10 начини на кои можете да најдете зен во секојдневниот хаос

10 начини на кои можете да најдете зен во секојдневниот хаос

Што точно значи зен? Со еден збор, тоа е забавување. Замислете го денешниот ден како филм. Дали постои еден кадар во сиот тој неред и активности кој можете да го забавите или сопрете? Одговорот на ова прашање е и начинот на кој ќе го пронајдете вашиот зен. Па, погледнете ги следниве 10 брзи начини на кои можете да најдете спокој во секојдневниот хаос.

10 начини на кои можете да најдете зен во секојдневниот хаос

1. Затворете ги очите

Ова всушност е многу едноставно. Вие можете во кое било време да застанете, да се повлечете еден чекор наназад и да ги затворите вашите очи со цел да погледнете кон внатре. Секогаш кога го правите ова, вие погледнувате во прекрасната темнина која ја носите во себе, а со тоа сте и еден чекор поблизу до наоѓањето зен.

2. Бројте до 10

Сигурно досега многу луѓе ви кажале да броите до 10 со цел да се смирите. Но, има причина зошто сите ја знаат оваа техника за смирување – таа навистина помага. Кога сте соочени со стресен момент едноставно застанете и бројте до 10. Исто така не заборавајте да дишете длабоко со цел да го смирите целосно вашиот ум.

3. Земајте длабоко воздух додека ја повторувате вашата омилена мантра

Најпрво, пронајдете го вашиот ритам на дишење. Не брзајте, едноставно ослободете се и дозволете им на белите дробови да работат слободно, без вашата свесна контрола. Кога ќе го најдете најдобриот момент за дишење, почнете да ја повторувате вашата омилена мантра со цел да го зголемите фокусот, да го намалите отчукувањето на срцето и да придонесете за чувство на баланс.

4. Направете нешто будалесто и насмејте се

Доколку сакате да постигнете зен вие мора да бидете релаксирани, а ако сакате да се опуштите најпрво мора да бидете среќни. Како што растеме, така успеваме и да забораваме да правиме будалести нешта чија единствена намена е да нè насмеат, а со тоа и си влијаеме негативно. Смеењето е најдобриот лек, додека пак среќата е онаму каде што живее зенот.

5. Наместо автомобил, земете велосипед или пешачете

Кога последен пат сте прошетале наместо да влезете во вашиот автомобил? Или пак, сте го зеле вашиот велосипед за да одите по утринското кафе? Нема подобар начин на кој можете да го стимулирате вашето срце и да создадете можност за длабоки и свежи вдишувања и издишувања со кои целосно го исфрлате стресот од вашиот организам.

6. Станете ранобудници

Утрата се најтивките часови во денот, па токму затоа тогаш можете многу полесно да најдете време за себе и да се подготвите за целиот ден. Местете го вашиот аларм секоја недела порано со цел да направите место за „вашето време“ во секојдневниот распоред. Искористете го ова време да напишете нешто ново во вашиот дневник, да медитирате или да вежбате. Нема да зажалите.

7. Направете 5-минутна пауза

Доволни се само 5 минути во текот на денот со цел да го промените целиот ваш живот. Токму затоа и обидувајте се секојдневно да издвојувате барем 5 минути за кратка медитација. Седнете на удобно место, затворете ги очите и фокусирајте се на вашето дишење низ носот. Ќе се изненадите колку овие медитации ќе ве смират.

8. Направете потсетници кои ќе ве потсетат да живеете во моментот

Сите ние се движиме брзо напред, имајќи полн распоред со сите оние нешта кои допрва нè очекуваат и тоа може да предизвика да се изгубиме во животот. Токму затоа и направете еден потсетник кој ќе ве потсетува да застанете и да се фокусирате на сегашноста. Додадете убава фотографија, вашата омилена песна или пак едноставен цитат кој ќе ве потсети дека треба да живеете во сегашноста наместо во иднината.

9. Пуштете го минатото

Доколку се држите за нешто од минатото, што било, тоа значи и дека не сте целосно присутни во сегашноста. Почнете полека да се ослободувате од старите настани, така што ќе се насочите најпрво на малите нешта, а потоа и на поголемите.

10. Одберете зен

Размислете. Кажете. Направете. Секоја акција започнува како мисла. Секоја мисла има своја намера. Токму затоа и имајте намера да го најдете вашиот зен во секојдневниот живот. Мислете на тоа, кажете го и на крај направете го.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар