10 грешки кои ве спречуваат да изгледате прекрасно

За постојано да изгледате прекрасно, потребно е повеќе напор, а само една грешка може да направи целиот ваш труд да изгледа залуден. Со цел да ги избегнете таквите секојдневни грешки, денес ви прикажуваме листа од нив. Погледнете за што станува збор и подгответе се за многуте восхитувачки погледи што ќе ги привлечете.

1. Подготовки во последна минута

10 грешки кои ве спречуваат да изгледате прекрасно

Чаша ладно кафе во една рака, четка за шминкање во друга и едно прашање во вашата глава: „Што да облечам денес?“ Сето ова заедно резултира со доцнење на работа. Ви звучи ли познато? Во таква ситуација не можете да постигнете совршен изглед. Сепак, лесно можете да го избегнете ова така што ќе ги направите потребните подготовки претходната вечер.

2. Не се облекувате согласно временските услови

10 грешки кои ве спречуваат да изгледате прекрасно

Најдобро е да бидете свесни за своето здравје и да научите како да се однесувате модерно, но топло. Погледнете во вашиот плакар и одделете ја облеката во две групи – топла облека и лесна облека. Сѐ она што не одговара на моменталните временски услови, треба да го отстраните од планирањето.

3. Се облекувате несоодветно за местата

10 грешки кои ве спречуваат да изгледате прекрасно

Високите потпетици за одење по калдрма или коктел фустан за во канцеларијата, нема да ви помогнат да го подобрите вашиот изглед. Цената и марката не се важни во овие случаи, туку како избор на облека секогаш треба да внимавате таа да биде соодветна за местото. Погрешниот тип облека ќе направи да се чувствувате непријатно, затоа, потрудете се однапред да го дознаете кодексот на облекување за настанот. Не дозволувајте желбата за носење некое парче облека да го надвладее вашиот здрав разум!

4. Облека која не ви одговара според големината и фигурата

10 грешки кои ве спречуваат да изгледате прекрасно

Речиси секој од вас има еден пар фармерки во плакарот за кои се надева дека еден ден ќе биде во можност да ги облече. Но, главна работа е да не се обидувате истите да ги носите пред време. Избегнете ги работите кои се премногу тесни, широки или целосно несоодветни за вашиот тип фигура.

5. Мали недостатоци

10 грешки кои ве спречуваат да изгледате прекрасно

Стуткана блуза, мала дупка, оштетено крзно или слично може да остават непријатен впечаток. Обидете се да ги отстраните уште пред некој да ве забележи, а уште подобро е да размислите однапред која облека се стуткува лесно, па да избегнувате да ја носите на одредени настани.

6. Недостаток на модни додатоци

10 грешки кои ве спречуваат да изгледате прекрасно

Можете да изгледате убаво и во едноставни фармерки и џемпер, а тоа зависи од модните додатоци. Но, нив треба да ги избирате правилно. Тоа може да биде само еден детаљ – марама, ремен или накит. Сепак, доколку се одлучите за накит, внимавајте да не претерате.

7. Неквалитетен материјал

10 грешки кои ве спречуваат да изгледате прекрасно

Синтетичките ткаенини може да бидат евтини, но тие едноставно не изгледаат убаво. Брзо стануваат истуткани, ја губат својата форма и лесно се валкаат. Затоа, фокусирајте се повеќе на памук, шифон, свила, волна и тексас. Парчињата облека направени од овие материјали се поскапи, но разликата не е многу голема, а ќе ви дадат и поголема удобност.

8. Комбинации на бои

10 грешки кои ве спречуваат да изгледате прекрасно

Избирањето бои на облека кои ќе ви одговараат е особено важно. Затоа морате да ги комбинирате и да ги усогласите со вашиот тен. Доколку немате време да ги проучувате боите, треба да запаметите дека при изборот на светли бои најдобро е да избирате длабоки, заситени бои, како што се црна, корали, црвена и смарагд. Исто така не треба да заборавите на универзалните пастелни бои, а секако и на популарните класични: црна и бела.

9. Чудни дезени

10 грешки кои ве спречуваат да изгледате прекрасно

Треба да бидете особено внимателни и со изборот на дезените на облеката. Познатиот леопард дезен во една ситуација може да направи да изгледате убаво, додека пак во друга сосема невкусно. Ако не сте сигурни како би требало да ја носите оваа облека, тогаш подобро е да изберете нешто во што се чувствувате повеќе удобно и што ви е веќе испробано, како што се карираните модели, ленти, точки, геометриски дезен и слично.

10. Погрешен избор на долна облека

10 грешки кои ве спречуваат да изгледате прекрасно

Може да си мислите дека тоа не е важно и дека никој нема да ви ја види долната облека, но чувството кое ви го предизвикува таа може значително да влијае на вашето расположение, а и однесување. Секоја внатрешна непријатност влијае на вашиот надворешен изглед. Па, добриот избор на долна облека веќе ве носи на половина пат кон совршенството, затоа, избирајте ја мудро.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар