10 начини да имате епско лето кога сте млади, шворц и отворени за авантура!

10 начини да имате епско лето кога сте млади, шворц и отворени за авантура!

И покрај тоа што повеќето од нас сакаат да го дочекаат летото со отворено срце и најмодерните шапки, постои едно нешто што можеби нѐ држи приземјени. За жал, нашите „лесни“ паричници не можат да го поднесат притисокот на следната сезона колку што можат да си замислат нашите надежи и желби. Битката е многу реална кога сте млади, спонтани авантуристи што истовремено се и шворц. Токму затоа погледнете ги следниве 10 начини на кои сѐ уште ќе можете да го имате најдоброто лето досега, дури и ако вашиот паричник е целосно празен.

(2) 10-nachini-da-imate-epsko-leto-koga-ste-mladi-shvorc-i-otvoreni-za-avantura-www.kafepauza.mk

1. Ако живеете во близина на плажа, обидете се да испланирате што е можно повеќе денови што ќе ги поминете таму. Едноставно „паркирајте“ си го задникот на песокот и впијте што е можно повеќе сончеви зраци.

2. Соберете ги пријателите и тргнете на планинарење. Спакувајте ранци со закуски, вино и чоколадо… и направете си огромна авантура без да дадете ниту еден денар за превоз. Кога ќе уживате од врвот, ќе сфатите дека тоа е живеење!

3. Наместо да ги трошите парите што ги немате за фестивали или концерти, направете тематска забава во вашиот двор. Назначете диџеј или оформете бенд од поталентираните пријатели (доволна е и само една личност што знае да пее и микрофон), ставете светки во косата и лудувајте цел викенд!

(1) 10-nachini-da-imate-epsko-leto-koga-ste-mladi-shvorc-i-otvoreni-za-avantura-www.kafepauza.mk

4. Соберете ги пријателите и организирајте натпревар во правење пици. Поделете се во тимови, засукајте ги ракавите и нека победат најдобрите! Поделете се во повеќе групи, облечете тимски бои и тргнете во луда авантура.

5. Направете пикник во вашиот дом, така што ќе постелите ќебе во дневната соба и ќе ги соберете сите друштвени игри што ги имате во домот. Кажете им на пријателите да донесат по нешто за јадење и пиење, што потоа ќе го ставите на средина и подгответе ја камерата за забавен ден на затворено.

6. Наместо да одите на вечера, испланирајте скара на плажа или во парк, во близина на вашиот дом. Направете го искуството уште подобро така што ќе донесете топка или рекети и ќе се забавувате со пријателите до доцните вечерни часови.

(4) 10-nachini-da-imate-epsko-leto-koga-ste-mladi-shvorc-i-otvoreni-za-avantura-www.kafepauza.mk

7. Истражете ги најевтините летови за околните држави, и ако сте вистински авантурист, впуштете се во „сурфање на каучи“. Станува збор за веб-сајт што ќе ви помогне да најдете бесплатно сместување во нечиј дом и шанса за евтино разгледување на сосема нов град.

8. Почнете со волонтирање. Ќе запознаете цел тон нови луѓе, додека истовремено ќе правите и нешто што ќе ја „храни“ вашата душа.

9. Направете спа во сопствениот дом. Подгответе малку сангрија, направете си пенлива бања во којашто ќе можете да уживате и прочитајте неколку глави од новиот романтичен роман што го купивте на последниот саем на книги.

(3) 10-nachini-da-imate-epsko-leto-koga-ste-mladi-shvorc-i-otvoreni-za-avantura-www.kafepauza.mk

10. Нацртајте мапа со скриено богатство низ вашиот град. Поделете се во повеќе групи, облечете тимски бои и тргнете во луда авантура.

Погледнете ги и овие 15 фотографии со брзи решенија кои ќе ги разберат само студентите кои се шворц!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар