10 модни катастрофи кои морате да ги избегнете

Оформувањето сопствен стил на облекување кој ќе направи да се чувствуваме убаво во нашата кожа, воопшто не е лесна работа. Плус, проблемот не се состои само во тоа како сакаме да изгледаме, туку како секојдневно да умееме да ги искомбинираме различните парчиња облека, чевли, чанти, накит со кои располагаме, а притоа да бидеме постојано различни, уникатни и убаво дотерани за секоја пригода. Во секој случај, што и да облечете, секогаш имајте на ум дека следниве 10 модни катастрофи не треба да бидат дел од вашиот имиџ.10 модни катастрофи кои морате да ги избегнете

1. Униформното облекување не е шик

Дефинитивно погрешен моден чекор е да мислите дека бојата на вашата облека, чанта, чевли и накит треба да бидат во иста боја. Всушност во поголемиот број случаи многу подобро е да комбинирате бои, материјали и кроеви. Доколку различните парчиња убаво се согласуваат едно со друго, нема никаква потреба тие да бидат во иста боја.10 модни катастрофи кои морате да ги избегнете

2. Премногу накит не изгледа „вкусно“

Ако на себе носите блузичка или јакна со нитни, монистри, патенти, џебови или некаква апликација, тоа парче облека само по себе е веќе накитено, што значи дека китење на вашето тело со еден тон накит воопшто нема да изгледа добро, а вие ќе изгледате како да сте се спремиле за на карневал. Кога сакате да носите повеќе накит или марами, одберете еднобојна и поедноставно блуза, на која тој убаво ќе „легне“.10 модни катастрофи кои морате да ги избегнете

3. Црна шминка по целото лице не изгледа секси

Под поимот мода не се подразбира само изборот на добра облека. Ако на вашето лице има едно кило шминка, кој воопшто ќе забележи што носите? Во вашиот личен стил спаѓа и тоа дали умеете убаво да ја нанесете шминката. Ако носите црна сенка за очи, дефинитивно немојте да носите и црн кармин, освен доколку сакате да изгледате како ликовите од Adam’s Family.10 модни катастрофи кои морате да ги избегнете

4. Никогаш не комбинирајте различни шари

Кога ги комбинирате парчињата облека, секогаш имајте на ум дека пругастите, карираните и точкастите парчиња облека, никогаш не си одговараат едно со друго.10 модни катастрофи кои морате да ги избегнете

5. Не игнорирајте го маникирот

Да се има добар моден стил, подразбира негување на вашиот целокупен изглед. Покрај доброто комбинирање на вашите парчиња облека и убавата шминка, вашите нокти и коса секогаш треба да изгледаат барем пристојно. Лакираните нокти вечно ќе бидат во мода и изгледаат секси, доколку убаво се вклопуваат со боите на вашата облека. Битно е да се спомне дека никогаш не треба да го оставите лакот сам да се излупи, да ги грицкате ноктите или тие да имаат никаков искривен облик.10 модни катастрофи кои морате да ги избегнете

6. Внимавајте со прерамките од градникот

Никогаш не дозволувајте да ви се гледаат прерамките од градникот. Без разлика дали одговараат на боите што моментално ги имате на себе, тие ви го нарушуваат изгледот. Како додатен совет, обидете се секогаш да носите градник, бидејќи тоа е посигурната опција.10 модни катастрофи кои морате да ги избегнете

7. Правилната должина е секогаш важна

Одбирањето пантолони, може да биде тешка работа, особено доколку сте ниски. Капри панталоните можат да направат да изгледате уште пониско, па затоа треба да внимавате кога одите на шопинг. Осигурајте се дека должината ќе биде некаде во пределот помеѓу колената и глуждовите, за да ја избегнете летната модна катастрофа. Во комбинација со некоја шик тесна маичка со кратки ракави, капри панталоните не само што убаво ќе стојат, туку и визуелно ќе ве издолжуваат.10 модни катастрофи кои морате да ги избегнете

8. Тесното не е секогаш решение

Избегнувајте да се обидувате да изгледате послабо со тоа што ќе носите потесни алишта. Неизбежно, резултатите ќе бидат катастрофални, бидејќи ќе ви дојдат до израз вишокот килограми. Со сигурност не сакате да го потенцирате, она што сакате да го скриете нели?!10 модни катастрофи кои морате да ги избегнете

9. Белиот проблем

Никогаш не комбинирајте бели обувки со бели панталони, фустани или шорцеви. Доколку се најдете во таква ситуација, веднаш облечете чанта, накит или обувки во некоја друга боја за да разбие.10 модни катастрофи кои морате да ги избегнете

10. Танга гаќичките не се за на грб

Девојки, не трудете се да ја покажувате вашата танга качувајќи ја повисоко. Излезената танга ве прави да изгледате невкусно и дава погрешна слика за вас, па затоа секогаш е подобро таа да остане малку подолу.10 модни катастрофи кои морате да ги избегнете


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Nikushka Reply

    se soglasuvam so # 1, 8, i 10 (do dusa 8 i 10 nema vrska so moda)……sve ostanati “katastrofi,” ne samo sto se dobredojdeni vo svetot na modata tuku se i MNOGU biten del……vo modata nema pravila i vistinskata “fashionista” ne se zamara so toa dali e nesto seksi ili ne. Samodoverbata e seksi i treba da imas samodoverba za da mozes slobodno da si eksperimentiras so modata i da napravis svoj imidz :)

  2. A.Westwick Reply

    Не ми се допаѓа правилото број 9, другото е на место!! 😀

  3. DZVONCICA Reply

    :) COOL

  4. NunisH Reply

    :DDDDDDDD

    • JULIA Reply

      10 e najgadno

  5. JULIA Reply

    mnogu se gadni oblekite no 10 e najgadna

  6. elena Reply

    sekogas treba da se vnimava kako se oblekuvame

Остави коментар