10 едноставни и одлични саботни фризури кои можете да ги пробате за вечерашното излегување

Доколку планирате вечерва да излезете, тогаш погледнете ги наредниве 10 едноставни фризури кои ќе ви помогнат да се издвоите од останатите и да привлечете многу погледи кон себе…

1. Коњско опавче со топчиња

(1) 10 едноставни и одлични саботни фризури кои можете да ги пробате за вечерашното излегување

Наместо обичното коњско опавче, додадете повеќе ластичиња кои ќе ви ја подигнат косата и ќе направат таа да изгледа како да е во топчиња. Оваа лесна фризура е идеална за концерт, летни настани, па дури и за вечерно излегување со вашите пријателки.

2. Висока пунџа со шишки

(2) 10 едноставни и одлични саботни фризури кои можете да ги пробате за вечерашното излегување

Доколку сакате да оставите силен, но истовремено и женствен впечаток, тогаш оваа фризура е најдобар избор за вас. Но, не заборавајте да ја зацврстите со многу лак за коса доколку решите да одите на танцување.

3. Странични локни

(3) 10 едноставни и одлични саботни фризури кои можете да ги пробате за вечерашното излегување

Суптилните бранови во комбинација со голем волумен е гламурозна фризура која има моќ да го привлече вниманието на секоја личност околу вас.

4. Половина горе, половина доле

(4) 10 едноставни и одлични саботни фризури кои можете да ги пробате за вечерашното излегување

Поради својата форма, оваа фризура е одлична и за дневна и за вечерна прошетка. Таа исто така е соодветна и за венчавка на плажа. За да ја направите оваа фризура, сè што ви треба се мали црни шнолички со кои дискретно ќе го зацврстите горниот дел од косата.

5. Растурено странично опавче

(5) 10 едноставни и одлични саботни фризури кои можете да ги пробате за вечерашното излегување

Оваа фризура можете да ја носите буквално секаде. Бушавиот изглед на косата одлично го урамува и исцртува вашето лице, правејќи ве многу секси во очите на мажите.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар