10 фрази кои кажуваат повеќе од обичното „Те сакам“

Овие магични зборови станаа многу чести, бидејќи љубовта е многу повеќе од едно „Те сакам“. Таа е чувство, емоција и постоење на нашето битие. Искажувањето на љубовта отсекогаш ги инспирирало поетите, музичарите, уметниците… Но не мора да бидете поет или музичар за да ги искажете вашите чувства. Овие 10 фрази се користат секојдневно и подлабоко ги искажуваат чувствата отколку обичното „Те сакам“.

10-frazi-koi-kazhuvaat-povekje-od-obichnoto-te-sakam-kafepauza.mk

1. „Јас сум најсреќната личност бидејќи те имам тебе“

Ја пронајдовте вашата сродна душа. Што друго сакате во вашиот живот? Па подобро да ѝ кажете како се чувствувате. Кога на вашиот партнер ќе му дадете до знаење дека тој е чудото во вашиот живот, тој ќе се чувствува навистина посебно.

2. „Прекрасен си онаков каков што си“

Кога ќе му кажете на партнерот дека е прекрасен кога е свој, ќе му покажете дека не сакате да се менува. Ова е многу важно бидејќи кога се во врска, партнерите кои сакаат да се променат едни со други само си наштетуваат.

3. „Никогаш нема да те напуштам“

Потребно е многу труд и прилагодување за целиот живот да го посветите некому. Соберете храброст и кажете му го ова на партнерот ако навистина го сакате. Ова ќе ги отстрани сите несигурности кај него и ќе се чувствува убаво што е со вас.

4. „Извини“

Во љубовта не треба да има его. Всушност, извинувањето го подобрува квалитетот на врската и ја прави посилна. Па, ако сте згрешиле признајте си ја грешката и извинете се.

5. „Ти простувам“

Човечки е да се греши. Можеби вашиот партнер направил некаква грешка, но кога ќе му простите ќе сфати колку ви значи и ќе се чувствува поудобно со вас.

6. „Верувам во тебе“

Довербата е едно од најважните нешта во врската. Кога ќе му кажете, но и покажете на партнерот дека навистина верувате во него, и не само во неговите зборови, туку и во неговите соништа, ќе ја зголемите неговата самодоверба. Тој ќе знае дека секогаш може да се потпре на вас.

7. „Нема никој како тебе“

Направете вашиот партнер да се чувства навистина посебно. Овие зборови ќе му покажат колку ви значи и колку многу го сакате.

8. „Не можам да живеам без тебе“

Во животот треба да заборавиме многу нешта. Сите знаеме дека постојат луѓе без кои нашиот живот не би бил ист. Направете го партнерот да се чувствува како вистинскиот и покажете му дека навистина го чувствувате неговото отсуство.

9. „Ќе го направиме тоа заедно“

Секогаш користете „ние“ кога треба да се направи нешто, па дури и ако не сте дел од тоа. На овој начин вие кажувате дека сте едно и дека сте подготвени да му помогнете на вашиот партнер.

10. „Не грижи се, ја имаш мојата поддршка“

Без разлика што ќе се случи, кажете му на партнерот дека го поддржувате и дека заедно можете да решите сè. Бидете неговата удобна зона и тој ќе знае колку навистина го сакате.

Погледнете и кои се знаците за вистинска љубов.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар