10 грешки со дивите животни кои може да ве чинат живот

10 грешки со дивите животни кои може да ве чинат живот

Кога сретнуваме диви животни во природа може да се исплашиме и да избегаме, или пак да се израдуваме како мали деца. Но и во двете ситуации не знаеме како правилно да реагираме. Погледнете неколку совети за тоа како да се однесувате кога ќе се соочите со некои диви животни, бидејќи животот може да ви зависи од тоа.

1. Ако сретнете лос во природа

(1)10-greshki-so-divite-zhivotni-koi-mozhe-da-ve-chinat-zhivot-kafepauza.mk

Лосот е едно од најголемите животни кои можете да ги сретнете во шума. Тие се многу срамежливи и бегаат брзо, но кога е есен можат да бидат и опасни. Во Сибир сметаат дека лосовите може да бидат поопасни и од мечка.

Што да не правите:
  • Немојте да им се приближувате на малите на лосот.
  • Немојте да правите нагли движења.
Што да правите
  • Избегајте ако слушнете рикање на лос. И тоа е доволно да ве исплаши.
  • Бавно тргнете му се од патот на лосот.
  • Сокријте се зад дрво, тие имаат лош вид.
  • Пуштете гласна музика бидејќи се плашат од гласна врева.
  • Ако по вас почне да трча лос, качете се на дрво.

2. Ако сретнете лос на автопат додека возите

(2)10-greshki-so-divite-zhivotni-koi-mozhe-da-ve-chinat-zhivot-kafepauza.mk

Што да не правите:
  • Немојте да свирите или да ги пуштате светилките на автомобилот бидејќи животното може да ве нападне.
  • Немојте да се обидувате го заобиколите лосот со автомобилот.
Што да правите:
  • Внимавајте кога возите во есен на места каде што има лосови.
  • Бавно застанете ако животното се појави на патот.
  • Во итен случај, возете бавно околу животното.
Ако го удрите животното со автомобилот:
  • Немојте да му се приближувате на животното, дури и ако изгледа мртво. Може да ве повреди.
  • Немојте да се обидувате да го земете со вас. Може да си заработите казна.
  • Најверојатно ќе треба да повикате сообраќајна контрола.

3. Ако сретнете еж

(3)10-greshki-so-divite-zhivotni-koi-mozhe-da-ve-chinat-zhivot-kafepauza.mk

Што да не правите:
  • Не давајте му млеко. Во реалноста ежовите имаат проблем со дигестијата на млеко.
  • Немојте да го допирате со голи раце, може да си пренесете некоја инфекција.
  • Немојте да го носите ежот дома ако не е повреден. Тие не се домашни миленици.
Што да правите:
  • Најдобро е да се тргнете од неговиот пат.
  • Повикајте служба за животни ако ежот е повреден. Во овој случај можете да го земете со вас и да го однесете на ветеринар.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар