10 нешта кои би требало да можете да ги кажете пред да умрете

10 нешта кои би требало да можете да ги кажете пред да умрете

Животот е убав, исполнет, волшебен, но дава онолку колку што сме подготвени да земеме и остава трага зависно од интензитетот со кој сме подготвени да даваме. За мнооооогу години од сега, кога ќе го земате последниот здив, гледајте да бидете во состојба да си ги кажете овие 10 нешта искрено во себе. А, на секоја од нив, работете во текот на животот.

10 нешта кои би требало да можете да ги кажете пред да умрете

1. „Го следев срцето и мојата интуиција.“

Ова е твој живот, и тоа краток. Не прифаќај туѓи, погрешни одлуки. Не дозволувај други да те ставаат в кафез. Пробувај сè што сакаш да пробаш. Оди каде што сакаш да одиш. Следи ја својата интуиција.

Како што рече Стив Џобс:

„Твоето време е ограничено. Затоа, не троши го живеејќи нечиј туѓ живот. Не дозволувај шумови од туѓите размислувања да го надвикаат твојот внатрешен глас, срце и интуиција. Тие, на некој начин, знаат што навистина сакаш да постанеш. Сè друго е секундарно.“

2. „Го кажав она што имав потреба да го кажам.“

Не воздржувај се под притисок на мислењето на средината за она што е прифатливо или неприфатливо. Секако, не можеш туку-така да пцуеш кога ќе ти текне или да се однесуваш недолично, но секогаш кажувај го она што имаш потреба да го кажеш. Тоа можеби ќе биде единствената таква прилика што ќе ја добиеш.

Не цензурирај се себеси. Зборувај ја вистината! Твојата вистина…

3. „Го направив она што сакав да го направам.“

Секое утро си соочен/а со два избори: да го истуркаш денот, без притоа да знаеш што ќе се случи и едноставно да реагираш на ситуациите во моментот кога ќе се случуваат или пак, да го поминеш денот давајќи му насока на својот живот, донесувајќи сопствени одлуки, градејќи ја својата судбина.

Најголемата дарба што ја имаат некои посебни луѓе во однос на просечните, се состои во нивната способност да преземат акција за да направат физички нешто што ќе ги одведе од точката во која се наоѓаат до точката каде што сакаат да бидат. Ова не е лесно, но на крајот, многу повеќе ќе се исплати маката од самодисциплината која си морал/а да си ја поставиш за да го направиш она што треба, одошто да страдаш поради каење и разочарување од неисполнување на своите соништа.

4. „Направив разлика во светот.“

Од  животот го добиваш она што ќе го внесеш во него. Кога влијаеш позитивно врз некој, всушност си влијаеш позитивно и на самиот себеси. Направи нешто големо за некој друг, нешто што ќе им помага на луѓето и ќе ги прави среќни.

Вака можеш да го смениш светот, можеби не целиот, но светот на личноста што стои до тебе.

5. „Знам што е вистинска љубов.“

Да најдеш животен сопатник или пријател не значи дека треба да се трансформираш во некоја совршена слика од себеси која мислиш дека нив би им се допаднала. Треба да бидеш она што си и потоа да најдеш некој што тоа ќе го цени. Врските треба да се избираат внимателно и мудро.

Подобро е да си сам/а отколку во лошо друштво. Ако нешто треба да се случи, ќе се случи во вистинското време, со вистинската личност и поради вистинската причина.

Труди се да станеш најдобрата личност што е можно, а кога ќе бидеш спремен/а, универзумот ќе го почувствува тоа и ќе ти овозможи да доживееш вистинска љубов, сосема неочекувано.

6. „Јас сум среќен/а и благодарен/а.“

Малку е потребно за среќа. Сè е во тебе, во начинот на кој размислуваш, како се перципираш себеси и сè околу тебе. Тоа го правиш свесно и по навика. Внимателно избери ја леќата низ која ќе гледаш на животот. Мора да избереш да бидеш среќен/а.

Голем удел во среќата има благодарноста. Треба да бидеме благодарни за она што го имаме.

Како што еднаш убаво кажа Мик Џегер:

„Не можеш секогаш да го добиеш она што го сакаш, но ако понекогаш се обидуваш, може да го добиеш она што всушност ти треба.“

Погледни наоколу. Цени ги нештата што ги имаш во моментот. Многумина не се толку среќни.

7. „Горд/а сум на самиот/а себе.“

Ти си самиот на себеси најдобар пријател, но и најдобар критичар. Без разлика на мислењата на другите, на крајот на денот, единствено твојата рефлексија во огледалото те гледа тебе во очи. Како гледаш на оваа личност е она што го одредува твоето добро чувство на долгорочен план.

Гордеењето со самиот себе е поврзано со силната самодоверба. Луѓето кои се горди на себе имаат страст во животот, се чувствуваат задоволни и се добар пример за останатите. За ова треба да погледнеш однапред во личноста која сакаш да станеш и максимално да се потрудиш да пораснеш како индивидуа.

Гордеењето со себе не значи фалење. Тоа е како да си тивко свесен/а дека вредиш многу. Не значи ниту дека си совршен/а, бидејќи никој не е, но кога знаеш дека вредиш, знаеш дека заслужуваш да бидеш сакан/а и прифатен/а од средината.

Забележувај ги сопствените успеси и слави ги. Тоа ќе ти ја зголеми самодовербата. Забележувај ги и сите позитивни особини, сите квалитети кои ги поседуваш, а кога ќе забележиш некоја негативна, не депримирај се, туку само работи на тоа да ја поправиш.

8. „Станав најдобрата верзија од самиот/а себе.“

Ако се обидуваш да бидеш некој друг, веројатно нема далеку да стигнеш. Правејќи го тоа, ѝ го трошиш времето на личноста којашто си ти. Силата, успехот и задоволството доаѓаат од чувството на удобност во сопствената кожа.

Џуди Гарланд вели:

„Секогаш биди првокласна верзија од самиот себе, наместо второкласна верзија од некој друг.“

Не постои живот во туѓи чевли. Единствените чевли кои можеш да ги носиш се твоите. Запомни дека во секој момент, единствената личност со која вистински се натпреваруваш си ти самиот/а. Се натпреваруваш да бидеш најдобар/а што можеш.

9. „Им простив на сите што ми згрешиле.“

Сите сме биле повредени од некого во животот: некој лошо се однесувал со нас, ни ја изневерил довербата, ни го скршил срцето. Оваа болка е нормална, но ако ја оставиме да трае, може да си направиме проблеми. Не само што ќе бидеме несреќни, туку може да си ги уништиме врските, да го изгубиме фокусот на работа, да станеме затворени за нови нешта и нови луѓе. Се заробуваме во круг од гнев и болка и ја пропуштаме приликата да уживаме во убавината на животот додека тој се одвива.

Жалењето е џабе потрошена среќа. Простувањето значи ослободување на затвореникот од ќелијата во која затвореникот всушност си бил/а ти.

10. „Не се каам за ништо.“

Ова е кулминација на сето претходно. Следи си го срцето! Биди искрен/а кон самиот/а себеси! Кажувај го она што сакаш да го кажеш! Биди добар/а со другите! Понуди ја твојата помош кога си во можност! Сакај ги оние кои заслужуваат! Цени го она што го имаш! Смеј се! Слави ги твоите мали победи! Учи од сопствените грешки. Простувај! И… откажи се од нештата кои не можеш да ги промениш!

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Mirjana Reply

    Desetto e najbitno !!! 🙂

  2. Ана Reply

    луѓето порано не знаеле за овие филозофии па си живееле, си ја орале нивата и сл.

  3. Ана Reply

    ми треба одмор од вакви пораки, малку сакам да си бидам несовршена for God’s sake

  4. Дарко Reply

    Се убаво ама…

  5. ZENI Reply

    Se soglasuvam so tekstot,no no primenata e nevozmozna (osobeno od lice od treto doba)

  6. zorica Reply

    site znaeme kako treba i sto treba,no ni treba i malku nesovrsnost……..neka mi prostat onie sto mislt poinaku…

  7. mr.O Reply

    Kako toa -Ne se kaam za nishto ? Zashto GORD?
    Gord i zadovolen e razlichno ! Ako nekoj e verinik ova ne treba da go pochituva !

  8. ljube Reply

    gluposti……………

  9. Hristina Reply

    imam 20.000 evra pod…. ……. …….. xD

Напиши одговор на Mirjana Откажи одговор