10 едноставни навики на девојките со прекрасна коса

Што е потребно за да имате добра и квалитетна коса? Со толку многу производи кои тврдат дека ја омекнуваат, исправуваат и навлажнуваат косата, навистина имаме голем избор. Но, што доколку имате коса која е тенка, сува и за која не можете да најдете решение? Погледнете ги навиките на девојките со прекрасна и здрава коса и почнете да ги применувате уште денес!

1. Користете заштита од топлина

(1)10-naviki-na-lugjeto-koi-imaat-prekrasna-kosa-kafepauza.mk

Денес да имате пегла и фигаро за коса е исто како да имате четка за заби – тие се неопходни алати за разубавување. Дури и ако ги користете многу ретко, сепак треба да ја заштитите вашата коса. Заштитата од топлина ја намалува штетата што настанува од третирање на косата со топлина. Денес овие заштити се наоѓаат во многу форми: од спреови и масла, до серуми и креми. Трикот е да го пронајдете оној што ќе ја заштитува вашата коса од топлина до 200 степени.

2. Хранете се здраво

(2)10-naviki-na-lugjeto-koi-imaat-prekrasna-kosa-kafepauza.mk

Сигурно веќе знаете колку е важно да јадете здраво, но можеби не знаевте колку предности има ова за вашата коса. Луѓето со прекрасна коса имаат тајна кога станува збор за исхраната: Јадење протеини и храна полна со хранливи материи. Исхрана на која ѝ недостасуваат протеини води до суви и оштетени влакна. За да го спречите ова, јадете повеќе јајца, лосос, месо, јаткасти плодови и јогурт. И не ја заборавајте водата, бидејќи таа е клучна за отстранување на отровите од вашето тело.

3. Земајте додатоци во исхраната

Variety of nutritional supplements.

Додатоците со витамини и минерали помагаат повеќе отколку што мислите. Не само што се добри за вашите органи, тие исто така го подобруваат и здравјето на вашата кожа, коса и нокти. Земањето додатоци во исхраната како витамин Ц, витамин Б3 и витамин А помага во растењето на косата и одржување на здравје на скалпот. Пред да се упатите во аптеката добро е да се консултирате со вашиот доктор кој дополнително ќе ве насочи.

4. Често мијте ја косата

(4)10-naviki-na-lugjeto-koi-imaat-prekrasna-kosa-kafepauza.mk

Немојте да се лажете со советот дека пореткото миење на косата е подобро. Додека пречестото миење, како повеќе пати дневно може да ја исуши, сепак три дена без миење треба да биде вашиот лимит. Ако поминало долго време од последното миење, поминете ја со шампон два пати. Првиот пат ќе ги измиете сите препарати од вашата коса, а вториот ќе ги отстраните другите нечистотии. Исто така добро плакнете ја косата за да не остане шампон или некаков продукт на неа.

5. Инвестирајте во квалитетен шампон

(5)10-naviki-na-lugjeto-koi-imaat-prekrasna-kosa-kafepauza.mk

Можеби сакате да заштедите со купување евтини препарати за миење на косата. Но шампонот е оној кој ја врши целата „валкана работа“. Ги отвора вашите пори, го чисти скалпот и ги отстранува сите маснотии и нечистотии. Од друга страна, регенераторите се речиси сите исти, па можете слободно да одберете и некој поевтин.

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент на Машински кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар