10 едноставни тајни што ќе ви ја спасат облеката

Интернетот е полн со трикови за сите можни ситуации. Но, дали навистина функционираат советите што можете да ги најдете онлајн? Ние ви ги откриваме тајните што навистина можат да ви ги спасат омилените парчиња облека…

1. Употребете вата и оцет за да го отстраните мастилото од вашата чанта

10 едноставни тајни што ќе ви ја спасат облеката

Освен што овој трик навистина има ефект, вака ќе можете да го проверите и квалитетот на чантата. Доколку таа е оригинал, бојата нема да остане на ватата.

2. Испеглајте ја изгужваната облека со пегла за коса

10 едноставни тајни што ќе ви ја спасат облеката

На овој начин многу брзо ќе можете да ја испеглате облеката. Но, оваа техника има ефект само кај полесните парчиња облека како што се кошули и маички. Подебелите алишта нема да се испеглаат.

3. Хигиенските влошки ќе ви помогнат да ги исушите чевлите и да ја отстраните непријатната миризба

10 едноставни тајни што ќе ви ја спасат облеката

Ако немате фен при рака, ова е одличен начин да се ослободите од влажноста на вашите обувки. Тие ќе бидат суви за 2 часа!

4. Ако ставите восок на вашите патики и ги исушите со фен, тие ќе станат водоотпорни

10 едноставни тајни што ќе ви ја спасат облеката

Овој трик со сигурност покажува резултати. Восокот е невидлив и е одличен заштитник од вода. Оваа тајна може да ви биде многу корисна ако одите на планинарење или излегувате на дожд.

5. Можете да ги отстраните гребаниците од чевлите со петролејски гел

10 едноставни тајни што ќе ви ја спасат облеката

Малите гребаници ќе станат помалку видливи, но нема да можете да ги отстраните поголемите.

Продолжете на следната страница за останатите трикови…

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар