10 начини на кои децата кои растеле со разведени родители љубат поинаку

10 начини на кои децата кои растеле со разведени родители љубат поинаку

Љубењето на личност која растела со разведени родители е малку комплицирано, но тоа не значи дека не вреди. Сè додека ги имате овие фактори на ум и ги препознавате во нивното однесување, тогаш ќе сфатите дека вие можете да имате добра шанса за одлична и долготрајна љубовна врска.

10-nachini-na-koi-decata-koi-rastele-so-razvedeni-roditeli-ljubat-poinaku-www.kafepauza.mk

1. Тие не се толку заинтересирани за бракот. Без разлика на сè, тие навистина сакаат да веруваат во бракот, но се плашат да не ги повторат истите грешки како нивните родители, па токму затоа и долго време ќе го одложуваат и ќе се двоумат за целата работа. Некои од нив, ако искрено и отворени ги прашате, би ви одговориле дури и дека ќе бидат задоволни со животен партнер, без официјален брак.

2. Тие навистина ја ценат стабилноста. Бидејќи повеќето од нив растеле движејќи се лево-десно помеѓу два дома, еднаш живеејќи на едно место, а еднаш на друго, тие имаат оформено едно многу важно правило за себе. Станува збор за безбеден простор под само еден покрив.

3. Понекогаш тие се премногу поврзани со нештата кои ги поседуваат. Тие живееле во два сосема различни дома каде што морале постојано да ги префрлаат своите нешта од едно место на друго. Затоа, со тек на времето, токму овие нешта кои ги носеле со себе почнале да го претставуваат нивниот дом, наместо кровот над нивните глави.

4. Тие гледаат на празниците малку поинаку. Тие сè уште го делат времето помеѓу нивните родители, па ќе им биде малку тешко да најдат повеќе време и за вашите родители. Да, тие знаат дека ова е многу иритирачко, но тоа го прават цел живот. Добрата страна: Двојни подароци.

5. Имаат „омилен“ родител. Тие и двајцата ги сакаат подеднакво, тука нема збор, но еден од нив го издвојуваат повеќе бидејќи поголемиот дел од времето го поминале со него. Тие нема да го признаат ова лесно, дури и кога е навистина очигледно.

6. Многу се плашат од развод. Секогаш кога ќе налетаат на некоја од оние студии која тврди дека децата од разведени родители имаат поголеми шанси и самите да поминат низ развод, тие почнуваат да паничат. Дали разводот е генетски? Дали е на некој начин однапред програмиран? Во тие моменти тие го засилуваат верувањето дека ако никогаш не стапат во брак, тие никогаш нема да мора ни да се разведат. Решен проблем.

7. Тие се или моногамни, или изневеруваат. На која страна и да се насочени, тие ќе одат во крајност. Особено ако разводот на нивните родители настанал поради изневерување. Ако тоа е проблемот, тие или се погрижуваат никого да не повредат на истиот начин или го гледаат однесувањето на нивните родители како еден вид оправдување и се впуштаат и самите во истото.

8. Тие се многу приврзани за браќата и сестрите. Бидејќи тие се единствените на овој свет кој целосно разбираат низ што поминале и ја делат целата болка и повреда која следи со живеење во оваа ситуација. Токму затоа и се многу блиски, и без разлика на сè постојано се тука за поддршка.

9. Сè уште се обидуваат да средат некои проблеми со себе. Дури во возрасниот живот, децата на разведени родители почнуваат да ги гледаат сите оние влијанија кои разводот на нивните родители им ги предизвикал. Мора да помине подолго време за тие да можат да направат поврзаност помеѓу малите навики/карактеристики/размислувања кои ги имаат, добри и лоши, како и начинот на кој разводот на нивните родители директно им влијаел.

10. Тие имаат два сета родители кои мора да бидат импресионирани. И се извинуваат за тоа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар