10 мали лаги што секогаш треба да им ги простувате на мажите

Мажите понекогаш знаат да се послужат со некоја мала лага, а жените лесно им веруваат. Но откако ќе ја дознаат вистината, може да им се налутат, дури и покрај тоа што во тие лаги не се крие никаква лоша намера. Токму овие 10 лаги мажите редовно ги употребуваат за да ве импресионираат, па не би требало многу да им замерувате.

1-poglednete-mu-niz-prsti-10-mali-lagi-koi-sekogash-treba-da-im-gi-prostite-na-mazhite-www.kafepazua,mk_

1. Со колку девојки спиел

Слично како и кога се во прашање неговите љубовни вештини, големиот број наведени партнерки имаат за цел да ве натераат да сакате да истражите што е тоа што кај него привлекло толку многу жени. Понекогаш им успева, понекогаш не. Во секој случај, станува збор за безопасна лага.

2. Колку често оди во теретана и колку сериозно вежба

Слушајќи ги момците како раскажуваат за нивното вежбање, би си рекле дека живеат во теретаната и дека сите до еден имаат тела како Аполон, но голема е веројатноста дека тој само понекогаш ја посетува теретаната и дека не вежба толку напорно.

3. Колку добро знае да свири гитара

Можеби навистина знае, но поверојатно е дека потрошил многу време за вежбање на една песна која постојано ја свири.

2-poglednete-mu-niz-prsti-10-mali-lagi-koi-sekogash-treba-da-im-gi-prostite-na-mazhite-www.kafepazua,mk_

4. Колку е добар во сексот

Тие ја следат занимливата логика – ќе ве уверат дека се одлични во сексот, и самите ќе посакате да ги испробате.

5. Големината на пенисот

Која големина и да ја кажат, бидете сигурни дека е во прашање барем некој сантиметар повеќе. А, можеби во тоа еден ден и самите ќе се уверите.

6. Колку е важна неговата работа

Тој секогаш има некои специјални задачи, ја одредува работата на својот шеф или е главниот херој во фирмата во којашто работи. Ова е сосема во ред, бидејќи покажува еден вид амбиција од негова страна, па затоа и не му земајте за зло ако откриете дека е сосема спротивно.

3-poglednete-mu-niz-prsti-10-mali-lagi-koi-sekogash-treba-da-im-gi-prostite-na-mazhite-www.kafepazua,mk_

7. Колкава е неговата самодоверба

Можеби сака да остави впечаток на самоуверено момче, но бидете сигурни дека постојат низа ситуации во кои не е толку храбар како што сака да се покаже.

8. Колку може да испие

Според неговите уверувања, тој може да испие сигурно еден литар вино, плус неколку пива, плус шише жесток пијалак. Но порано или подоцна ќе се уверите дека по литар вино ќе се опие исто како и секоја друга нормална личност.

9. Колку навистина е силен

Таа маса има само 50 килограми? Па како не би можел да ја однесам на петтиот кат? Не верувајте му и не дозволувајте му да ја тестира својата способност на нешто кое ви е посебно драго и важно.

10. Колку брзо вози

Колку и да се оддалечени еден од друг, тој вози толку брзо што секаде во градот би можел да стигне за само 15 минути. Верувајте му!

4-poglednete-mu-niz-prsti-10-mali-lagi-koi-sekogash-treba-da-im-gi-prostite-na-mazhite-www.kafepazua,mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар