10 моќни причини зошто веднаш да се напиете шот текила

10 моќни причини зошто веднаш да се напиете шот текила

Дали знаевте дека со текилата можете да ослабете? Иако текилата не спаѓа во здрава храна, сепак има некои здравствени придобивки. Барајте 100% агаве текила за да го извлечете најдоброто од неа и држете се на 1-2 чашки.

1. Може да ви помогне да ослабете

Текилата помага при слабеење? Чудно? Не чудете се. Ако успеете да се напиете мала количина текила, тогаш можете да ги почувствувате здравствените придобивки на агавините, вид шеќери кои ги има во текилата. За разлика од агаве нектарот, агавините имаат многу помалку рафинирана молекуларна структура, поради која не се покачува нивото на шеќер во крвта.

Како резултат на тоа, голем дел од калориите патуваат низ телото без да се обработат, наспроти другите алкохолни шеќери чиј гликемичен индекс е прилично висок. Текилата исто така ја забрзува работата на метаболизмот и помага при разложувањето на мастите.

2. Ја потпомага дигестијата

Еден шот текила после оброкот може многу да помогне при варењето на храната. Некои препорачуваат еден шот пред оброкот за да го забрза метаболизмот и да го зголеми апетитот, а потоа уште еден шот за да го смири организмот и да помогне при обработување на храната.

1-10-pricini-zosto-vednas-da-se-napiete-sot-tekila-kafepauza.mk

3. Текилата е пробиотик

Сигурно сте чуле за пробиотиците. Тоа се здрави бактерии кои се наоѓаат во нашите црева кои се задолжени за одржување на нашиот имунолошки систем и балансот во организмот. Овие пробиотици се наоѓаат во фруктаните од текилата.

4. Текилата е пребиотик

Пребиотиците пак го создаваат местото на живеење на пробиотиците. Според едно истражување, пребиотиците во текилата ги прават цревата попријатно место за живеење и размножување на здравите бактерии.

2-10-pricini-zosto-vednas-da-se-napiete-sot-tekila-kafepauza.mk

5. Помага во битката со остеопорозата

Агавините од текилата, според неколку истражувања, му помагаат на телото при апсорпцијата на калциумот и е се одлични за справување со слабите и кршливи коски.

6. Може да го олесни дијабетесот тип 2

Текилата одвреме-навреме е добра за дијабетичарите затоа што фруктаните не се разложуваат во организмот – тие се однесуваат како влакна. Кога поминуваат несварени низ организмот, се спречува и покачувањето на шеќер во крвта и плус се стимулира создавањето на инсулин. Сепак ако сте дијабетичар, разговарајте со вашиот доктор пред да се напиете текила, бидејќи реакциите кај секој човек се различни.

3-10-pricini-zosto-vednas-da-se-napiete-sot-tekila-kafepauza.mk

7. Ги намалува шансите за деменција

Постои истражување кое ги поврзува луѓето кои пијат мали количини алкохол (вклучувајќи ја текилата) и намалувањеto на шансите за деменција. Сепак внимавајте, ако пиете премногу алкохол тогаш ќе имате многу поголеми шанси да патите од ова заболување.

8. Помага лековите правилно да стигнат во дебелото црево

Луѓето со болести на дигестивниот систем како кронова болест, синдром на иритабилно црево или колитис, може да се чувствуваат подобро од фруктаните во текилата. Тоа е така бидејќи тие содржат природни хемиски носачи кои ги заштитуваат лековите да поминат без проблем преку киселините во желудникот и да стигнат во дебелото црево.

4-10-pricini-zosto-vednas-da-se-napiete-sot-tekila-kafepauza.mk

9. Ја лекува несоницата

Честопати од алкохол ни се спие. Текилата има моќ да ги смири нервите и дури да ја излекува несоницата. Иако не е добро да зависите од алкохол, понекогаш можете да си дозволите да се релаксирате, па и подобро да заспиете.

10. Не создава мамурлак

Но само под услов таа биде од 100% агаве. Поевтините брендови се полни со алкохолни шеќери кои веднаш ќе ве нокаутираат. Алкохолот е штетен по организмот, но мали количини на подолг временски период можат да направат чуда за вашиот организам. А кога станува збор за алкохол, текилата не е лош избор.

5-10-pricini-zosto-vednas-da-se-napiete-sot-tekila-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар