10 докази дека модата потекнува од 60-тите

Периодот на 60-тите години од 20 век е познат по многу револуционерни настани кои го промениле светот на секое поле. Модата, како пропратен дел од секојдневието, воопшто не изостанала од тие случувања. Напротив, модните дизајнери во овој период креирале модни парчиња кои се претворија во безвременски модни трендови. Познатите „ѕвонарки“, дезените со леопард, женските одела се само дел од многуте креации кои сè уште инспирираат врвни модни дизајнери. Погледнете ги 10-те модни трендови кои се толку популарни што се присутни и ден денес.

10 докази дека модата потекнува од 60-тите

Мини здолниште

Мини здолништата за првпат им биле претставени на Французите во 1964 година, но биле отфрлени како чудно и необично парче облека. За разлика од нив, Британците биле тие кои храбро го прифатиле овој моден додаток. Британската дизајнерка Мери Квант, нарекувајќи ја по својот омилен автомобил „мини“, е одговорна за овој моден тренд да стане толку популарен и познат.

10 докази дека модата потекнува од 60-тите

Леопард дезен

Овој моден тренд се поврзува со модната икона и првата дама на САД од 60-тите, Жаклин Кенеди Оназис. Со своите инвентивни идеи, поддржани од личниот дизајнер,секогаш изгледала модерно, уникатно и пред своето време. Доколку сакате да изгледате прекрасно и истовремено жестоко, одберете парче облека со дезен на леопард.

10 докази дека модата потекнува од 60-тите

Ѕвонарки

Панталоните со широки ногавици се инспирирани од времето на хипи движењето. Комотни и лежерни, ѕвонарките совршено им прилегале на хипи девојките, кои во овој период сè почесто носеле панталони. Овој моден тренд сè повеќе се навраќа на модните писти и е главна инспирација за многу дизајнери.

10 докази дека модата потекнува од 60-тите

Високите тесни чизми

Овие чизми биле измислени на почетокот на 20 век, пред сè од практични причини. Но, својата популарност во модата ја добиваат во 60-тите, дизајнирани од страна на Бет Левин. Ги носела Ненси Синатра на снимањето на песната „These Boots Are Made For Walkin’“, со што ја зголемила нивната побарувачка на модниот пазар.

10 докази дека модата потекнува од 60-тите

„Кралскиот“ фустан

Фустанот кој се стеснува над половината е креација на Британката Ема, позната како дамата Хамилтон, која живеела за време на владеењето на Наполеон. Периодот на 60-тите години од 20 век биле вистинскиот момент овој дизајн на фустан да ја доживее својата слава и да стане безвременски моден тренд.

10 докази дека модата потекнува од 60-тите

Краткиот широк фустан

Овој интересен фустан во форма на трапез е инспириран од забрзаниот напредок во полето на вселената во 60-тите години, како и од идеите за облека кои би се носеле во иднината. Доколку сакате да изгледате модерно и опуштено, изберете го овој моден тренд.

10 докази дека модата потекнува од 60-тите

„Смокинг“ палто за жени

Познатиот дизајнер Ив Сент Лорен направил револуционерен чекор дизајнирајќи палто за жени, кое се носело исклучиво само од мажите. Ова палто креирано во 1966 година, поставува нови стандарди во модата, каде жените може да се чувствуваат секси и женствено носејќи машки парчиња облека.

10 докази дека модата потекнува од 60-тите

Женско одело

Заедно со „смокинг“ палтото за жени, Ив Сент Лорен во 1966 година ги лансира класичните панталони, кои во тој период исклучиво биле наменети само за мажите. На тој начин било создадено женското одело, кое низ годините предизвикувало различни мислења за тоа колку е пригодно жените да носат „машка“ облека. Благодарение на 60-тите, денес жените може слободно да носат одело и да се чувствуваат женствено како никогаш порано.

10 докази дека модата потекнува од 60-тите

Војнички стил

Војничкиот стил на облека исто така е креативно решение на 60-тите. Најголемо влијание за формирањето на овој моден тренд имале хипстерите, кои купувале веќе носена облека од продавници специјализирани за таа намена. Помеѓу различните носени парчиња, откриле и стари војнички палта. Преку овој стил тие го искажувале својот револт кон владејачките структури. Пејачот на групата „Ролинг Стоунс“, Мик Џегер, е познат по тоа што носи облека токму во овој моден тренд.

10 докази дека модата потекнува од 60-тите

Дезенирани хулахопки

По пронајдокот на мини здолништето, девојките морале со нешто да ги покријат своите нозе. Така бил измислен овој моден додаток, кој стилски се вклопува со малото здолниште. Тие се толку популарни, што секоја девојка мора да има во својот плакар барем еден пар дезенирани хулахопки.

10 докази дека модата потекнува од 60-тите


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар