10 љубовни грешки што зрелите жени никогаш повеќе нема да ги направат

10 љубовни грешки што зрелите жени никогаш повеќе нема да ги направат

Жените кога сакаат, даваат сѐ од себе за да ја одржат врската силна и успешна. Чекаат по цели денови и ноќи за една обична порака, подготвени се да отидат на другиот крај од светот за саканата личност, подаруваат скапи подароци без никаква особена причина, ги готват омилените јадења на партнерот само за да му угодат и им досадуваат на пријателките со нивните љубовни проблеми. Но, по некое време, по низа неуспешни врски, скршено срце и неисполнети ветувања, жените како да губат верба во љубовта. Повеќе не се подготвени да се откажат од сѐ само за љубовта. Не си губат време на мажи кои не ги заслужуваат и веднаш ги пресекуваат работите доколку забележат дека нешто не е во ред. Дали тоа значи дека заборавиле да љубат?

10 љубовни грешки што зрелите жени никогаш повеќе нема да ги направат

Помладите девојки сѐ уште се бараат себеси, не знаат кои се нивните граници, па затоа постојано експериментираат. По одредено животно искуство тие немаат потреба од експериментирање бидејќи знаат точно кои се нивните цели и што им треба. Многумина се мажат и формираат семејство. Но, сепак знаат многу малку за себеси. Ги мешаат нивните сопствени желби со оние на пошироката јавност. Сметаат дека љубовта е тесно поврзана со самопожртвуваноста. Се плашат дека партнерите ќе ги остават, доколку не им угодуваат. Зрелоста нема никаква врска со годините. Зрелоста се достигнува на онаа возраст кога навистина ќе се спознаете себеси. Кога ќе го надминете слепилото на младоста и потребата од жртвување и ќе почнете да живеете за себеси. Тоа не значи дека нема да ви треба партнер. Тоа не значи дека сте станале успешни, доволно сами на себе или осамени. Сѐ уште ќе чувствувате потреба за љубов, топлина и врска, но сега многу добро ќе ви биде јасно дека сите тие нешта треба да ви се возвратени и дека не треба да прифаќате ништо помалку од она што го заслужувате. Токму поради тоа зрелите жените не ги повторуваат следниве 10 грешки во љубовта…

1. Не ги чекаат мажите да им пишат или јават

Или зрелите жени им пишуваат први или целосно ги бришат оние кои не можат да најдат време да дадат краток одговор со зборовите „Извини, денес сум зафатен. Ќе ти се јавам кога ќе можам“.

2. Не одат на љубовни состаноци доколку не им одговара времето и местото

Доколку мажот не се интересира за времето , желбите и потребите на жената, тоа значи дека воопшто не се интересира за таа жена. А таков маж не ви треба.

3. Не им простуваат на партнерите доколку им го заборават роденденот или други важни датуми

Доколку некој ви го заборави роденденот или некој важен датум, тоа покажува колку малку таа личност ве цени. Обично сакаме да ги разгалиме луѓето што ги сакаме, да ги направиме среќни. Тоа што им е важно ним, треба да ни е важно и нам. Ако тој не е заинтересиран, заборавил или не сака да вложи барем малку труд за да ви го направи денот посебен, не ви ни треба во животот.

4. Не го оправдуваат неуспехот на мажите

Тоа не значи дека зрелите жени бараат само богати мажи. Но, факт е дека не веруваат во бајката дека љубовта е доволна и ништо друго не е важно. Најголемите караници меѓу партнерите се случуваат поради финансиски проблеми, затоа потребно е да имаат слични погледи што се однесува до заработувањето, штедењето и трошењето пари.

10 љубовни грешки што зрелите жени никогаш повеќе нема да ги направат

5. Не молчат доколку нешто им пречи

Зрелите жени не треба да ги излудуваат мажите со постојани жалби, но нема да премолчат ако нешто не им се допаѓа. Доколку не им се допаѓа брзото возење и се плашат, нема да молчат и да глумат дека се импресионирани кога мажот ќе вози со голема брзина само за да се покаже пред нив. Нема да дадат суптилен знак дека тоа не им се допаѓа, туку ќе кажат директно: „Не вози толку брзо те молам, се плашам“.

6. Не се плашат да поставуваат прашања, ниту да одговорат на кое било прашање

Неискусните девојки се плашат да го споменат она што не го разбираат баш, бидејќи не сакаат да го вознемират, повредат или исплашат нивниот партнер. Но, токму таа нејасност ги повредува нив самите. Зрелите жени не сакаат да бидат повредени и затоа подготвени се да разјаснат сѐ што не им е јасно.

7. Не ги мешаат сексот и љубовта. Сексот може да е поврзан со љубовта, но може и да претставува нешто сосема поинакво

Љубовта е кога некој прави работи за вас. Ви помага со домашните обврски, молчи наутро затоа што знае дека претпочитате тишина, знае како се вика вашата мачка и колку лажички шеќер ставате во кафето. Ви носи цвеќиња и на секаков можен начин ја покажува неговата љубов. Доколку не постои ништо од ова, туку само секс, тоа значи дека спиете заедно, а не дека се сакате.

10 љубовни грешки што зрелите жени никогаш повеќе нема да ги направат

8. Не се љубоморни на пријателите на партнерот и неговата работа

Ако партнерот ве сака, тој ќе најде време за вас. Ќе одвои по некој час дури и во распоред преполн со деловни патувања, дружби со пријателите и гледање фудбал. Тоа зрелите жени го прифаќаат, бидејќи и самите тие се многу зафатени и имаат исполнет живот. Доколку и двајцата наоѓате време еден за друг, тоа значи дека сѐ е во ред, врската постои. Но, доколку, само вие наоѓате време за него, а тој постојано е зафатен, тоа значи дека треба да си најдете друг партнер.

9. Не прават работи што не им се допаѓаат само за да му угодат на мажот

Доколку не сакате да пеглате и не си ја пеглате ниту сопствената облека, зошто да го правите тоа за вашиот партнер? Од љубов? Не, ова е веќе самопожртвуваност. Зрелите жени не прават ништо што не им се допаѓа. Ако тој навистина ве сака, нема да му биде тешко сам да се пегла.

10. Не се обидуваат да остават добар впечаток само за да им се допаднат на мажите

Зрелите жени знаат да бидат и некултурни, цинични и брутално искрени. Тие не се срамат да дискутираат за нивните проблеми и потешкотии. Тој што ќе покаже вистински интерес за нив, ќе може да погледне под грубата површина.

Зрелите жени се како бамбусова гранка: Цврсти и флексибилни. Тешко е да ги скршите, но можат да се превиткуваат на секаков можен начин. Тие можеби се малку поостри поради сите животни битки од кои излегле како победнички, но сѐ уште веруваат во љубовта. Нема никогаш повеќе да се жртвуваат за нечие добро и да изигруваат маченички. Љубовта е поврзана со создавањето, а не со уништувањето и жртвувањето. Не плашете се да создавате!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар