10 моќни својства на боровинките

Покрај јаготките, боровинките се најпопуларните зрнести плодови. Намален ризик од рак и други болести, зголемен имун систем, поголемо чувство на задоволство, зголемено памтење се само некои од благодетите што со себе ги носи ова овошје. Еве кои се нивните десет најмоќни својства.

10 моќни својства на боровинките

1. Антиоксидансот кој на боровинката ѝ дава сина боја е природен пигмент, кој се вика антоцијанин. Антоцијанините се корисни при превенцијата од рак, значително намалувајќи го ширењето на малигни клетки. Боровинките можеби не се чудотворен лек, но повременото јадење во одредена количина, значително ќе го намали ризикот од рак на дојката, црниот дроб и на белите дробови.

2. Боровинките се полни со железо, што пак го подобрува имуниот систем, преку зголемување на нивото на кислород во крвта. Ова значи дека ќе бидете помалку подложни на кашлици и настинки.

3. Содржат бакар, кој се смета за најдобро оружје во човековото тело против токсини и бактерии. Тоа значи дека консумирањето боровинки ќе го зачува вашиот имун систем и ќе ве одржи здрави и без инфекции.

4. Боровинките ја спречуваат појавата на Алцхајмерова болест. Неодамнешна студија покажала дека редовното јадење боровинки може да го одложи намалувањето на умствените способности кај постарите лица за две и пол години.

5. Исто така, боровинките помагаат при намалувањето на телесната тежина – поточно, ги намалуваат мастите во пределот на стомакот, затоа што влијаат на начинот на кој телото ги складира гликозата и шеќерот. Но, ова не значи дека треба да заборавите на вежбањето и да јадете само боровинки.  Катехините во боровинките вистина го забрзуваат метаболизмот и го намалуваат нивото на холестерол. Така, тие се одлични при превенирањето на дијабетес тип 2.

7. Полни се со витамин Ц, што придонесува за подобар имун систем.

8. Го поттикнуваат излачувањето на допамин во мозокот, што прави да не се чувствувате истоштено, туку задоволно и среќно.

9. Содржат висок процент на растителни влакна, што го одржува нормалното ниво на холестерол во крвта и го подобрува функционирањето на дигестивниот систем.

10. Лесни се за консумирање. Наполнете ја раката со 10-15 боровинки и фрлете ги одеднаш во устата. Веднаш набавете. Пробајте. Превкусно и здраво!

Свежи, во колачиња, или со палачинки. Како и да ги консумирате, никогаш не можете да згрешите со боровинките.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар