10 митови за забите во кои луѓето порано цврсто верувале

Сигурно сте слушнале некои од овие митови, па можеби дури и сте применувале некои од нив мислејќи дека им правите добро на вашите заби. Денес, повеќето се покажале како грешни, а некои од нив може само да ви наштетат. Погледнете за кои митови станува збор.

1. Шеќерот е најголемиот непријател на забите

sugar

Всушност, „лошите“ бактерии кои произведуваат киселина се одговорни за кариесот. Остатоците од јаглехидрати на нашите заби се храна за овие бактерии. Се разбира и шеќерот спаѓа во јаглехидрати, но и многу други продукти, како на пример, „здравите“ житарки кои исто така спаѓаат во оваа категорија.

2. Бремените жени не можат да одат на заболекар

(2)10-mitovi-za-zabite-vo-koi-veruval-sekoj-od-nas-kafepauza.mk

Важи токму спротивното – ако има воспаление на забот кај бремена жена, мора веднаш да биде отстрането. Најголемиот страв на идните мајки е дека лековите за болка може да имаат лошо влијание на фетусот. Сепак, не мора да ја трпите болката, модерните истражувања покажале дека денешните анестетици се доволно безбедни за бремените жени. Но, треба да му кажете на вашиот заболекар дека сте бремена за да го има тоа предвид.

3. Нема потреба да ги поправате млечните заби

(3)10-mitovi-za-zabite-vo-koi-veruval-sekoj-od-nas-kafepauza.mk

Млечните заби имаат потенок емајл и поради тоа се помалку заштитени од бактерии. Занемарувањето на кариесот на млечен заб може да доведе до загнојување што подоцна може да му наштети на трајниот заб.

4. За добро чистење на забите треба да се користи тврда четка

(4)10-mitovi-za-zabite-vo-koi-veruval-sekoj-od-nas-kafepauza.mk

За четкање на забите секогаш треба да користите четка со меки влакна. Некои заболекари го препорачуваат ова за да не го повредите вашето непце. Важно е да ги следите овие едноставни правила: четкајте ги забите два пати на ден и менувајте ја четката за заби секои 3 до 4 месеци.

5. Треба да користете чепкалка за заби после секој оброк

(5)10-mitovi-za-zabite-vo-koi-veruval-sekoj-od-nas-kafepauza.mk

Користете конец за чистење заби бидејќи чепкалките може да го повредат вашето непце. Покрај тоа, ако имате потреба да ги чистите забите после секој оброк, можеби е време да го посетите вашиот заболекар.

Преминете на следната страница за повеќе митови и вистините зад нив…

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар