10 нешта кои не ги прават оние кои го живеат својот сон

Сонувате да бидете бестрашни, успешни, да го живеете животот во полн ек? Ова се 10 карактеристики на луѓето кои го живеат својот сон, а кои ќе ви дојдат како корисни животни совети.

10 нешта кои не ги прават оние кои го живеат својот сон

1. Не ги следат туѓите соништа

Понекогаш од страв да не ги разочараме оние кои ни се блиски, одбираме да се стремиме кон нешто што во суштина не е нашиот сон. Секако дека сакате вашите родители да бидат горди на вас, но доколку вашиот сон и нивната желба не се поклопуваат, имате право да направите ваш сопствен избор. Сепак, вие го живеете вашиот живот и задолжени сте да размислувате со своја глава и сами да го одберете патот по кој ќе чекорите. Блиските пак, служат за да нè поддржат, да ни дадат совет, но не и да ги диктираат нашите соништа и цели.

2. Не користат изговори

Колку често смислувате изговори зошто не можете да го следите својот сон, и наоѓате причини и виновници зошто не се исполнуваат вашите цели? Сте помислиле ли некогаш подробно зошто некои нешта не ви успеале? Всушност, целите во нашите животи не се остваруваат сами, нивното остварување зависи од нас самите. Оние кои го живеат својот сон не користат изговори со цел побрзо да се откажат и да имаат причина за неуспехот. Некогаш ќе го одберат и потешкиот пат и ќе ризикуваат, но нема да користат изговор да не се потрудат.

3. Не прават компромиси со своите принципи

Животот се состои од компромиси, жртвувања и промена на планови. Без разлика колку и да сме подготвени да правиме компромис, никогаш на коцка не се ставаат сопствените вредности и принципи. Без разлика што се бара од нив, оние кои го живеат својот сон, не се подготвени да направат компромис на своите принципи.

4. Не заземаат негативен став

Негативните мисли само градат ѕидови околу вас и ве ограничуваат. Внесете ја вашата енергија во она што го можете, во можностите кои ви се отворени, наместо во нештата кои можат да тргнат наопаку. Позитивниот став е најсилното оружје кое го користат оние кои го живеат животот во полн ек. Вашите мисли се енергијата која ве води низ животот. Позитивните мисли водат до поголем труд кој резултира со успех.

10 нешта кои не ги прават оние кои го живеат својот сон

5. Не се фокусираат на материјалното


„Посакувам секој да можеше да стане богат и славен и да го има сето она што отсекогаш го сонувал, за да знае дека тоа не е решението.“ – Џим Кери

Доколку тргнувате со помислата дека треба да имате многу пари за да бидете среќни, преиспитајте си ги приоритетите во животот. Секако, важноста на материјалните нешта не треба да се потцени, но она што ве води низ животот е вашата страст, желба и љубов. Ќе знаете дека го живеете животот онака како што сакате и дека сте исполнети, кога она што ќе го работите го работите со страст. Материјалните средства кои ќе дојдат се само дополнителна мотивација, но не и примарна цел.

6. Не веруваат дека нешто е невозможно


„Одржувајте ги вашите соништа во живот. Сфатете дека за да постигнете што било потребна е верба во себеси, визија, напорна работа, одлучност и посветеност. Запомнете дека сето ова е возможно за оние кои веруваат.“ – Гејл Деврс

Нормално е понекогаш вашата самодоверба да се разниша, но секој во одредени моменти може да се посомнева во себе. Сфатете го вашиот мозок како многу моќно оружје. Предизвиците кои се појавуваат на патот до успехот може да ги сфатите или како пречки кои никогаш нема да ви дозволат да стигнете до целта, или како потешкотии кои ќе направат вашиот успех уште повеќе да вреди на крај. Затоа сè зависи од сопствената перцепција. Вложете напор, преземете ризик, жртвувајте се, бидете отворени за нови предизвици. Само така ќе чекорите смело.

7. Се грижат за себе

Здравиот и активен начин на живот и здравата исхрана многу влијаат на телесната, но и на психичката благосостојба. Оние кои се трудат да го извлечат најдоброто од животот се грижат за себе, се трудат да бидат во добра форма и да бидат колку што е можно поактивни.

10 нешта кои не ги прават оние кои го живеат својот сон

8. Излегуваат од безбедната зона

Клучот е да го живеете животот, а не да бидете пасивни набљудувачи. Доколку никогаш не преземете ризик да направите нешто надвор од вашата безбедна зона, никогаш нема да направите чекор напред. Ослободете се себеси, ризикувајте, излезете од безбедниот простор зашто никогаш не знаете што ќе ви донесе животот, кого ќе сретнете или што ќе искусите.

9. Не ги одложуваат обврските и не веруваат во пократкиот пат

Не чекајте посебен датум за нов почеток. Одлуката да промените нешто може да ја направите секаде и во секое време. Престанете да одлагате. Веќе помина месец откако си ветивте дека ќе почнете со здравиот начин на исхрана? Почнете уште денес. Го гледате проектот недопрен на вашето биро? Знаете дека почетокот е најтежок, престанете да одлагате. Пократкиот пат не секогаш значи дека е полесен или поисплатлив, напротив. Кога ќе минете повеќе чекорејќи до целта, многу помило ќе ви биде достигнувањето.

10. Не се преоптоваруваат со одредена дестинација

Најважен е сегашниот момент. За иднината, без разлика колку и да планирате, никогаш не може да бидете сигурни каде ќе ве однесе. Фокусирајте се на она што може да го сторите денес. Не преповторувајте се со тоа каде мора да стигнете. Дозволете работите природно да си дојдат на свое место. Кој знае, можеби ќе излезе и подобро отколку што сте планирале.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар