10 едноставни совети да останете вечно млади!

10 едноставни совети да останете вечно млади!

Понекогаш сѐ што е потребно за да ја задржиме младоста во нашиот изглед, како внатрешно, така и надворешно, е да го смениме начинот на размислување. Следниве совети ќе ви помогнат токму во тоа. Почнете да ги применувате што побрзо и придобивките што ќе ги забележите ќе бидат необјасниви и неверојатни!

10 едноставни совети да останете вечно млади!

1. Отфрлете ги сите неважни броеви, вклучувајќи ги и годините, тежината и висината. Среќата доаѓа однатре, броевите постојат само во вашите глави.

2. Задржете ги само веселите и позитивните пријатели. Оние што се мрзливи и негативни ќе ве влечат надолу (имајте го ова на ум, освен ако вие не спаѓате во втората категорија).

3. Продолжете со учење, дознајте ги сите оние нешта што ве интересираат. Никогаш не дозволувајте вашиот мозок да биде без работа.

4. Уживајте во сегашниот момент и во едноставните нешта. Не го комплицирајте животот без потреба!

5. Смејте се често, долго и гласно. Смејте се додека не останете без здив, а ако имате личност во вашиот живот што во секој момент знае да ве насмее – поминувајте што повеќе време заедно.

6. Одвреме-навреме убаво е да се исплачете. Солзите ќе ги исфрлат сите моментални тежини од вас и на момент ќе направат да се почувствувате подобро.

7. Опколете се со нештата што ги сакате. Од блиските личности и домашните миленици, до духовноста, книгите, природата, хобијата…

8. Грижете се за своето здравје. Ако имате каков било проблем, навреме решете го, а ако е нешто што не можете самите да го подобрите, побарајте помош и останете позитивни.

9. Не се препуштајте на вината и на жалењето. Посетете го најблискиот парк, патувајте до друг град или во друга земја – опуштете го умот и заборавете на вината, жалбите и самосожалувањето.

10. Кажувајте им на луѓето што ги сакате колку ги сакате. Што почесто и што поискрено можете.

Психолозите ги одредуваат 3-те елементи кои ја детерминираат нашата среќа!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар