете го вашиот живот најдобро што можете!

Во последниве 50-тина години просечната животна граница се зголемила за 5 години, па токму затоа доколку се грижите добро за вашето здравје вие ќе можете лесно да го продолжите и вашиот живот.

10. Храната е посилна од кои било медикаменти кои ги земате

Не постои подобар начин да се грижите за вашето здравје отколку да го подобрите вашиот режим на исхрана и начин на живеење. Со храната вие можете да се заштитите од голем број заболувања, како и да се подготвите за бременоста. Постојат многу истражувања кои покажале дека со глобално подобрување на исхраната на луѓето може да се истребат голем број сериозни болести како хипертензија, проблеми со холестеролот, дијабетес и срцеви заболувања… Па, зошто да не почнеме веднаш да го менуваме светот?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар