10 чекори до незаборавна женска забава

10 чекори до незаборавна женска забава

Девојки, она што не смеете да го заборавите е тоа дека секогаш имате добра причина за славење. Дали овој викенд сте сами, или имате слободен простор за забава? Искористете го тоа за да подготвите собир кој вашите пријателки никогаш нема да го заборават. Направете спој од најблиските пријателки, колешки од работа или факултет, познајнички од најразлични курсеви или часови по фитнес. Повикајте ги вашите пријателки од различни генерации, и следете го рецептот за добра забава.

10 чекори до незаборавна женска забава

1. Креирајте листа на гости – внимавајте кого ќе поканите! Дали сите од листата на поканети се сложуваат добро меѓу себе? Сигурно не сакате никакви кавги и испади на вашата забава. Внимавајте и на нивните навики и особини, лесно можат да се најдат личности кои и покрај тоа што не се познаваат и никогаш не си замериле за ништо, не би издржале во иста просторија ни половина час.

2. Испратете покани – интересни покани, може и рачно изработени кои се најава за добра забава. Пријателките сигурно ќе ги зачуваат поканите, па така дури и да немаат слики од вашата забава ќе имаат добри спомени. Одберете интересен текст за поканите кој ќе ја истакне вашата смисла за хумор и ќе донесе насмевки на нивните лица.

3. Подгответе плејлиста – вие ги знаете вашите пријателки и знаете каква музика би им се допаднала. Подгответе плејлиста каде ќе има за секого по нешто и која ќе биде соодветна за забавата.

10 чекори до незаборавна женска забава

4. Коктели за добро расположение – одберете ги најдобрите женски коктели, снабдете се со потребните состојки и подгответе ги за вашите гости. Доколку не сакате нешто алкохолно, направете вкусни милкшејкови.

5. Пријатна атмосфера – свеќи, балони, украси, развијте ја имагинацијата, претворете ја просторијата во вистинско место за забава. Дури и да не планирате некоја луда и гласна забава, подгответе атмосфера која ќе е пријатна и удобна. Уште подобро доколку организирате забава со одредена тема, како на пример коктел забава.

6. Закуска – пица, палачинки, грицки, сето тоа ќе ја „зачини“ вашата забава, и ќе ја направи целосна. Подгответе ги сами или порачајте, сеедно, на вашите пријателки ќе им се допадне.

10 чекори до незаборавна женска забава

7. Мини караоке забава – подгответе караоке забава каде секоја од вас ќе ја истакне својата способност за изведба, така забавата ќе ја однесете на повисоко ниво.

8. Друштвени игри – избегнете досада, направете квизови, играјте карти, испробајте ги сите друштвени игри кои ги знаете, како пантомима, погодување селебрити имиња, вистина или предизвик и сл. Кога ќе ви здодеат сите овие игри, секогаш можете да испробувате најразлични мејкап изгледи.

10 чекори до незаборавна женска забава

9. Домашно кино – Земете неколку филмови и гласајте кој филм ќе се гледа на крајот од вечерта, кога атмосферата ќе може да се сталожи. Се разбира, добриот филм е секогаш придружен со многу пуканки.

10. Женски разговори – каква би била женската вечер без овие познати разговори, сочни гласини, најнови случувања, модни комбинации, и секако, момчиња. Забавувајте се, разменете мислења, искуства, совети. Така вашиот, но и нивниот круг на блиски пријателки ќе се зголеми.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар